Рош ашана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рош Хашана)
Прејди на: содржини, барај
Рош ашана
Рош ашана
Шофар — симбол на празникот Рош ашана
Офиц. назив хебрејски: ראש השנה
Наречен и Еврејска Нова Година
Го слави јудаизмот и Евреите
Вид еврејски
Почнува почеток на првиот ден во тишри
Завршува крај на вториот ден во тишри
Во 2014 зајдисонце, 24 септември –
квечерина, 26 септември
Во 2015 зајдисонце, 13 септември –
квечерина, 15 септември
Обичаи молење во синагога, размислување и слушање на шофар.

Рош ашана[1] или Рош хашана (хебрејски: ראש השנה рош ха-шана) — значаен еврејски празник кој ја означува новата година, а има буквално значење „почеток на годината“.

Во јудаизмот има четири чествувања на „новата година„ и секое од нив обележува различна „година“ од правна гледна точка. Како што во грегоријанскот календар, 1 јануари ја обележува "Нова година", во исто време има и други датуми кои го обележуваат почетокот на фискалната, учебната или другата "нова година".

Рош ашанаја обележува новата година за луѓето, животните и правните договори. Во Мишна овој ден е наречен и како денот, од кого започнуваат да се бројат календарските години, како и шмита (седмата година, време во кое е забрането да се обработува земјата) и годината јобел (годината после шмита).

Овој празник во традиционалниот јудаизам се слави на први и втори тишри (септември - октомври). Во Библијата овој ден е означен како ден на собирање и дување во труби (Лев 23,24), а славењето на овој празник како почеток на новата година има свое потекло во Талмудот бидејќи таму овој ден се сметал за празник на раѓањето на светот. За разлика од обичаите на другите народи, кај Евреите овој празник се слави сериозно, со присетување на гревовите и покајание. Се дува во рог од овен наречен „шофар“, чии звуци, кои потсетуваат на плач, треба да повикаат на покајание.

Традиционалниот јудаизам знае за обичај според кој во текот на првото попладне од овој празник се оди на некоја река каде што има риби. Се кажуваат молитви, а во вода се фрлаат трошки леб што го симболизира отфрлањето на гревот. Со овој празник започнува периодот кој се нарекува „десет дена каење“ и се завршува со празникот Јом кипур.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Данон, Цадик (2008). „Основни поими на јудаизмот“. прев. Марија Алексиќ (II издание). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7. 

Надворешни врски[уреди]