Роскиља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пржени роскиљи од Астурија

Роскиља е вид на слатко тесто кое се произведува пржено или печено, карактеристично за Шпанија. Се конзумираат особено за празникот на Свети Исидор, патрон светец на Мадрид (се празнува на 15 мај). Рецептот за изработка на роскиљата датира од времето на Римското Царство, и постои континуитет на изработка на ова тесто на Пиринејскиот Полуостров од тоа време. Во делови од Кантабрија (покраина на север од Шпанија), се конзервираат зимно време на традиционален начин во посебни садови кои се закопуваат во снегот на Кантабриските Планини. Во Галисија првенствено се прават за религиозни празници, а особено се познати оние од областа Пуентеареас. Помеѓу различните варијанти кои варираат од регион до регион се наоѓаат и тие кои се прават со анис (основен тип), глазирани во шеќер во различни бои (најчесто жолти, црвени и кафени), залиени со белка од јајце (таканаречени „роскиљи на Санта Клара“), како и тие без шуплина на средината (популарно познати како „слепи“).

Постои голема сличност, но и битни разлики помеѓу шпанската роскиља и македонската крофна.