Романска делегација во посета на Ресен

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Романска делегација во посета на Ресен“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење4 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ПретходенРоманска делегација во посета на Гопеш

Романска делегација во посета на Ресен е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 4 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија е и најдолг и го следи патот на делегацијата кон Ресен, како и нејзиното пристигнување и престој во овој град. Самиот филм може да се подели на два мини-дела:

  • Во првиот со камерата се следи колоната кочии на патот кон Ресен. Колоната е доста долга, придружувана од турска војска.
  • Во вториот дел, камерата го следи пристигнувањето на делегацијата во Ресен, нејзиниот пречек од страна на Нијази-бег, еден од водачите на Младотурската револуција, како и нејзиниот престој во овој град.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]