Романескна архитектура

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Романескната архитектура е архитектонски стил кој се развил во средновековна Европа и се карактеризира со својот масовен квалитет, дебели ѕидови, кружни куполи, сводови и високи кули. Стилот се појавил на почетокот на 12 век, а се развил истовремено со готскиот стил, кој пак се карактеризира со шилести куполи. И покрај тоа што не постои официјален период за започнувањето на овој стил, може да се каже дека се појавил, дури во периодот од 6. до 10 век.

Во романескната архитектура, секоја градба има своја определена симетрична форма. Во текот на периодот на развој на стилот биле изградени многу палати, цркви и други објекти.

Развој[уреди]

Развојот на романескната архитектура бил засилен со завршувањето на христијанизацијата во Европа, по што на верниците им требало простор во кој би можеле да се состануваат за да вршат литургиски обреди и проповеди.

Карактеристики[уреди]

Овој архитектонски стил се карактеризира со статичка форма на градбите, црвстина и силина. Се граделе два вида на градби: базилики и ротонди. И двата облика потекнуваат одкорене античката архитектура.

Базилика[уреди]

Базиликата Сен Реми во Ремс
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Базилика.

Базиликата била во правоаголен облик и била поделена на повеќе бродови, од кои централниот бил највисок и најширок. На источната страна се наоѓала полукрижна апсида, во чијашто средина се наоѓал олтарот, од кој се служел обредот. Внатрешноста била осветлена од светлината која продирала низ прозорците на горниот дел од ѕидот. Таквото осветлување било наречено „базиликално осветлување“.

Составен дел од градбите биле и кулите, кои биле градени во западниот дел од градбата.

Ротонда[уреди]

Ротонда од црквата Света Катерина во Знојмо
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ротонда.

Ротондата, исто така била едноставна градба со кружен облик, чиј кров бил во облик на конус. Карактеристична е за средновековната уметност, додека во римската архитектура се употребувала како надгробен споменик.

Христијаните граделе ротонди на местата на кои се потсеќале на главните настани од животите на светците и нивната маченичка смрт.

Имало ротонди со една, но и со повеќе апсиди.

Цркви и замоци[уреди]

Карактеристични романескни градби биле бендиктинските манастири, во чии рамки неодвоен дел била базиликата.

Во склад со романескната архитектура, биле градени и световни објекти, како што се замоците. Замокот содржел одбранбен систем, односно ѕидини кои служеле за одбрана од непријателот, а секој замок содржел и палата.

Салцбуршкиот замок

При изградбата на романескните цркви и замоци се употребувало камен, но во некои подрачја и дрво. Тешките камења биле малтерисувани, со што градбата како целина била многу тешка. Меѓу најзначајните романескни елементи спаѓаат полукружниот лак, кој бил дел од прозорците, кои пак понекогаш биле вградувани еден врз друг и порталите во изградбата на куполите. Биле употребувани полукружни и вкрстени сводови кои се потпирале на два лака. Столбовите биле украсени со капитоли. Тешките ѕидови не овозможувале поголеми отвори.

Внатрешноста на црквата била малтерисана и украсена со скулптури и сликарски дела по ѕидовите со мотиви од религиозен карактер од Библијата и животот на светците, кои на тој начинбиле приближувани до верниците, кои не знаеле да читаат.

Внатрешноста на замоците била едноставна и по правило била опремена со голем ковчег, кој бил украсен и служел за седење, а во употреба биле и едноставните елементи како кревет, маса и столица. Замоците биле осветлувани со свеќи, а главен извор на топлина биле камините со отворен оган.

Поврзано[уреди]

Корисна литература[уреди]

  • V.I. Atroshenko and Judith Collins, The Origins of the Romanesque, Lund Humphries, London, 1985, ISBN 085331487X
  • Rolf Toman, Romanesque, Könemann, (1997), ISBN 3-89508-447-6
  • Banister Fletcher, A History of Architecture on the Comparative method (2001). Elsevier Science & Technology. ISBN 0-7506-2267-9.
  • Helen Gardner; Fred S. Kleiner, Christin J. Mamiya, Gardner's Art through the Ages. Thomson Wadsworth, (2004) ISBN 0-15-505090-7.
  • George Holmes, editor, The Oxford Illustrated History of Medieval Europe, Oxford University Press, (1992) ISBN 0-19-820073-0
  • René Huyghe, Larousse Encyclopedia of Byzantine and Medieval Art, Paul Hamlyn, (1958)
  • François Ischer, Building the Great Cathedrals. Harry N. Abrams, (1998). ISBN 0-8109-4017-5.
  • Nikolaus Pevsner, An Outline of European Architecture. Pelican Books (1964)
  • John Beckwith, Early Medieval Art, Thames and Hudson, (1964)
  • Peter Kidson, The Medieval World, Paul Hamlyn, (1967)
  • T. Francis Bumpus,, The Cathedrals and Churches of Belgium, T. Werner Laurie. (1928)
  • Alec Clifton-Taylor, The Cathedrals of England, Thames and Hudson (1967)
  • John Harvey, English Cathedrals, Batsford (1961).