Ровец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ровец
Ровец
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Правокрилци
Фамилија: Ровци
Род: Ровец
Вид: Ровец
Биномен назив
Gryllotalpa gryllotalpa
(Linnaeus, 1758)

Ровец или коњоштип (науч. Gryllotalpa gryllotalpa) е правокрилен инсект од фамилијата Ровци (Gryllotalpidae). Важи за значаен штетник во градинарството. Живее во бавчи и тревници и копа ходници во земјата со силните предни нозе. Се храни со штурци, ларви и корења. Во шуплините под земја женката полага 200–300 јајца; по три недели се развиваат ларви кои презимуваат под земја. Распространет е во средна Европа, но го има и во Македонија[1].

Наводи[уреди]

  1. „Ровец“, „Македонска енциклопедија“. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1279.