Робин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Робин Миријам Карисон, позната како Robyn (родена на 12 јуни 1979) е Шведска поп пејачка, текстописец и е многу позната во нејзината татковина. Робин беше активна во доцните 90ти со нејзините поп-денс хитови "Show Me Love" и "Do You Know (What it Takes)". Во скоро време таа почна да добива успех на светски план должејќи и на нејзината број 1 хит песна "With Every Heartbeat" и со пуштањето на новиот албум.

Кариера[уреди]

1991-1993: Откривање[уреди]

Робин беше откриена од Шведската поп пејачка Meja во раните 90ти. Меја и нејзиниот бенд Legacy of Sound го посетија училиштето на Робин каде ја слушнале како ја изведува песната "All About The Money" при што Меја контактирала со својот менаџер и закажала состанок со Робин и нејзините родители. По завршувањето на средното образование Робин се потпиша договор со Ricochet Records Sweden. Со помош на продуцентите Макс Мартин and Дениз Поп успеа да стекне светска кариера. Тие и помогнаа да го објави албумот "Don't Stop The Music" во 2003 година.

1994-1997: Robyn Is Here[уреди]

Робин ја започна својата кариера во поп музиката на возраст од 16. Потпиша договор со RCA Records во 1994 и го пуштија во етер нејзиниот деби сингл "You've Got That Somethin'" во Шведска. Подоцна во истата година Робин го претстави својот втор сингл "Do You Really Want Me (Show Respect)". Овие два сингла станаа дел од албумот Robyn Is Here. Робин влезе во изборот за Песна на Евровизија во 1997 како текстописец и продуцент на песната "Du gör mig hel igen" која ја изведе Кајсалиса Ејемир. Оваа песна заврши на четвртото место.

Експанзијата на Робин во Америка се случи во 1997 кога беа пуштени сингловите "Show Me Love" и "Do You Know (What it Takes)". Овие синглови завршија во Топ 10 листата на Billboard Hot 100.

Како што популарноста на Робин растеше низ светот, посебно во Америка. На Робин и беше дијагностицирана исцрпеност и брзо се врати во Шведска на рехабилитација.


2005-2006: Konichiwa Records и Robyn[уреди]

Перформанс на Робин во Карлскрона, Шведска во 2005.

Во 2005 Робин создаде своја сопствена издавачка куќа Konichiwa Records. Нетипично за еден музичар, Робин објави на нејзината веб страна дека нејзиниот нов албум ќе биде објавен порано од очекуваното и објави некои нејзини соработници во албумот.

Робин го пушти нејзиниот нов сингл "Be Mine!" во март 2005, и месец подоцна нејзиниот четврт албум Robyn. Овој албум стана нејзиниот најпродаван албум по неговото објавување во Шведска. Содржи елементи од рапот, електронската музика и R&B. Таа ја доби својата Шведска Греми награда во 2006 за најдобар албум и за најдобра поп-пејачка.


2006-2008: Интернационален Камбек[уреди]

Во март 2007, Робин ја објави својата композиција "Konichiwa Bitches". Синглот "With Every Heartbeat" доби големо внимание во Австралија. Често се врти на радио станиците како што е Нова а клипот е популарен на Channel V. Нејзиниот албум стигна до првите 10 во Австралиската iTunes топ-листа.


Konichiwa Records склучија меѓународен договор со Universal Music Group за да ја претстават музиката на Робин низ целиот свет.


Личен живот[уреди]

Родителите на Робин се актери, па дури и самата беше инволвирана во глумата на возраст од 9 години играјќи ја главната улога во Kronbruden во Шведскиот театарa Dramaten. Таа беше откриена од Шведската поп пејачка Меја додека пеела за нејзините родители. [се бара извор]


Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Robyn discography.

Албуми[уреди]

Топ 10 хитови[уреди]

На табелава се наоѓаат сингловите на Робин кои беа пуштени во Шведска, Англија, САД, Австралија, Холандија и Норвешка.

Година Сингл Места на топ листите
SWE UK U.S. AUS NL NOR
1995 "Do You Really Want Me (Show Respect)" 2 20 28 13 7
1996 "Do You Know (What It Takes)" 10 26 7 4 82
1998 "Show Me Love" 1 8 7 1 20
1999 "Electric" 6
2002 "Keep This Fire Burning" 3 52 19
"Don't Stop The Music" 7 85 19
2005 "Be Mine!" 3 10 13
2007 "With Every Heartbeat" (with Kleerup) 18 1 69 7

Наводи[уреди]

http://music.yahoo.com/ar-270640---Robyn
http://web.archive.org/20070724132847/www.pitchforkmedia.com/article/news/47274-robyn-invites-us-to-be-mine-on-latest-single-dates
http://www.mtv.com/music/artist/robyn/artist.jhtml

Надворешни врски[уреди]