Роберт I (Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Роберт I од Франција
Крал на Западна Франкија
Robert I de France.jpg
Крал на Франките (more...)
На престол 29 јуни 922 – 15 јуни 923
france 29 јуни 922, Ремс
Претходник Карло Едноставниот
Наследник Рудолф од Франција
Деца
Ема од Франција
Илдебранда од Франција
Иго Велики
Ришилда од Франција
Династија Робертини
Татко Роберт Силниот
Мајка Аделаида од Тур
Роден(а) 15 август 866(866-08-15)
Починал(а) 15 јуни 923(923-06-15) (на 56 год.)
Соасон, France

Роберт I од Франција (15 август 86615 јуни 923)[1]) бил крал на Западна Франкија (922–923), бил помладиот син на Роберт Силниот, грофот од Анжу, и брат на Одо, кој станал крал на Западните Франки во 888. Западна Франкија со време се развила во Франција; за време на владеењето на Одо, престолнината била утврдена во Париз. Неговото семејство било познато како Робертини.

Биографија[уреди]

Учествувал во Опсадата на Париз во 885. Откако неговиот брат Одо во 888 станал крал, го назначил на чело на повеќе грофовии, вклучително и Грофовијата на Париз. Роберт исто така бил и опат- покровител (in commendam) на повеќе опатии. Тој не ја побарал круната на Франција кога умрел неговиот брат во 898, туку го признал каролиншкиот крал, Карло Простиот, кој го назначил за Војвода на Франките[2],[3]. Сепак, оваа титула "војвода на Франките" не е докрај потврдена.[4]). Роберт продолжил да ја брани Северна Франција од нападите на Норманите.

Мирот меѓу кралот Карло и Роберт траел до 921. Свештенството и благородниците му се налутиле на кралот Карло кој го фаворизирал грофот Аганон иако може да станува збор за некаков политички изговор[5]).

Со помош на најмоќните благородници, Роберт го нападнал кралот Карло кој побегнал во Лорена. Робер бил крунисан за крал на Франките во Ремс од страна на архиепископот од Санс, Готје, во недела 30 јуни 922. Карло собрал војска и тргнал против Роберт на 15 јуни 923, Роберт бил убиен од страна на Филбер, Фобер, Фубер[6] во текот на битката кај Соасон. Според некои како Адалбер, архиепископот од Магдбур, Роберт загинал од раката на самиот Карло[7].

Благодарение на храброста и ладнокрвноста на синот на Роберт, Иго Велики, победата била во рацете на Робертините а кралот Карло III не можел да си ја врати круната. Кралските великодостојници тогаш за крал на Франките го избрале Раул, војводата на Бургоња и зет на кралот Роберт I. Тој бил крунисан на 13 јули 923.

Поколение[уреди]

Роберт бил двапати женет. Со својата прва жена, Елида (или Адела од Мајна), имал две ќерки. Секоја ќерка се омажила со моќни вазали на нивниот татко:

Од неговата втора жена, Беатриса од Вермандоа, ќерка на Ербер I од Вермандоа, имал само еден син, Иго Велики, кој подоцна станал dux Francorum и му бил татко на кралот Иго Капет.

Меѓу другите ќерки кои веројатно ги имал, имал и ќерка по име Рихилда.

Наводи[уреди]

Извори[уреди]

  1. Généalogie de Robert I sur le site Medieval Lands
  2. Richer de Reims Histoire Gallica, image 59 : p.37
  3. Richer de Reims Histoire Gallica, image 55 : p.33
  4. Cf Olivier GUILLOT, « Formes, fondements et limites de l'organisation politique en France au Xe siècle», Il secolo di ferro : mito e realtà del secolo X, 19-25 aprile 1990, Spolète, Presso la sede del centro, 1991 (Settimane di studio del Centro italiano di studi sull'alto medioevo, 38), pp. 80-81.
  5. Cf. Carlrichard Brühl, Naissance de deux peuples : Français et Allemands, Fayard, 1994, pp. 197-198.
  6. Според хрониката на Адемар од Шабан, напишана стотина години после овој настан :Histoire Gallica, image 101 : Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article79 note 3 de bas de page : « Fulbertus Rodbertum regem per medium cerebri dividendo confodit ».
  7. Auguste Alphonse Étienne-Gallois, historien, bibliothécaire du Luxembourg La Champagne et les derniers Carlovingiens 1853, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article67
Претходник
Карло Простиот
Крал на Западна Франкија
922–923
Наследник
Рудолф