Роберт Браун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роберт Браун
Robert Brown (botanist).jpg
Роберт Браун во 1855
Роден 21 декември 1773(1773-12-21)
Монтрос, Шкотска
Починал 10 јуни 1858(1858-06-10) (на 84 год.)
Лондон, Англија
Националност Шкотско
Полиња Ботаника
Познат по Брауново движење
Авторска кратенка (бот.) R.Br.

Роберт Браун (англиски: Robert Brown) (21 декември 1773, Монтрос, Ангус, Шкотска - 10 јуни 1858, Лондон, Англија) — шкотски ботаничар.

Син на свештеник, студирал медицина во Абердин и во Единбург пред да стане член на британската војска, како најнизок офицер и помошник хирург во 1795 година.

Во 1801 година формирал експедиција со природонаучници на брод за да го истражи брегот на Австралија во и на тоа патување собрал околу 3,900 видови на растенија. Издавал некои од резултатите од патувањето во 1810 година во својата класика „Prodromus florae novae hollandia“. Ја формирал Фондацијата на австралиската ботаника и го рафинирал постојниот систем за класификација на растенијата. Во 1827 година ја префрлил ботаничката колекција на Јозеф Банк во Британскиот музеј и бил задолжен за новиот музејски отсек за ботаника. Следната година ги објавил своите забелешки за феноменот што се нарекува Брауново движење. Во 1831 година го забележал постоењето на растителни клетки, кои ги нарекол нуклеуси (јадра). Бил првиот што ја забележал разликата меѓу голосемените и скриеносемените растенија (цветни растенија).

Користена литература[уреди]