Ричмонд (Тасманија)

Координати: 42°44′01″S 147°26′23″E / 42.733554° ЈГШ; 147.439785° ИГД / -42.733554; 147.439785
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ричмонд, Тасманија)
Ричмонд
Richmond
Држава/територија Тасманија
Население880[1]
Пошт. бр.7025
Местоположба
Самоуп. подрачјаКларенс
Изб. единициЛајонс
Сој. единициЛајонс

Ричмонд (англиски: Richmond) е гратче во Тасманија, Австралија, 25 km североисточно од Хобарт, во регионот на Јаглената Река. Според пописот од 2006 населението броело 880 жители.[1]

Најпознатата знаменитост на Ричмонд е Ричмондскиот мост, изграден во 1823, при самите почетоци на создавањето на местото. Ова е најстариот мост во Австралија кој сè уште се користи.

Градот првично бил дел од маршрутата помеѓу Хобарт и Порт Артур сè до изградбата на Сорелскиот насип во 1872 г.

Денес Ричмонд е најпознат по тоа што е автентично зачуван како што бил во тоа време. Ова е живо туристичко место, каде сè уште стојат многубројни стари градби од песочник.

Туристички атракции[уреди | уреди извор]

Позначајни туристички атракции во Ричмонд се Ричмондскиот мост, Ричмондскиот затвор, резерватот Зуду, модел на Хобарт како што изгледал во 1800-тите[мртва врска], како и бројни други објекти од културно значење и паркови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Австралиско биро за статистика (25 октомври 2007). „Richmond (L) (Urban Centre/Locality)“. 2006 Census QuickStats. Посетено на 11 ноември 2007.

42°44′01″S 147°26′23″E / 42.733554° ЈГШ; 147.439785° ИГД / -42.733554; 147.439785