Ричмондски мост (Тасманија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ричмондски мост | |
| Намена | Моторни возила, пешаци и велосипеди |
|---|---|
| Премостува | Јаглена Река |
| Место | Ричмонд, Тасманија |
| Вк. должина | 41m (135ft) |
| Ширина | 7.2m (25ft) |
| Најдолг распон | Министерство за инфраструктура, енергетика и ресурси |
| Отворен | 1825 |
| Координати | |
Ричмондскиот мост (анг. Richmond Bridge) е своден мост од културно-историско значење долж познатиот пат B31 наречен „Пат на осудениците“ (Convict Trail) во Ричмонд, 25 km северно од Хобарт во Тасманија, Австралија. Ова е најстариот мост во Австралија кој сè уште се користи.
Историја [уреди]
Темелот на Ричмондскиот мост е удрен на 11 декември 1823 и изградбата траела сè до 1825 година, сето време користејќи робијашка работна сила. Мостот првобитно го носел името „Бигиев мост“ (Bigge's Bridge), именуван по кралскиот комесар Џон Биги, кој ја воочил потребата од мост во 1820 г.
Во 2005 година мостот бил прогласен за место од инзвонредно историско значење и билс ставен на Листата на австралиско национално богатство.
Изградба [уреди]
Ричмондскиот мост е изграден од песочник одломен од ридот Бучерс Хил, па пренесуван од робијашите со рачни колички. Тој се состои од четири главни свода, секој со распон од 4,3, 8,1, 8,3, 8,5, 8.3 и 4.1 метри, кои се издигаат над нагибени носачи со заострени триаголни краеви порамнети со течението на реката.
Надворешни врски [уреди]
- Страница „Откријте ја Тасманија“, Пристапено во мај месец 2006. (англиски)
- Тасманиски заедници он-лајн, Пристапено во мај месец 2006. (англиски)
- Ричмондскиот мост на страница на Австралиското национално богатство, пристапено на 9 јули 2008. (англиски)
- Влада на Австралија - Министерство за животна околина и национално богатство - Историскиот Ричмондски мост — бисер на националното богатство, Издание за печат, 2005. (англиски)
