Ричард Стоун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричард Стоун
Роден30 август 1913(1913-08-30)
Лондон, Обединето Кралство
Починал6 декември 1991(1991-12-06) (возр. 78)
Кембриџ, Обединето Кралство
НационалностБританец
УстановаКембрички универзитет
Полеекономија
Алма матерКембрички универзитет
Влијанија одЏејмс Мид
Колин Кларк
Придонесинационални сметки, инпут-аутпут
НаградиНобелова награда за економија (1984)
Информации на IDEAS/RePEc

Сер Џон Ричард Николас Стоун (англиски: Sir John Richard Nicholas Stone; 30 август 1913 во Лондон6 декември 1991 во Кембриџ) — познат британски економист, образуван на Вестминстерската школа, Кембричкиот универзитет (Кај и Кингс), кој во 1984 година ја добил Нобеловата награда за економија „за развивање на пресметковен модел кој можел да биде искористен за следење на економските активности на национално и на меѓународно ниво“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост и студии[уреди | уреди извор]

Стоун е роден во Лондон, Англија, на 30 август 1913 година. Се образувал во училишта за високата средна класа, посетувајќи ги Кливден и Вестминстерската школа.[1] Меѓутоа, не научил математика и природни науки до средното училиште. Кога имал 17 години го следел неговиот татко во Индија, бидејќи татко му бил назначен за судија во Мадрас. Од Индија посетил многу азиски земји: Малаја, Сингапур и Индонезија. По патувањето се вратил во Лондон и студирал на колеџите Гонвил и Кај на Кембриџ во 1931 годија, каде студирал право две години.

Младиот Стоун потоа се насочил на изучување економија. Бил заинтересиран во економијата откако научил дека „ако има повеќе економисти, светот ќе биде подобро место“. Во тоа време, нивото на невработеност било многу високо и тоа го мотивирало да знае што ја предизвикува и како дошло до тоа. Се соочил со предизвик од неговите родители бидејќи биле разочарани од неговиот избор. Меѓутоа, Стоун бил многу ентузијаст да стане економист и уживал во времето кога ја учел економијата. Бил надгледуван од Ричард Кан и Џералд Шов. Меѓутоа, квантитавниот ум на Стоун бил под силно влијание на Колин Кларк, професорот по статистика на Стоун на Кембриџ. Потоа, Колин го вовел Стоун во неговиот проект за мерење на националниот доход. Потоа, со овој проект Стоун станал познат откако ја добил Нобеловата награда. По нивната средба во Кембриџ, Стоун и Кларк станале најдобри пријатели.

Прво вработување[уреди | уреди извор]

По дипломирањето на Кембриџ во 1936 година и до Втората светска војна работел во Лојдс.[2] Во текот на војната, Стоун работел со Џејмс Мид како статистичар и економист за британската влада. Тие требало да ја анализираат британската економија, заедно со моменталните вкупни ресурси на земјата во воено време. Во тоа време тие развиле рани верзии на системот за национални сметки. Нивната работа довело до првите национални сметки во Британија во 1941 година.

Соработката помеѓу Стоун и Мид завршила по 1941 година откако нивната канцеларија била поделена на две различни. Потоа работеле одвоено, Мид бил одговорен за економскиот дел, а Стоун одговорен за националниот доход. Во новата канцеларија, Централната статистичка служба, Стоун станал асистент на Џон Мејнард Кејнс. Кога завршила Втората светска војна во 1945 година, Стоун престанал да работи за британската влада.

Академска кариера[уреди | уреди извор]

По војната, Стоун работел на Кембриџ како директор на новиот оддел за применета економија (1945–1955). Како директор, Стоун направил одделот да се насочи на истражувачки програми околу економската теорија и статистичката методологија. Оваа стратегија привлекла многу врвни економисти во тоа време да се приклучат на одделот. Некои извонредни трудови на одделот биле, на пример, Дарбин и Вотсон тестирале низа корелации во економетријата, а Алан Прест и Дерек Роу за анализа на побарувачката. Оваа состојба го направила одделот да стане еден од водечките квантитативни економски истражувачки центри во светот во тоа време.[3] Самиот Стоун имал многу проекти на одделот: националните сметки каде ја вработил Агата Чепмен како истражувачки член,[4] анализа на побарувачката за потрошувачка и системот за социодемографска сметка.

Во 1955 година, Стоун го отстапил директорското место на одделот, откако бил назначен за предводник на одделот финансии и сметководство на Кембриџ. Заедно со Алан Браун го започнал проектот Кембриџ Гроут, кој развивал мултисекторски динамичен модел на британската економија. При правењето на проектот користеле матрица за општествени сметки, која создавала компјутерски модел за рамнотежа развиен од Светската банка. Бил наследен на проектот од Тери Баркер. Во 1970 година, Стоун бил назначен за декан на факултетот за економијата и политика. Компанија основана од членови на одделот, Кембриџ Економетрија, била основана во 1978 година, а Стоун станал нејзин прв почесен претседател. Компанијата продолжила да го развива проектот и да го користи моделот за економски предвидувања. Пред да се повлече од Кембриџ во 1980 година, Стоун бил претседател на Кралското економско друштво од 1978 до 1980 година.

Семеен живот[уреди | уреди извор]

Во 1936 година се оженил со Винифред Мари Џенкинс, кој била исто така од Кембриџ. Обајцата имале страст кон економијата и започнале списание наречено „Trends“, кое било додаток на периодичното списание „Industry Illustrated“. Содржело статии околу условите на британската економија. Наскоро, во 1939 година, добил покана да се приклучи на министерството за економска благосостојба. Во 1941 година, Стоун повторно се оженил, со Феодора Леонтиноф, откако се развел во 1940 година.

Неговата втора жена Феодора умрела во 1956 година и во 1960 година се оженил со Џована Сафи, правнука на италијанскиот патриот Аурелио Сафи, која станале негов партнер во многу од неговите трудови.[5]

Стоун умрел на 6 декември 1991 година. Со неговата трета жена, Стоун соработувал на неколку проекти во економијата, на пример, повторно пишувајќи ја неговата позната книга „Национален доход и трошок“ во 1961 година. Со Џована имал и ќерка Каролин.

Работа[уреди | уреди извор]

Во 1984 година ја добил Нобеловата награда за економија „за развивање на пресметковен модел кој можел да биде искористен за следење на економските активности на национално и на меѓународно ниво“.

Иако не бил прв економист кој работел на ова поле, тој бил првиот кој го направил со двојно книговодство. Двојното книговодство смета дека секој приход на една страна на билансот мора да има трошок на спротивната страна на билансот, така создавајќи систем на рамнотежа. Овој систем на двојно книговодство е основа на скоро целото современо сметководство денес. Ова дозволува проверен начин на следење на трговијата и трансферот на капиталот на глобално ниво.

Понекогаш е сметан како „татко на сметките на националниот доход“ и е автор на студии на статистиката за потрошувачката и моделите за побарувачката, економскиот раст и моделот инпут-аутпут.[6]

При неговиот говор за Нобеловата награда го спомнал Франсоа Кене како и Табло економик (Tableau économique). Стон изјавил дека бил еден од првите во економијата кои разгледувале различни сектори на глобално ниво и како сите тие се меѓусебно поврзани.

Избрани публикации[уреди | уреди извор]

  • Ричард Стоун и Џована Сафи Стоун, Општествени сметки и економски модели (1959)
  • Ричард Стоун и Џована Сафи Стоун, Национален доход и трошок (1961).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pesaran, M. H., and G. C. Harcourt : “Life and Work of John Richard Nicholas Stone 1913–1991”
  2. Јанус: Трудовите на Џон Ричард Николас Стоун
  3. Deaton: “Stone, John Richard Nicholas”
  4. „The trial and tribulations of Miss Agatha Chapman: statistics in a Cold War climate“. The Free Library. Посетено на 28 февруари 2014.
  5. „A summary biographical sketch of Sir Richard Stone (1913–1991)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-25. Посетено на 2015-03-15.
  6. Counter-intuitively, the most cited of Richard Stone's works were his publications on consumer demand statistics and modeling. See Eugene Garfield: The 1984 Nobel Prizes in Economics and Literature are Awarded to Sir Richard Stone for Pioneering Systems of National Accounting and to Jaroslav Seifert, the National Poet of Czechoslovakia.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: