Ричард Докинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ричард Докинс.

Клинтон Ричард Докинс (анг. Clinton Richard Dawkins; р. 26 март 1941) е англиски етолог, еволуционист и популаризатор на науката. До 2008 година работел во оксфордскиот професорат за популаризација на науката, основан од Чарлс Симони.

Докинс стана познат во 1976 година кога ја објави книгата „Себичниот ген“ (анг. „The Selfish Gene“) која на популарен начин го одразува погледот на еволуцијата од позиција на генот и во која бил воведен во речникот поимот „мем“ и бил предложен нов научен правец — „меметика“. Во 1982 година тој дал значителни придонеси во теоријата на еволуцијата со книгата „Проширениот фенотип“ („The Extended Phenotype“), каде сугерира на тоа дека фенотипските ефекти на генот не се ограничени на организмот на единката, туку можат да се прошират и на животната средина, вклучувајќи ги и организмите на останатите единки. Оттогаш тој има напишано неколку научно-популарни книги за еволуција и учествувал во многу телевизиски и радиопрограми за еволуциона биологија, креационизам и религија.

Докинс е убеден атеист, хуманист и скептик, член на Движењето Brights.

Основни работи[уреди]

Научно-популарни книги[уреди]

Статии[уреди]

  • Viruses of the Mind (Вируси на разумот), 1991

Филмови[уреди]

Критика[уреди]

Антирелигиозните работи на Докинс на повеќе пати се критикувани од страна на верниците, вклучувајќи и биолози (К.Милер, Ф.Колинс[1], Д. С. Вилсон[2] и др.), теолозите (А. Макграт, Р. Харис[3] и др.), философите (А. Плантинга[4], А. Кенни[5], Т. Негел[6], М. Руз[7]).

Наводи[уреди]

  1. Biema, David Van (5 ноември, 2006). „God Vs. Science“. Time. http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,1555132-1,00.html. конс. 7 април 2008. 
  2. „Skeptic.com: eSkeptic - Why Richard Dawkins is Wrong About Religion“. 4 јули 2007. http://www.skeptic.com/eskeptic/07-07-04.html#feature. 
  3. Dawkins, Richard (2006). „The Root of All Evil?“. Channel 4. http://www.channel4.com/culture/microsites/C/can_you_believe_it/debates/rootofevil.html. конс. 13 април 2008. 
  4. Alvin Plantinga (2007). „The Dawkins Confusion - Naturalism ad absurdum“. „Books & Culture, a Christian Review“. http://www.christianitytoday.com/bc/2007/002/1.21.html. конс. 2 март 2007. 
  5. Kenny, Anthony (July 2007). „Knowledge, Belief, and Faith“. „Philosophy“ 82 (03): 381–397. doi:10.1017/S0031819107000010. 
  6. Nagel, Thomas. „The Fear of Religion“, „The New Republic“ (конс. 12 септември 2007).
  7. Michael Ruse (December 2007). „Richard Dawkins: The God Delusion. „Chicago Journals“. http://www.journals.uchicago.edu/doi/abs/10.1086/529280. конс. 31 мај 2008. 

Надворешни врски[уреди]