Рихард Рети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рихард Рети
RichardReti.jpg
Рихард Рети
Цело име Рихард Рети
Земја Flag of Austria-Hungary (1869-1918).svg Австроунгарија
Чешка Чехословачка
Роден(а) 28 мај 1889
Пезинок, Австро-Унгарија (денес Словачка)
Починал(а) 6 јуни 1929
Прага, Чехословачка
Титула велемајстор

Рихард Рети (роден на 28 мај 1889 во Пезинок, Австро-Унгарија (денес Словачка) - починал на 6 јуни 1929 во Прага) бил чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.

Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хозе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните подржувачи на хипермодернизмот во шахот.

Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист.[1]

Биографија[уреди]

Рети се родил во Пезинок во еврејско семејство. Се преселил во Виена, каде што започнал да студира математика на универзитетот во Виена.[2] Во 1908 година во Виена, го одиграл првиот меѓународен турнир, на кој го зазел последното место, но во истата година победил на турнирот Требич.

Во периодот од 1909 до 1914 година, Рети остварил добри резултати на турнирите во Абација (Опатија), Виена, Будимпешта и Манхајм.

Во периодот по Првата светска војна, Рети ги остварил своите најголеми успеси, со одличните настапи на турнирите во Кашау во 1918, во Ротердам во 1919, во Амстердам и во Виена во 1920 и во Гетеборг во 1921 година.

Во 1924 година, Рети учествувал на турнирот во Њујорк, на кој го победил актуелниот светски првак Хозе Раул Капабланка, за кого тоа бил прв пораз по период од 8 години.

Во 1925 година, Рети поставил светски рекорд по бројот на шаховски партии одиграни на слепо со симултанка. Тој одиграл 29 партии, од кои добил дури 21, ремизирал во 6 и загубил само две партии.

Починал на 6 јуни 1929 година во Прага од шарлах. Бил погребан на централните гробишта во Виена, во делот ТHe is buried in Vienna in the Zentralfriedhof cemetery, in Section T1, , група 51, ред петти, гроб триесет и четврти.[3]

Стил на игра[уреди]

На почетокот од својата кариера, Рети негувал напаѓачки стил на игра, најчесто играјќи го Кралев гамбит. Но, по војната, неговиот стил на игра се променил и тој станал еден од главните подржувачи на хипермодернизмот во шахот, заедно со Арон Нимцович. Всушност, со исклучок на Нимцовичовото дело „Мојот систем“, литературното творештво на Рети се смета за најголем поттик на стилот на игра кој се заснова на ова движење во шахот во тој период.

Шаховски композитор[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess kld44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess kdl44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess pdl44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Белиот е на потег, победува!

Во својата шаховска кариера, Рети бил и познат шаховски композитор на композиции од завршницата, кои и денес имаат големо влијание во изучувањето на шаховската теорија поврзана со завршницата.

Композицијата претставена на десниот дијаграм се смета за една од најславите композиции за завршницата. Била објавена во списанието Ostrauer Morgenzeitung на 4 декември 1921 година. Навидум, белиот не може да го стигне црниот пешак и да го спречи да се промовира во дама, но главната идеја на оваа позиција е да се доближи кралот до средината на таблата, од каде што ќе биде еднакво одалечен од двата пешака. Со тоа, црниот е принуден да игра со својот крал за да го спречи белиот пешак од промоција, а за изгубеното време белиот крал е во можност да го спречи црниот пешак на патот до промоција. Шаховската нотација на овие потези е следната:

1.Kg7! h4
2.Kf6 Kb6 (по 2...h3, следува 3.Ke7 и белиот навремено го заштитува својот пешак)
3.Ke5!! (сега белиот крал може и да го заштити својот пешак, но и да го спречи црниот пешак на својот пат)
3...h3
4.Kd6 и белиот ремизира.

Шаховски теоретичар[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess rdl44.png Chess ndd44.png Chess bdl44.png Chess qdd44.png Chess kdl44.png Chess bdd44.png Chess ndl44.png Chess rdd44.png
Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess pdl44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess nll44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess pll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png
Chess rld44.png Chess nll44.png Chess bld44.png Chess qll44.png Chess kld44.png Chess bll44.png Chess d44.png Chess rll44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Ретиево отворање

Како еден од најголемите подржувачи на хипермодернизмот и со промената на стилот на игра, Рети сè повеќе обрнувал внимание на другите отворања. Особено бил вешт во позициите кои настанувале со потезите 1.Sf3 d5 2.с4, па отворањето во негова чест било наречено Ретиево отворање.[4][5]

Во негова чест се наречени и некои варијанти во други отворања. Како љубител на класичниот напаѓачки тил на игра на почетокот на својата кариера, во негова чест името го добила варијанта во Одбиен кралев гамбит, која претставува продолжување на Фолкберовиот гамбит и настанува со потезите: 1.e4 e5 2.f4 d5 3.exd5 e4 4.d3 Sf6 5.De2.[6] Во Понцијаниевото отворање, Ретиевата варијанта настанува со потезите: 1.е4 е5 2.Sf3 Sc6 3.c3 Sge7,[7] додека Ретиева варијанта е наречена и варијантата во Француска одбрана, која настанува со потезите: 1. е4 е6 2.g3.[8]

Творештво[уреди]

Литературното шаховско творештво на Рети, исто така станало „класика“. Под влијание наНимцовичовото дело Мојот систем, неговите дела се стекнале со истата слава, а и денес се основни помагала во изучувањето на шаховската теорија. Најпознати од овие дела се Модерни идеи во шахот, кое било издадено во 1923 година и Мајсторите на шаховската табла, издадено постхумно, во 1933 година.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Бондаренко Ф. С. Развитие шахматного этюда. Киев: Здоров'я, 1982. 232 с.
  • Владимиров Я. Г. 1000 шедевров шахматной композиции. М.: АСТ, 2005, 542 с. ISBN 5-17-031575-9.
  • Туров Б. И. Жемчужины шахматного творчества. — Ростов-на-Дону: Феникс, 2000. ISBN 5-222-01375-8
  • Шахматный словарь. М.: Физкультура и спорт, 1960
  • Шахматы : Энциклопедический словарь. Москва : Советская энциклопедия, 1990. С. 332—333. ISBN 5-85270-005-3.

Надворешни врски[уреди]