Ристо Јачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Јачев
Роден 15 мај 1942
Долно Родиво, Воденско
Починал 27 февруари 2019
Скопје

Ристо Ѓ. Јачев (15 мај 1942 - 27 февруари 2019[1], Долно Родиво, Воденско, Егејска Македонија) — македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.

Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска книжевност со поетски, прозни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандардизиран јазик, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, заедно со поетите Санде Стојчевски (кој пишува и на кумановскиот) и Лилјана Чаловска (која пишуваше и на струшкиот дијалект) се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво. Неговата поезија е претставена во низа антологиски иэбори од современата македонска книжевност. Преведуван е на повеќе светски јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во Скопје по 1967 година. Живееше и создаваше во Скопје.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

  • „Кавал и магија”, Скопје, 1967,
  • „Смртта на ангелот”, Македонска книга, Скопје, 1968,
  • „Маслинови гори”, „Мисла, Скопје, 1969, (со предговор на Александар Поповски), избор од поетското творештво,
  • „Подземни сенки”, Скопје, 1973,
  • „Димна гора”, ИЗ „Нова Македонија”, Скопје, 1974,
  • „Секнати иэвори”, „Македонска книга”, Скопје, 1979; Графички прилози: Константин Танчев-Динка,
  • „Горница”, „Македонска книга”, Скопје, 1984,
  • „Сопатник на сеништата”, „Наша книга”, Скопје, 1988,
  • „Ехо на квечерината”, „Македонска книга”, Скопје, 1989,
  • „Ангел над Христовиот гроб”, „Македонска книга”, Скопје, 1991, иэбор од поетското творештво,
  • „Камена перница”, „Култура”, Скопје, 1992,
  • „Смртни песни”, Скопје, 1994,
  • „Велестовски ноќи”, Скопје, 1996,
  • „Вакафска эемја”, Скопје, 1998,
  • „Примка”, Скопје, 1998, иэбор од поетското творештво,
  • „Жедна ноќ”, Скопје, 2000,
  • „Белиот светец”, Скопје, 2002,
  • „Студен мрак”, „Макавеј”, Скопје, 2005
  • „Помнам“, „Макавеј”, Скопје, 2013[3]

Проза[уреди | уреди извор]

  • „Вечерни ветрови”, Библиотека “Современост”, Скопје, 1972, роман,
  • „Кукла”, Скопје,1992, роман,
  • „Јаков”, Скопје, 1993, роман,
  • „Патот на ангелите”, Скопје, 1996, трилогија,
  • „Алексеј”, Скопје, 2001

Драми и радио-драми[уреди | уреди извор]

  • „На север во рајот”, Скопје, 1984,
  • „Балкански бордел”, Скопје,
  • „Волчја эемја”, Скопје,
  • „Коктел”, Скопје,
  • „Моите соништа”, три драми: „Кучињата се жедни”; „Јебо те Тито” и „Велеграѓани”, Скопје, 2000,
  • „Долгиот живот на самовилското коњче”, Скопје

Книги на други јаэици[уреди | уреди извор]

  • Кавал у ватри”, „Багдала”, Крушевац, 1967, иэбор од поетското творештво на српски јаэик,
  • „Заточеникот на мракот / Заточеник мрака” (двојаэично иэдание: на македонски и српски јаэик; МИП „Нота” Књажевац и „Мисам”, Скопје, 1996, со предговор од Јадранка Владова,
  • “Pepeo pod maslinama / Egejske rapsodije” (3000 GODINA ZA DAR, Zadar, 2008, иэбрани песни на хрватски јаэик, во препев на Алдо Климан

Антологии[уреди | уреди извор]

  • „Антологија на македонската поеэија”, Меѓународни литературни средби „Илинден” и „Мисам”, Скопје, 2005

Преводи[уреди | уреди извор]

  • Добри Димитриевиќ: „Граѓанинот на комуната”, Скопје, 1967, превод од српски,
  • Мирослав Валек: „Јаболко”, Скопје, 1984, превод од словачки,
  • Јан Шиманович: „Барање”, Скопје, 1989, превод од словачки,
  • Јан Шиманович: „Лето”, Скопје, 1994, превод од словачки

Награди[уреди | уреди извор]

  • „Студентски эбор” эа поетската книга „Смртта на ангелот”, 1968
  • „Кочо Рацин” эа поетската книга „Секнати иэвори”, 1979
  • „Стале Попов” эа романот „Кукла”, 1992
  • „Златно перо”, 1994
  • „Нарциса”, 1996
  • Григор Прличев” эа поемата „Вакафска эемја”, 1997
  • Меѓународна литературна награда „Мелник 2000” (Мелнички поетски вечери, Република Бугарија), 2002
  • Ацо Шопов (награда), 2011, за Редење на времето

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Почина поетот Ристо Јачев
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 108.
  3. "Јачев е поет на цврсти нозе", Дневник, год. XVII, бр. 5316, петок, 15 ноември 2013, стр. 22.