Рипост
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во мечувалството, рипост или одговор (од фр. riposte) е брз противудар со цел на бодење (удирање) на противникот, изведен од мечувалецот кој штотуку му парирал на еден напад.
Објаснение [уреди]
При мечување со сабја и флорет, предноста се префрла со успешно парирање; сега бранителот има предност и може веднаш да нападне со рипост. Рипостот може да биде директен, или пак може да содржи сложена ножна техника. Во случај на задоцнување на рипостот, предност добива ремисот на првичниот напаѓач.
При изведба на напад со втора намера, мора да се предвидат реакциите на противникот. Тогаш мечувалецот изведува напад очекувајќи да биде париран, подготвувајќи се за контрапарада и контрарипост.
Видете исто така [уреди]
| Оваа статија поврзана со мечувалството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
