Римокатолицизам во Босна и Херцеговина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква на Исусовото срце (Сараево)

Римокатоличката црква во Босна и Херцеговина главно ја сочинуваат Хрватите.

Среден век[уреди]

По доаѓањето на денешните територии на Хрватска и Босна и Херцеговина, Хрватите го примиле христијанството. Поголемиот дел од покрстувањето на Словените на овие простори завршило во текот на 9 век, но некои подрачја го задржиле паганството уште четири века, од кое и денеска постојат докази за имињата на паганските богови. Најстарата епископија на подрачјето на денешна Босна и Херцеговина била онаа во Требиње основана во 1022 година. Босанската епископија која со сигурност опстојувала во 1067 година со седиште кај денешниот град Сараево, од 8 век имала и свое седиште во Ѓаково и Славонија, односно надвор од границите на Босна. Во текот на 1340 година била создадена Босанска викарија со седиште во Миле, кај Јајце. Веќе во 1385 година имало 35 самостојни, од кои 4 на реонот Босна. Тоа биле фрањевачки епископии.

Во текот на овој период се појавила и Босанска црква, која била прогласена за ерес заедно со Богомилите.

Османлиско владеење[уреди]

Во времето кога Отоманската Империја ја зазела територијата на денешна Босна и Херцеговина, бројот на христијанското население започнал да се намалува. Кога Босна била освоена, во 1463 година, според некои податоци, околу 100.000 христијани биле однесени од земјата како робови, а околу 30.000 станале јаничари. Според турските официјални податоци, кај Фојница, отоманскиот султан Мехмед II, на барањето за верска слобода издал повелба наречена Ахд-наму, според која на фрањевачкиот одред им дал слобода. Католичките епископи делувале во Ѓаково. На голем дел од свештениците се гледало како шпиони, а истото важело и за папските посланици доколку истите не пристигнувале преку Дубровник бидејќи Дубровник имал добри односи од Портата.

По доаѓањето на Османлиите, голем дел од христијанските храмови биле срушени или пренаменети во исламски објекти. Изградба на нови христијански храмови било забрането. Во овој период, богослужбата главно се служела на отворен простор, без разлика на временските услови. За да пристигне до некое место, свештеникот често пати патувал многу долго, за да ја изврши својата задача. По патот, често пати тие биле изложувани на најразлични изживувања од страна на отоманската власт.

Во 1524 година дошло до најголемиот прогон на католичкото односно христијанското население во Босна и Херцеговина. Се смета дека од 120.000 до 150.000 христијани, католици или православни, во истата година го примиле исламот. Во 1528 година, Османлиите го освоиле градот Јајце и Бања Лука.

Хабсбуршко владеење[уреди]

Во времето н Хабсбуршко-отоманските војни (1683-1699), околу 100.000 христијани ги напуштиле своите домови. Следеувала австриската интервенција врз Сараево, кога војсководецот Евгениј Савојски го заземал градот, го ограбил и се повлекол во Осиек. со него, Босна ја напуштиле околу 40.000 христијани.

Во 1875 година, во Херцеговина избувнало востание против турската власт. На чело на ова востание застанале христијаните. Востанието не можело да биде задушено, и во следните години Србија и Црна Гора, а подоцна и Русија, го започнале процесот на трајно прогонување на Османлиите од овие простори. Војната завршила во 1878 година кога Отоманската Империја претрпела голем пораз и значајни територијални загуби. Во текот на востанието, околу 150.000 католици побегнеле во Хрватска.

Австро-унгарско владеење[уреди]

Во времето кога Босна и Херцеговина станала дел од Австро-Унгарија, католичката црква започнала повторно да заздравува. Така до 1914 година во земјата се доселиле околу 200.000 хрватски, словенски, германски и други католици, а околу 100.000 муслимани се иселиле. Знаејќи колкава би можела да има улога црквата во земјата, новите владетели настојувале сите верски заедници да ги стават под своја контрола.

Во 1881 година Австро-Унгарија потпишала договор со Ватикан за воведување на католичка хиерархија во Босна и Херцеговина. Така, истата година била воспоставена редовна црквена организација. а епископ бил избран Јосип Стадлер. Освен ова, била укинета апостолската викарија, како и мисионерскиот облик на делување. На нивно место биле создадени три епископии во градовите Сараево, Бања Лука и Мостар.

Југословенско владеење[уреди]

Со создавањето на Кралство Југославија, православните Срби станале мнозинство во Босна и Херцеговина, со кое настапила србизација на овие простори. Католиците биле сметани за граѓани од втор ред. Бил наметнуван српскиот јазик и православието. Често пати, проблемите помеѓу верите во Југославија биле завршувани во корист на Српската Православна црква.

По воведувањето на комунистичкиот режим, во земјата стапил на сила атеизмот, според кое католичката црква била прогонувана, заедно со останатите.

Црквата денес[уреди]

Денеска, во земјата 15% од вкупниот број на население е со римокатоличка верска припадност.