Риба-лав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед однапред на Руселовата риба-лав
Pterois antennata во зоолошката градина ан дворецот Шенбрун во Виена, Австрија
Млада риба-лав од видот (Pterois volitans)

Риба-лав (Pteroinae) e една од неколкуте видови на отровни морски риби од родот Pterois, Parapterois, Brachypterois, Ebosia или Dendrochirus, од фамилијата Scorpaenidae. Отровната риба-лав исто така e позната и како Риба-змеј и Риба-мисирка.[1] несомнено е една од најспектакуларните членови од родот Риба-шкорпја. Рибата лав ја карактеризираат впечатливо долгнавестите и тенки перки кои на краевите се тенки како игла, секоја од овие перки е поврзана со отровната кесичка на рибата-лав. Доколку ѝ се заканува опасност од некој предатор или пак е допрена од човек, нејзините перки реагираат како поткожни игли инјектирајќи отров врз натрапникот. Раскошните и долги перки генерално имаат шаренолик изглед, начесто со комбинација на црвена, кафена, портокалова, жолта, црна, костенлива и/или бела боја.

Природно живеалиште[уреди]

Природно живеалиште на рибата-лав е Индо-Пацифичкиот регион на нашата планета, но различни видови можат да се сретнат и на други места во светот. Поради нејзината популарност во последно време рибата-лав често пати е забележана и во топлите води на исток во Атланскиот океан и Карипското море. Рибите-лав припаѓаат на таканаречените инвазивни видови во Атланскиот океан и на Карипското море. [2] Успешно размножување на рибата лав во услови на заробеништво се уште не е познато.

Големина[уреди]

Вообичаената големина на рибата-лав генерално достигнува должина од 30-35 цм. Најмалата риба-лав (нпр. Пердувестото џуџе) обично е голема колку едно тениско топче (не вклучувајќи ги перките). Постојат многу видови на риба-лав кои се со различна големина.

Отров[уреди]

Рибата-лав има отровни перки кои се смртоносни за нивниот плен, но обично не и за луѓето. Доколку се случи отровот да стигне во човековиот организам, човекот со сигурност ќе претрпи силни болки, а возможни се и главоболки и повраќање. Вообичаен третман е исшмукување на отровот од зафатеното место во топла вода, бидејќи многу е мал бројот на болници во кои постојат специјални третмани. Но, итна медицинска помош е најпожелна бидејќи некои луѓе се поосетливи на отровот од други.

Исхрана[уреди]

Рибите-лавови се лукави предатори. Додека ловат тие го стеснувааат просторот за бегство на пленот користејќи се со нивните долги перки и го користат нивното брзо и рефлексно движење за да го проголтаат одеднаш целиот плен.

Рибата-лав во поп-културата[уреди]

Во поставувањето на првите сцени за популарниот серијал на филмови, Гол Пиштол, Лудвиг го запознава Дребин со неговата "Јапонска Боречка Риба". Таквите риби и не постојат, всушност рибата што се појавува на сцената е рибата-лав. Интересно е тоа што рибата-лав во филмот го каснува Дребин, и покрај тоа што највообчаениот начин на напад во одбрана рибата-лав би го извршила со боцкање и инјектирање на отров врз предаторот.
Во Ѕвездени патеки: Идната генерација, Капетанот Жан-Лук Пикард во специјален аквариум чува риба-лав по име Ливингстон, аквариумот е лоциран во аголот од подготвителната соба веднаш до контролниот прозор. Ливингстон патува во Ентерпрајз-Д за време на целиот серијал.

Рибата-лав исто така може да ја видиме и во филмот Ѓус Биголоу: Машки жиголо каде што е преставена како најскапоцена риба во огромиот аквариум. За жал на крајот сепак завршува само како добар коктел.

Наводи[уреди]