Рибарски кули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Една од седумте кули на рибарскиот комплекс.

Рибарските кули (унгарски: Halászbástya) е бастион составен од кули и тераса, изградени во неоготика и неокласицизам, сместени на западниот брег на реката Дунав, на ридот Замок во Будимпешта, околу црквата Св. Матијаш. Кулите биле дизајнирани и изградени од 1895 до 1902 според планот на Фригис Шулек. Помеѓу 1947–48 синот на Фригис Шулек, Јанош Шулек, извршил реставрација на проектот бидејќи во Втората светска војна за малку ќе бил уништен.

Од кулите и терасата има панорамски поглед на Дуна, островот Маргит, Пешта на исток и ридот Гелерт.

Седумте кули ги претставуваат седумте унгарски племиња кои се населиле во Панонската низина во 896 година.

Бастионот го има добиено своето име според рибарите кои го одбраниле овој дел од градот во средниот век. Освен терасата има и многу скали и неколку патчиња.

Бронзена статуа на Иштван I на коњ била, извајана во 1906 година може да се види помеѓу бастионот и црквата Св. Матијаш Тротоарот е направен од страна на Алајос Стробл, заснован на плановите на Шулек во неокласицистички стил, со епизоди кои го прикажуваат животот на унгарските кралеви.

Бастионот рибарски кули е сместен на: 47°30′6″N 19°2′6″E / 47.50167° СГШ; 19.03500° ИГД / 47.50167; 19.03500Координати: 47°30′6″N 19°2′6″E / 47.50167° СГШ; 19.03500° ИГД / 47.50167; 19.03500.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]