Рене Гијо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рене Гијо

Рене Гијо (француски: René Guillot) (1900-1969) бил познат француски писател за деца. Тој бил водечки француски писател за деца по Втората светска војна. Делото на Гијо е големо по обем и се состои од повеќе од 50 романи што се преведени на бројни странски јазици. Најголемиот дел од неговите книги обработуваат авантуристички теми. Во 1964 година ја добил Андерсеновата награда за литература. Негови позначајни дела се: Бела грива, Другарите на среќата (1950) итн.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Белешка за авторот“, во: Рене Гијо, Бела грива. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 115.