Ренде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кујнско ренде

Ренде (турски: rende) – готварска направа за стружење продукти[1]. Со рендето храната се ситни, но не се меле и не се цеди како што е случајот кај блендерот или мултипрактикот. Рендето го измислил Франсоа Булје во шеснаесеттиот век. Освен обичното кујнско ренде постојат и подвидови како што се коралка (зестер) и јапонско орошигане.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Рендето е проста справа и нема механизам. Се состои од два дела – дршка и страна за рендање. Дршката може да биде од не’рѓосувачки челик или пластика, со разни облици и бои. Страните за рендање исклучиво се изработуваат од не’рѓосувачки челик или други легуралегури и се главен дел на рендето. Во прашање се метални плочи со сечила обликувани во зависност од намената.[2]

Процесот на рендање се врши така што саканите намирници се притискаат на соодветната страна за рендање и се тријат од неа. Иситнетите парчиња од намирницата поминуваат низ сечилата и излегуваат на другата страна, обично на претходно подготвена чинија или даска за сечење. Страната со најмали дупчиња служи за рендање на тврдо сирење, кашкавал и кора од лимон или портокал. Така се добиваат најфини и најситни резултати. Колку дупчињата и квадратчињата се поголеми, толку парчињата добиени со рендање се поголеми. Најголеми парчиња се добиваат со рендање на страната со големи прорези, која служи за рендање зеленчук.[3]

Во кујните на словенските народи, со рендиња се ситни компир за добивање смеса за подготовка јадења како што се белоруските (драники) и чешките (брамборак) палачинки или српската пита од компири.[4] Тропските кујни, оваа алатка ја користа при рендање кокос, чиј производ заедно со материјата во прав која се добива со мелење на истиот, се нарекува кокосово брашно.[5]

Производите од рендањето се потенки на краевите отколку во средината. Тоа овозможува ренданиот материјал да се топи или готви на поинаков начин од оној кој се применува при употреба на парчиња со главно еднаква дебелина кои се добиваат со блендер или мултипрактик. Од рачно ренданиот компир, на пример, полесно се прават палачинка отколку од оној од блендер. Постојат разни видови рендиња, па така освен основната и варијантите за сирење постоја и оние за путер, кора од агруми (коралка), мускатно оревче, ѓумбир, па и верзија со сечила од кожа од ајкула, што е еден вид јапонско ренде орошигане.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Првото ренде му се припишува на Французинот Франсоа Булје (француски: François Boullier), кој оваа направа на измислил во четириесеттите години на шеснаесеттиот век (меѓу 1541 и 1550 година). Имено, откога сирењето ќе отстоело, тоа би се стврднало и иако и понатаму можело да се јаде, станувало неупотребливо заради тврдоста. За да ја преброди оваа препрека и за да спречи фрлање на големи количини вишок сирење, Булје направил посебно сечило од легура од калај, прво ренде за сирење.[7]

Иако употребата на оваа направа на почетокот била ограничена, нејзината репопуларизација била предизвикана од недостатокот на храна во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, во дваесеттите години на дваесеттиот век. Еден од начините за правење рендиња било со острење на дупките на металните одливници. Оттогаш, многу пронаоѓачи, дизајнери и претпријатија произведувачи на куќни алати смислуваат и продаваат подобрени и на друг начин иновативни рендиња на принцип на сечила, како во современите примероци.[7]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ренде“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „grater“. Tarladalal.
  3. „How to Use a Grater“. The Nest. Архивирано од изворникот на 2013-11-11.
  4. „How To Make Potato Pancakes“. The Kitchn.
  5. „Using coconuts“. Jungle Produce. Архивирано од изворникот на 14 септември 2013.
  6. „The World Is a Better Place With a Butter-Shredding Grater“. Gizmodo.
  7. 7,0 7,1 „A Grate Look“. Cheese Culture.[мртва врска]