Реми Кабеља

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Реми Кабела)
Прејди на: содржини, барај
Франција Реми Кабеља
Rémy Cabella
Rémi Cabella crop (1).jpg
Лични податоци
Роден на 8 март 1990 (1990-03-08) (24 г.)
Роден во Ајачо, Франција
Висина &100000000000001720000001,72 м
Положба среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
Број 20
Младинска кариера
ФК Ајачо
Газелек Ајачо
АФА Фа
Газелек Ајачо
Монпелје
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2014 Монпелје Монпелје 97 (24)
2010-2011 Арл Арл (позајмен) 17 (3)
2014- Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 0 (0)
Репрезентација
2010-2012 Франција Франција 21 17 (4)
2014- Франција Франција 1 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Реми Кабеља (роден на 8 март 1990, во Ајачо) е француски професионален фудбалер кој игра за Монпелје во Лига 1.[1]

Технички карактеристики[уреди]

Тој е офанзивен играч од средниот ред, опишан како некој кој има извонредна контрола на топката и квалитетен дриблинг, како и потребната брзина.

Биографија[уреди]

Реми е роден во Ајачо од мајка корзиканка и татко италијанец. Тој е третото во семејство со четири деца, и израснал во областа на От де Бодисион во Ајачо. Фудбалот почнува да го интересира уште на возраст од три години и во 1993 започнува да игра во ФК Ајачо, а потоа и во Газелек Ајачо. Извесно време тренирал и во екипата на АФА, а потоа се врати во Газелек каде останал до својата 14 година.[2]

Кариера[уреди]

Следен од неколку клубови, тој ја напуштил Корзика во 2004 година и му се приклучил на Монпелје. Кабела ги поминал сите младински категории играјќи за тимовите под 14, 15, 16 и 18 години. На 9 мај 2009, тој ги импресионирал присутните на Стад де Франс во финалето на Гамбардела купот кога со соиграчите Бенжамин Стамбули и Јунес Белханда го совладале Нант. Кабела го постигнал вториот гол за својот тим во победата со 2-0.[3].

Во јули 2009 година, Кабеља го потпишал првиот професионален договор со клубот во вредност од три години.[4]. Сепак сериозната повреда која ја заработил на тренинг во септември го принудила да се подложи на операција на предниот вкрстен лигамент во десното колено, пропуштајќи го почетокот на својата професионална кариера и бил надвор од акција за неколку месеци.[5] Така, својот прв повик за настап во првиот тим во Лига 1, го имал на 10 април 2010 за време на натпреварот против Ле Ман, во кој останал на клупата како неискористена замена.[6] После тоа тој се нашол на клупата уште во два други натпревари но без можност да го направи своеот деби. По завршувањето на сезоната го продолжил својот договор со Монпелје до 2014 година.[7].

Во јули 2010, Кабеља бил позајмен на една година на Арл-Авињон, кој само што изборил промоција во Лига 1.[8]. Сепак, како и претходната година, тој се повредил рано во сезоната овој пат ги скинал кинење квадрицепсите.[9]. Конечно, дебито во Лига 1, Кабела го имал на 4 декември 2010 година, во натпреварот против Нанси на домашен терен.[10] Својот прв старт го имал на 22 декември 2010 против Ница,[11] а првиот гол го постигнал на 12 март 2011 против Лориен.[12] По осумнаесет одиграни натпрвари во кој постигнал три гола, тој се вратил во Монпелје.

Кабела во дресот на Монпелје во 2012.

Кабеља го направил своето деби за Монпелје во победата со 3-1 над Осер на Стад де ла Мосон игран на 6 август 2011.[13] На 21 септември 2011, го постигнал првиот гол за клубот и тоа во својот роден град, против ФК Ајачо (1-3).[14] На 8 јануари 2012, Кабела за прв пат постигнал два гола на еден натпревар против екипата на При-ле-Мезјер од Шарлевил Мезјер во Купот на Франција. На 24 јануари 2012 година, уште еднаш го продолжил неговиот договор со својот прв клуб за уште две сезони до 2016 година.[15] и е избран за млад фубалер на годината во Лига 1 за сезоната 2011-2012.[16]. На 20 мај 2012, станал шампион на Франција откако во драматичен крај на првенството Монпелје ја освојува титулата со три бода повеќе пред Париз Сен Жермен. Кабела придонесол со три гола и две асистенции во 29 настапи.

Новата сезона ја започнува со настап во Суперкупот на Франција во кои Монпелје се соочува со Олимпик Лион, 28 јули 2012 на Ред Бул Арената во Харисон во близина на Њујорк. Во регуларниот дел натпреварот завршил без победник 2-2, по што се шутирале пенали во кој Лион победил со 4-2. Кабела го започнал натпреварот и играл до 64-тата минута кога бил заменет со Сулејман Камара. Тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2012-2013 во Лига 1, на гостувањето кај Сошо, на 1 септември 2012 година. Кабела го има своето деби во Лигата на шампионите на 18 септември 2012 во дуелот против Арсенал.

За време на сезоната 2013-14, Кабеља постигнал 14 голови во 34 натпревари и беше најзаслужен што Монпелје избори опстанок во Лига 1.

Њукасл Јунајтед[уреди]

На 13 јули 2014 година, Кабеља потпишал шест-годишен договор со Њукасл Јунајтед.[17] Тој го направил своето деби во официјален натпревар за новиот клуб на 17 август, кога Њукасл ја започнал сезоната со пораз од 2-0 на домашен терен од Манчестер Сити, играјќи ги комплетните 90 минути.[18]

Титули[уреди]

Франција Монпелје[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Кабеља позајмен на Арл“ (на Француски). Mercato365. 12 јули 2010. http://www.mercato365.com/infos-clubs/montpellier/article_433594_Montpellier-Cabella-prete-a-Arles.shtml. конс. 7 февруари 2011. 
  2. Fiche de Rémy Cabella, sur fff.fr, consulté le 17 јануари 2012
  3. Les jeunes Pailladins remportent la Coupe Gambardella !, sur mhscfoot.com, објавено на 9 мај 2009
  4. Saihi et Yanga-Mbiwa prolongent, Cabella passe Pro, sur mhscfoot.com, објавено на 2 јули 2009
  5. Montpellier : Cabella blessé à un genou, sur footrends.com, објавено на 17 јануари 2011
  6. Le Mans - MHSC : Sans Dernis, avec Cabella, sur webmhsc.com, објавено на 10 април 2010 година
  7. Les échéances des contrats, sur webmhsc.com, објавено на 22 мај 2010
  8. Реми Кабела позајмен на Арл-Авињон, Goal.com, објавено на 12 јули 2010 година
  9. Реми Кабела ќе го пропушти стартот на сезоната, laprovence.com, објавено на 22 јули 2010
  10. Arles-Avignon 1-1 Nancy le 4 décembre 2010, sur lfp.fr
  11. Arles-Avignon 0-0 Nice le 22 décembre 2010, sur lfp.fr
  12. Arles-Avignon 3-3 Lorient le 12 mars 2011, sur lfp.fr
  13. Montpellier 3-1 Auxerre le 6 août 2011, sur lfp.fr
  14. Ajaccio 1-3 Montpellier le 21 septembre 2011, sur lfp.fr
  15. Rémy Cabella prolonge jusqu'en 2016, sur mhscfoot.com, објавено на 24 јануари 2012
  16. Rémy Cabella nommé pour le Trophée UNFP du meilleur espoir de Ligue 1, објавено на 28 април 2012 година
  17. Marshall, Anthony (13 јули 2014). „United Complete Cabella Capture“. Newcastle United F.C.. http://www.nufc.co.uk/articles/20140713/united-complete-cabella-capture_2281670_3990712. конс. 13 јули 2014. 
  18. Newcastle 0-2 Man City“, „BBC Sport“, 17 август 2014 (конс. 17 август 2014).