Резидентна порта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овој артикл се однесува на типот на модеми и насочувачи кои се наоѓаат во многу домови и се познати под името резидентни порти

Резидентна порта е уред за домашна мрежа, кој се користи како порта за поврзување на уреди на Интернет во домот или на друга WAN. Претставува еден колективен термин кој служи за да ги опфати мулти - функционални апарати кои се користат во домовите, кои можат да се комбинираат со DSL модем или Cable модем, мрежен преклопник спроведувајќи LAN преклопување, насочувачи од кориснички тип и wireless access point. Во минатото, вакви функционалности извршувале различни уреди, но од технолошка конвергенција, тие често биле спојувани во единствен уред.

Терминот[уреди | уреди извор]

Има повеќе уреди кои се опишани како "Резидентни порти", но секоја со различна функција. Секој тип од тие уреди овозможува поврзување на LAN(користено во домовите) кон WAN. WAN често може да биде Интернет или може да биде поголем LAN каде што тој дом е дел. WAN поврзување може да се спроведе преку DSL, cable модем, широкопојасна мрежа за мобилни телефони или други поврзувања.

Терминот "Резидентна Порта" оригинално се користел за да ги оддели евтините мрежни уреди кои се користеле во домовите од сличните уреди во корпоративните LAN околини (коишто генерално нудат поголема низа на можности). Во последните години, поевтините "Резидентни порти", се стекна со многу можности од корпоративните порти, па затоа и разликите се намалуваат. Многу домашни LAN - ови, сега може да извршуваат некои од функционалностите на малите корпоративните LAN - ови.

Според горенаведеното, терминот "Резидентна Порта" е застарен и само имплицира на евтини мрежни уреди со слаби можности. Денес, домашните порти имаат тенденција да имаат интерфејси во изобилство, моќни функции и повеќе user - friendly интерфејс. Тоа е уредлив терминал со авто конфигурација, и мулти опслужувачко восприемање и лого. Домашните Порти спроведуваат Quality of Service итовремено да поддржуваат различен тип на сервиси. Како дел од carrier мрежата, домашните Порти треба да поддржуваат далечинско управување, детекција и конфигурација.

Уреди[уреди | уреди извор]

Повеќе уреди се сметаат за "Резидентни Порти":

или некоја комбинација на сите набројани.

Типови[уреди | уреди извор]

Еден Насочувач (Насочувач) спроведува:

Повеќето насочувачи се автономни компоненти кои користат внатрешно складиран firmware. Тие генерално се независни од ОС, т.е. може да се користат со било кој ОС.

  • Безжичните Насочувачи ги извршуваат истите функции како и обичниот насочувач, но исто така овозможуваат и поврзување за безжични уреди со LAN или помеѓу безжичен насочувач со друг безжичен насочувач.
  • Модемот не извршува ниту една од функциите на насочувачот. Тој само овозможува Ethernet сообраќајот да се извршува преку телефонски линии, кабли, оптички влакна или безжични радио честоти. На примачкиот крај се наоѓа друг модем кој го преведува пренесениот формат назад во дигитален податок.
Ова овозможува мрежно премостување користејќи телефон, кабел, оптика и радио поврзувачки методи. Модемот исто така спроведува Протокол на Ракување, така што уредите на секој крај на врската може да се препознаат. Во секој случај, модемот исто така спроведува уште неколку други функционалности.
  • USB модем се вклучува на еден компјутер и овозможува врска на тој компјутеро со WAN. Ако е правилно конфигуриран, тој компјутер исто така може да служи како насочувач за домашниот LAN.
  • Интерен Модем може да се инсталира на еден компјутер и исто така да овозможи тој компјутер да се поврзе на WAN. Исто така ако е правилно конфигуриран компјутерот, може да служи како насочувач за домашниот LAN.
  • Wireless access point може да функционира слично на модемот. Може да обезбеди директно поврзување од домашен LAN кон WAN, ако безжичен насочувач или access point е присутен на WAN - от.

Особености[уреди | уреди извор]

Освен основните поврзувања и насочувања, Резидентните Порти имаат и други одлики како:

Производители[уреди | уреди извор]

Има повеќе производители на мрежни уреди кои се користат како Резидентни Порти:

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]