Ред на Британската империја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големиот крст на Редот на Британската Империја


Највисок ред на Британската Империја (Most Excellent Order of the British Empire) е ред на витези основан на 4 јуни 1917 година од кралот Џорџ V.[1][2] Редот вклучува пет вида на цивилни и воени подалби. Тие се:

  • Витез Голем Крст на Редот на Британската Империја (Knight Grand Cross of the Order of the British Empire скратено - GBE) или Дама Голем Крст на Редот на Британската Империја (Dame Grand Cross of the Order of the British Empire скратено - GBE)[3]
  • Витез Командант на Редот на Британската Империја (Knight Commander of the Order of the British Empire скратено - KBE) или Дама Командант на Редот на Британската Империја (Dame Commander of the Order of the British Empire скратено - DBE)
  • Командант на Редот на Британската Империја (Commander of the Order of the British Empire скратено - CBE)
  • Офицер Командант на Редот на Британската Империја (Officer of the Order of the British Empire скратено - OBE)
  • Член на Редот на Британската Империја (Member of the Order of the British Empire скратено - MBE)

Само двата највисоки чина автоматски го прават човекот витез или дама, и им овозможува на добитникот на чинот да ја користат пред своето име титулата „Сир“ (за мажи) или „Дама“ (за жени). Кога се доделува почесно витештво на некој што не е по националност дел од кралството на на кралицата Елизабета II, титулата не треба да ја користи пред името.

Критики[уреди]

Редот е критикуван од одредени лица поради неговата поврзаност со идејата за Британска Империја. Членовите на Битлси се прогласени за членови на Редот во 1965 година. Џон Ленон по тој повод изјавил: „Многумина кои се противат на нашето влегување во Редот, чстанале членови на Редот поради своето херојство во војна - убивале луѓе... Ние го добивме нашето членство поради забавување на луѓето.“ На 25 ноември 1969 година, Џон Ленон го вратил членството во Редот, како дел од неговите мировни протсети.[4]

Меѓу останатите познати личности кои го одбиле или се откажале од членство во Редот се: Винстон Черчил, Вилијам Батлер Јејтс, Дејвид Боуви, Стивен Хокинг, и други.

Наводи[уреди]

  1. London Gazette: (Supplement) no. 30250, pp. 7791–7999, 1917-08-24. Retrieved 2010-06-13.Original Order of the British Empire Statutes dated 24 Aug 1917
  2. The Monarchy Today > Queen and public > Honours > Order of the British Empire royal.gov.uk: The Official Website of the British Monarchy, Accessed 24 August 2009
  3. Забелешка: Британската Империја не постои, но тој назив стои во името на Редот и треба да се употребува.
  4. Brian Roylance; George Harrison, John Lennon, Paul McCartney, Ringo Starr (2000). „The Beatles Anthology“. Chronicle Books. стр. 183. ISBN 0811826848. 

Надворешни врски[уреди]