Регулус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Regulus A/B/C
Leo constellation map.png
Регулус е лоциран горе-десно на оваа небесна карта.
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лав
Ректасцензија A: 10h 08 min 22.3s
BC: 10h 08 min 12.8/14s
Деклинација A: +11° 58' 02"
BC: +11° 59' 48"
Привидна величина (V) 1.35/8.14/13.5
Карактеристики
Спектрален тип B7 V/K1-2 V/M5 V
U−B боен показател −0.36/0.54
B−V боен показател −0.11/0.87
Променлив тип Slightly
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) +5.9 км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: 249 млс/г
Дек.: 2 млс/г
Паралакса (π) &1000000000000420900000042,09 ± &100000000000000790000000,79 млс
Оддалеченост 77 ± 1 сг
(23.8 ± 0.4 пс)
Апсолутна величина (MV) −0.52/4.2/9.5
Податоци
Маса 3.5/0.8/0.2 M
Полупречник 3.15–4.15/0.5/? R
Сјајност 150/0.31 L
Температура 10,300–15,400/? K
Ротација 315 km/s. (15.9 hours)/?
Старост 5 × 107 години
Други ознаки
Alpha Leonis, 32 Leo, Cor Leonis, Basilicus, Lion’s Heart, Rex, Kalb al Asad, Kabeleced, GJ 9316, HR 3982, BD +12° 2149/2147, HD 87901/87884, GCTP 2384.00, LTT 12716/12714, SAO 98967/98966, FK5 380, HIP 49669, TD1 14585.
Наводи во бази
SIMBAD податоци

Регулус (α Leo / α Leonis / Алфа Лав) — најсјајната ѕвезда од соѕвездието Лав и една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо. Регулус е оддалеченa приближно 77,5 светлосни години од Земјата, и е една од малкуте ѕвезди со традиционални имиња. Самиот систем е идентификуван како троен систем од ѕвезди. Регулус A, главната ѕвезда, има две придружни ѕвезди, Регулус Б и Регулус Ц, кои се многу блиску една до друга.

Набљудувања[уреди]

Регулус е најблиску до еклиптиката, и редовно е помрачена од Месечината. Се случуваат помрачувања и од планетите Меркур и Венера, но поретко. Последното помрачување на Регулус од планета се случило на 9 јули 1959 година, од Венера, а наредното ќе биде на 1 октомври 2044 година, повторно од Венера. Другите планети нема да го прекријат Регулус во наредните неколку милениуми, поради нивните позиции.

Сонцето секоја година околу 23 август доаѓа најблиску до Регулус.

Регулус е околу 3,5 пати поголемо од Сонцето, и е млада ѕвезда од само неколку стотици милиони години. Се врти екстремно брзо, со период на ротација од само 15,9 часа, што предизвикува да има заоблена форма.[1] Ова предизвикува фотосферата на половите на Регулус да биде значајно потопла и пет пати посјајна од нејзиниот екваторијален појас. Да се ротира само за 16% побрзо, центрипеталните сили би ја надминале силата на гравитацијата, и ѕвездата би се распаднала.

Видливост[уреди]

Регулус A е една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо со впечатлива привидна магнитуда. Регулус B е помало џуџе ѕвезда со спектрален тип `K2`. Последниот придружник, Регулус С, е мала црвена ѕвезда, со најслаба светлина од трите.

Систем[уреди]

Регулус е повеќеѕвезден систем составен од врела, сјајна, плаво-бела ѕвезда со пар помали и понесјајни придружнички. Двете ѕвезди орбитираат со период од 2.000 години, и се наоѓаат на раздалечина од околу 100 AU.

Етимологија[уреди]

Regulus е латински збор за 'принц' или 'мал крал'. Грчката варијанта Basiliscus исто така се употребува. Ѕвездата е позната и како Qalb Al Asad, од арапското قلب لأسد или Qalb[u] Al-´asad, со значење 'срцето на лавот'. Оваа фраза е преведена на латински како Cor Leonis, што е уште едно од имињата за оваа ѕвезда. Во Кина е позната како 轩辕十四, „Четиринаесеттата Ѕвезда на Ксуанјуан.

Персиските астролози во 3000 п.н.е. Регулус ја знаеле како Венант, една од четирите 'кралски ѕвезди'. Регулус е една од фиксните ѕвезди која има кабалистички симбол Agrippa1531 corLeonis.png.

Регулус

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]

  1. McAlister, H. A., ten Brummelaar, T. A., et al. (2005). „First Results from the CHARA Array. I. An Interferometric and Spectroscopic Study of the Fast Rotator Alpha Leonis (Regulus).“. „The Astrophysical Journal“ 628: 439–452. doi:10.1086/430730. 
  • Fred Schaaf, “Horrorfications of the Lion’s heart,” Небо и телескоп, април 2006 година.