Регистриран заштитен знак

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Регистриран заштитен знак е посебен знак кој покажува на определена индивидуална или бизнис организација или некој друг правен субјект, кој исклучиво се идентификува со своите потрошувачи преку овој знак од останатите ентитети. Регистрираниот заштитен знак е интелектуална сопственост, и вообичаено е поврзан со име, збор, фраза, лого, симбол, дизајн, слика или комбинација од овие елементи.

Сопственикот на регистрираниот заштитен знак, може да отпочне правна постапка со цел да спречи неавторизирана употреба на заштитниот знак. Исто така овој термин може да се употреби за јасно препознатливи атрибути кај познати личности.

Во Република Македонија, за спроведување и регистрирање на заштитени знаци се грижи државниот завод за заштита на индустриска сопственост.

[уреди] Погледни исто така