Реблинген ам Зе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реблинген ам Зе
Место во Зегебит Мансфелдер Ланд
Грб на Реблинген ам Зе
Реблинген ам Зе се наоѓа во Германија
Реблинген ам Зе
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Мансфелд-Зидхарц
Општина Зегебит Мансфелдер Ланд
Основни податоци
Површина 14 км2
Надм. височина 109 м
Население 3.059  (31 декември 2006)
 - Густина 219 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MSH
Пошт. бр. 06317
Повик. бр. 034774
Координати 51°27′00″ СГШ 11°40′00″ ИГД / 

Реблинген ам Зе (германски: Röblingen am See) е село и поранешна општина во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од општината Зегебит Мансфелдер Ланд, кој е административен центар.

Географија[уреди]

Реблинген ам Зе се наоѓа околу 12 километри југоисточно од Ајслебен. Составен е од три села:

  • Ноје Зидлунг
  • Обереблинген
  • Унтереблинген

Историја[уреди]

Црква Свети Стефан

Реблинген бил првпат спомнат со другите три села како Rebiningi документ на манастирот Херсфелд, кој бил создаден помеѓу 881 и 899. Во 932, Реблинген бил повторно спомнат во документ од опатијата Херсфелд како Seorebiningen in Comitati Sigfridi. Подоцнежниот датум бил користен за 1075-годишнината во 2007.

Политика[уреди]

Градоначалник[уреди]

Јирген Лудвиг бил избран како почесен градоначалник на 18 мај 2003.

Грб[уреди]

Блазонирање: „Поделен на сино и златно, во горниот дел има сребрен брод со сребрен рибар, кој уловил сребрена риба на јадицата, долу има црн габран кој стои со златен прстен во сребрениот клун.“

Знаме[уреди]

Знамето на општината има хоризонтални црни и жолти ленти, со грбот на средината.

Култура и знаменитости[уреди]

Споменик

Реблинген има протестантска црква, Свети Стефан.

Во лето секоја година се одржува фестивалот Fest am salzigen See (Фестивал на соленото езеро).

Инфраструктура[уреди]

Сојузниот автопат Б80 поминува 3 километри северно од Реблинген, поврзувајќи го Ајслебен со Хале (Зале). Реблинген има железничка станица.

Литература[уреди]

  • Willi Ule: Die Mansfelder Seen und die Vorgänge an denselben im Jahre 1892. erschienen 1895, eine neue Auflage erschien im Dingsda-Verlag, Querfurt 1994, ISBN 3-928498-29-0

Надворешни врски[уреди]