Реал Мадрид Кастиља

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Реал Мадрид Кастилја)

Матична статија: ФК Реал Мадрид.

Реал Мадрид Кастиља
Лого
Целосно имеРеал Мадрид Кастиља Клуб де Фудбал
Основан16 декември 1930
СтадионСтадион Алфредо ди Стефано
Мадрид, Шпанија
Капацитет12,000
ПретседателНиколас Мартин Санц
ТренерШпанија Раул Гонсалес
ЛигаСегунда Б - Група 1
2018–19Сегунда Б, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

Реал Мадрид Кастиља е шпански фудбалски клуб, кој моментално се натпреварува во Сегунда Дивисион Б, третата лига по ранг во Шпанија.

Клубот е подружник на првиот тим на Реал Мадрид, се наоѓа во главниот град на Шпанија и ги игра својте домашни натпревари на Стадионот Алфредо ди Стефано, кој се наоѓа во Мадрид во Валдебебас, инаугуриран е на 9 мај 2006 година и има капацитет од 12,000 седишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан во 1930 година под името Плус Ултра, и биле аматерска екипа. Осумнаесет години подоцна, во 1948 година склопиле договор со Реал Мадрид и станале нивна Б екипа. Реал им ветил финансиска помош, a Кастиља својте најдобри играчи ги препуштала на сениорскиот тим. Во 1949 година Кастиља го одиграла својот прв натпревар во Сегунда, а од 1952 станале и официјално Втор тим на Реал Мадрид. Во 1959 година стигнале до четвртфиналето на Купот на Шпанија познат уште и како Копа дел Реј, но таму загбиле од Гранада. Во педесеттите и шеесеттите станале вистински "расадник" на добри фудбалери кои подоцна играле за Реал и за шпанската репрезентација.

Од 21 јули 1972 официјално се нарекуваат под името Кастиља. Во тоа време владее "златната доба на клубот". Тогаш сè уште резервните екипи имале право да се натпреваруваат во Копа дел Реј. Во сезоната 1979-80, Кастиља стигнала до финалето. На патот до најголемиот успех дошле преку четири прволигашки екипи. Од натпреварувањето ги исфрлиле екипите на Еркулес, Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Спортинг Хихон. Последните две екипи завршиле на второто и третото место во Примера, додека прв бил Реал. Во финалето Кастиља требало да и се спротивстави на својата сениорска екипа, Реал Мадрид. И покрај тоа што пружиле добра игра, поразени се убедливо од силниот противник со вискоки 6-1. Тоа е единствениот случај во историјата кога А и Б тимовите на некоја екипа играле финале во некое домашно натпреварување. Откако завршил натпреварот, капитените на двата тима заедно го подигнале пехарот и со него направиле почесен круг. Бидејќи таа година Реал ги освоил и Примера и Копа дел Реј, со пласманот во финалето Кастиља обезбедила право да учествува во Купот на победниците на куповите. Меѓутоа таму ги завршиле настапите уште во 1. коло каде биле елиминирани од Вест Хем Јунајтед. Во 1984 Кастиља ја освојува 2. лига, но не се пласирале во повисок ранг затоа што таму веќе настапувала сениорската екипа. Таа година во клубот играле Емилио Бутрагуењо, Маноло Санчис, Мартин Васкес, Мичел и Мигел Пардеса, петка попозната како Quinta del Buitre. Во доцните 80-ти години за Кастиља играл, a од 1993 до 1995 бил тренер Рафаел Бенитес.

Во 1991 година Шпанската фудбалска федерација забранила посебни имиња за резервните екипи, па името Кастиља морало да се промени. Тогаш го носеле името Реал Мадрид Б или Реал Мадрид Депортива. Во вој период во школата на Реал никнале легенди како што се Раул Гонсалес, Гути и Икер Касиљас како и други играчи кои направиле одлчина кариера во други клубови како Хуан Мата и Сантјаго Кањисарес.

Во сезоната 2004-2005 тренерот Хуан Рамон Лопес Каро го внел тимот во Сегунда и повторно "оживува" името Кастиља. Името се враќа, се сели на нов стадион, а клубот и понатаму дава одлични млади играчи како Роберто Солдадо, Алваро Арбелоа и Алваро Негредо. Во сезоната 2006-2007 тимот испаднал во Сегунда Б.

Кастиља повторно се враќа во Сегунда во сезоната 2011-2012, кога во плејофот ја "прегазиле" екипата на Кадис со вкупен резултат во двата натпревара 8-1. Првата сезона (2012-2013) по враќањето била одлична и Реал Мадрид Кастиља го зазема 8. место во Сегунда. Меѓутоа, следната сезона двајцата најдобри играчи Алваро Мората и Хесе Родригес му се приклучуваат на сениорскиот тим, а Кастиља повторно испаѓа во Сегунда Б, заземајќи го 20. место со 49 освоени бодови, 2 помалку од првата екипа што изборила опстанок.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Фернандо Пачеко
2 Шпанија ОД Диего Љоренте
5 Екваторска Гвинеја СР Маскарел
6 Шпанија СР Хосе Родригес
7 Шпанија СР Лукас (к)
10 Шпанија СР Борха Гарсија
12 Уругвај ОД Леандро Кабрера
13 Шпанија ГМ Јакоб
14 Шпанија ОД Дерик
15 Шпанија СР Кико Феменија
16 Шпанија СР Серхио Агуза
18 Шпанија ОД Хорхе Пулидо
Бр. Позиција Играч
19 Шпанија НП Рубен Собрино
21 Шпанија НП Бурхуи
22 Екваторска Гвинеја СР Рубен Белима
23 Шпанија ОД Хави Ноблехас
25 Шпанија ГМ Рубен Јањез
26 Шпанија СР Лукас Торо
28 Шпанија НП Раул де Томас
30 Перу СР Бенавенте
31 Колумбија НП Хуан Нарваез
33 Доминиканска Република НП Маријано
34 Шпанија СР Алваро Медран
35 Шпанија ОД Хосе Леон

Тренери[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Вицешампиони: 1979–80
Победници (1): 1983–84
Победници (4): 1990–91, 2001–02, 2004–05, 2011–12
Победници (6): 1948–49, 1954–55, 1956–57, 1963–64, 1965–66, 1967–68

Сезона по сезона[уреди | уреди извор]

Сезона Дивизија Место Копа дел Реј
1946/47 5th
1947/48 5th 1st Round
1948/49 1st 2nd Round
1949/50 3rd 3rd Round
1950/51 7th DNQ
1951/52 12th DNQ
1952/53 15th 1st Round
1953/54 3rd
1954/55 1st
1955/56 15th
1956/57 1st
1957/58 7th
1958/59 10th QF
1959/60 4th 2nd Round
1960/61 7th 1st Round
1961/62 7th 1st Round
1962/63 16th 1st Round
1963/64 1st
1964/65 3rd
1965/66 1st
1966/67 2nd
1967/68 1st
Сезона Дивизија Место Копа дел Реј
1968/69 3
1969/70 3 2.коло
1970/71 11 1.коло
1971/72 10 2.коло
1972/73 4 1.коло
1973/74 4 3.коло
1974/75 4 3.коло
1975/76 3 1.коло
1976/77 4 2.коло
1977/78 2ªБ 2 2.коло
1978/79 7 3.коло
1979/80 7 финалист
1980/81 11 4.коло
1981/82 8 3.коло
1982/83 6 2.коло
1983/84 1 QF
1984/85 5 2.коло
1985/86 12 QF
1986/87 5 1.коло
1987/88 3 QF
1988/89 15 2.коло
1989/90 18 1.коло
Сезона Дивизија Место
1990/91 2ªB 1
1991/92 16
1992/93 6
1993/94 6
1994/95 8
1995/96 4
1996/97 18
1997/98 2ªБ 2
1998/99 2ªБ 3
1999/00 2ªБ 5
2000/01 2ªБ 7
2001/02 2ªB 1st
2002/03 2ªB 6th
2003/04 2ªB 2nd
2004/05 2ªB 1st
2005/06 11th
2006/07 19th
2007/08 2ªB 5th
2008/09 2ªB 6th
2009/10 2ªB 8th
2010/11 2ªB 3rd
2011/12 2ªB 1st
Сезона Дивизија Место
2012/13 8
2013/14 20
2014/15 2ªБ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]