Даночен рај

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рај за даночни обврзници)
Прејди на: содржини, барај

Даночен рај или рај за даночни обврзници претставува земја или територија каде одредени даноци се наметнуваат на ниска стапка или воопшто ги нема.

Атрактивно е за некои поединци и/или корпоративни субјекти да се преселат во вакви локации со намалени даноци или пак нивоа со нула оданочување. Ваквата ситуација создава даночна конкуренција меѓу владите на меѓународно ниво. Различните јурисдикции имаат тенденција да бидат рај за различни видови на даноци, како и за различни категории на лица и/или компании.

Тоа што го одликува некое место како даночен рај е постоењето на сложена даночната структура основана намерно да ја искористи, и експлоатира, светската побарувачка за легално одбегнување на данокот.