Раѓехови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Раѓехови
—  Cело  —
Поглед на селото Раѓехови од планината Матиска
Раѓехови се наоѓа во Полска
Раѓехови
Координати: 49°38′48″ СГШ 19°07′33″ ИГД / 
земја  Полска
Највисока точка 560 м
Најниска точка 380 м
Население 4.541 жит.
Дрвени куќи на улицата „Глувна“ во Раѓехови - 2010
Споменик во чест на жртвите во Втората светска војна

Раѓехови (полски: Radziechowy) е село во Полска, коешто се наоѓа во шлонската административна област, во реонот на Живјец, во општината Раѓехови - Вјепж.

Од 1975 до 1998 година ова место административно припаѓало на бјелската област.

Низ ова село тече реката Вјешник, којашто делумно е регулирана.

Потекло на името[уреди]

Потеклото на името Раѓехови не е еднозначно. Во една од теориите се истакнува дека потеклото на ова име е од - Radziechowy - "radzi tu byli chować" - и мртвите тука милуваат да бидат закопани. Оваа теорија се заснива врз фактот дека раѓеховската парафија била најстара по живјецката, и се простирала се до границите на Звардоњ. Другата теорија е многу поверојатна, бидејќи во неа се истакнува дека потеклото на името на ова село произлегува од името Radziesz, Radziech, Radzich или Radziej. Најверојатно тоа било името на Маќеј Радван од шлонската лоза на Радвинити. Тие ја поседувале оваа земја и тука селото било основано според полското право (ius polonicae).

Историја на селото[уреди]

Раѓехови е едно од најстарите села во живјецката околија, постои околу шестотини години. Во хрониките и документите се појавува како место на коешто се случиле многу трагични настани. Во 1656 година за време на војната со Шведска (шведски потоп), селото било речиси целосно уништено во пожар, а поголемиот дел од мештаните биле убиени како казна за учеството на селаните во одбраната на манастирот Јасна Гора.

Во триесетите години на XX век селото имало развиено типично агро-туристичка функција.

За време на втората Светска Војна речиси сите жители од селото биле преселени во лубелската околија и голем број куќи биле уништени.

Во 1954 година од ова село се издвојува селцето Твардожечка, кое станало посебно село и влегло во административната единица на општината Липова. Во 2004 година и Пшибенѕа веќе не припаѓала во раѓеховскиот атар, но останaла во рамките на општината Раѓехови-Вјепж.

Туристика и спорт[уреди]

На ова место вреди да се посети: парафијалната црква (нејзиниот најстар дел – презвитериумот потекнува од крајот на XIV век), обновена е на преминот од 70 и 80 години на дваесеттиот век благодарение на отецот Станислав Гавлик и жителите од раѓеховската парафија како и малата капела св. Ана. На ридот Матиска стои Милениумскиот крст, кој се гледа дури од Бјелско-Бјала која е одалечена повеќе од 20 километри. По патот кон Матиска (улица Зјелона) во септември 2009 година завршена е изградбата на сите четиринаесет сцени кои ги прикажуваат маките на Исус – Бескидска Голгота. Раѓехови е место во кое параглајдеристите учат да летаат. На падините на ридот Матиска и Раѓеховската Копа (уште позната како Вапјеник «Варовник») преовладуваат добри услови за учење на таа спортска дисциплина, но исто така и за одвивање на рекреативни, летови на мали далечини. Освен летање исто така може да се јава на коњи и да се планинари. Оттука започнува патеката кон Раѓеховското Пасиште, од каде што може понатаму да се појде кон Барања Гура или Скшична.

Занимливи објекти и места[уреди]

Парафијалната црква св. Мартин во Раѓехови
  • Парафијалната црква св. Мартин
  • Капелата "Кај дедото", каде што секоја година на 26 јули се одржува света миса за празникот Света Ана и миса посветена на децата
  • Милениумскиот Крст на Матиска заедно со сцените кои ги прикажуваат маките на Исус наречени Бескидска Голгота и се протегаат до самиот врв
  • Вапјеник (Варовник) – индустриски споменик (на свероисточната падина на Раѓеховската Копа)
  • Училиштето коешто го носи името на епископот Станислав Гавлик во Раѓехови, претходно наречено Основно училиште во Раѓехови – изградено во шеесетите години на дваесетиот век во рамките на проектот илјада училишта по повод илјада години постоење на Полска, во седумдесетите години во склоп на ова училиште е доградено ново.
  • Старите гробишта – таму се наоѓа споменикот во чест на жителите на ова село, коишто биле убиени во Аушвиц
  • Старите дрвени куќи – пред се на улиците "Глувна" и св. Мартин (постојат само неколку)
  • Дрвени штали и други селски објекти порано користени од домаќинствата кои се занимавале со земјоделство – сега се поретко ја исполнуваат својата првобитна функција.

Наводи[уреди]

  • Władysław Pieronek, Kronika Radziechów (do 1966 roku) , Źródła do Historii Ziemi Żywieckiej, Tom III (dokumenty powojenne), Kraków 2008, ISBN 978-83-925111-3-7