Растока
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Растока е река која се разгранува од голема река пред да се влее во море, особено во речна делта. Феноменот е познат како речна бифуркација. Спротивно на растока е притока.
Содржина |
[уреди] Северна Америка
Во Луизијана, на пример, реката Ачафалаја се разделува од реката Мисисипи. Во некои случаи, растоката може да „кради“ толку вода од својот родител што таа може да стане главната рута. Всушност, ова е сериозен проблем за Њу Орлеанс, поради тоа што Ачафалаја тече по пострмен пат до Заливот на Мексико, и затоа зема сè повеќе и повеќе вода од Мисисипи. Ова било запрено скоро, и тоа со изградбата на брана со цел да се контролира истекот на Мисисипи во Ачафалаја.
[уреди] Јужна Америка
Реката Касиквијаре е растока на горно Ориноко, која што течи јужно кон Рио Негро и формира уникатен природен канал помеѓу речните системи Ориноко и Амазон. Таа е најголемата река на планетата која поврзува два големи речни система.
[уреди] Азија
Други забележителни растоки се реката Колидам, растока на реките Кавери и Хугли, растока на реката Ганг, и двете во Индија.
[уреди] Европа
Ијсел, Вал и Недеријн (долна Рајна) се трите главни растоки на Рајна. Реката Актуба е главната растока на Волга.
Во Србија (Косово) реката Неродимка по пат на бифуркација дава вода на црноморскиот слив (преку реката Ибар) и на егејскиот речен слив (преку реката Лепенец).
[уреди] Македонија
Радика е единствената река во Македонија која по пат на вештачка бифуркација дава вода на јадранскиот (Црн Дрим) и егејскиот речен слив (Вардар, со пренос на вода преку хидросистемите Маврово и Врбен).
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |