Раскинати прегратки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Раскинати прегратки“
Los-abrazos-rotos.jpg
Постер
Режирано од Педро Алмодовар
Продуцент Педро Алмодовар
Агустин Алмодовар
Сценарист Педро Алмодовар
Настапуваат Пенелопе Круз
Бланка Портиљо
Љуис Омар
Лола Дуењас
Анхела Молина
Роси де Палма
Музика Алберто Иглесијас
Кинематографија Родриго Прието
Студио Ел Десео
Премиера Шпанија:
18 март 2009
САД:
20 ноември 2009
Времетраење 129 минути
Држава Шаблон:FilmSpain
Јазик шпански

Раскинати прегратки (шпански: Los Abrazos Rotos) е филм на Педро Алмодовар снимен во 2009 година, а сместен во 1990-те и сегашноста. Филмот е сниман во стилот на американските филм ноар филмови од 1950-те. Во филмот глумат Анхела Молина, Лола Дуењас и Пенелопе Круз, актерки кои често се појавуваат во филмовите на Алмодовар.

Филмот беше прифатен во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал 2009 и се бореше за престижната Златна палма.[1]

Синопсис[уреди]

Еден човек пишува, живее и љуби во темнина. Пред 14 години доживува тешка сообраќајна несреќа на островот Лансароте. Во таа несреќа не само што го губи видот, туку и жената на неговиот живот, Лена.

Овој човек користи две имиња: Хари Кејн, псевдоним со кој ги потпишува своите книжевни дела, приказни и сценарија, и Матео Бланко, име кое го користи во вистинскиот живот и со кое ги потпишува филмовите коишто ги режира. По несреќата, тој решава да го користи само псевдонимот Хари Кејн. Помислата дека не може да режира филмови го наведува на идејата дека Матео Бланко умрел во Лансароте заедно со љубената Лена.

Во сегашноста, Хари Кејн живее благодарение на сценаријата што ги пишува и со помошта на неговата верна пријателка и продуцентка Џудит Гарсија, и на Диего, синот на Џудит, кој е секретар, меканограф и кој му помага да се движи.

По одлуката да живее и да раскажува приказни, Хари е активен и атрактивен слеп човек, кој ги развил сите други сетила за да ужива во животот, врз база на иронија и самонанесена амнезија. Од својата биографија целосно го избришал неговиот претходен идентитет, Матео Бланко.

Една вечер, на Диего му се слошува и Хари се грижи за него (додека Џудит е надвор од Мадрид и решаваат да не ја загрижуваат). Уште првите ноќи од закпренувањето, Диего го прашува за времето кога тој се викал Матео Бланко. Хари решава да му раскаже за настаните пред 14 години со намера да го забавува, како што еден татко му раскажува приказна на синот пред да заспие.

Приказната на Матео, Лена, Џудит и Ернесто Мартел е приказна за една „луда љубов“, управувана од фаталноста, љубомората, неверноста и грижата на совест. Една ужасна и емотивна љубовна приказна која најдобро може да се отслика со слика на двајца љубовници прегрнати, раскината на илјада парчиња.[2]

Улоги[уреди]

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]