Ранис

Координати: 50°39′50″N 11°34′5″E / 50.66389° СГШ; 11.56806° ИГД / 50.66389; 11.56806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ранис

Ranis

Замокот и градот Ранис
Замокот и градот Ранис
Замокот и градот Ранис
Грб на Ранис
Ранис во рамките на Германија
Ранис
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Орла
Општ. заед. Ранис-Цигенрик
Градски единици 4
Градоначалник Андреас Глизинг (CM/GEV)
Основни податоци
Површина 10,57 км2
Надм. височина 380 м
Население 1.657 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 157 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SOK
Пошт. бр. 07389
Повик. бр. 03647
Портал www.stadt-ranis.de
Местоположба на градот Ранис во рамките на округот Зале-Орла
Карта
Карта
Координати 50°39′50″N 11°34′5″E / 50.66389° СГШ; 11.56806° ИГД / 50.66389; 11.56806

Ранис (германски: Ranis) — мал град во округот Зале-Орла, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 15 километри источно од окружниот град Залфелд и 30 километри јужно од безокружниот град Јена.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ранис-Цигенрик.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ранис се наоѓа помеѓу Тириншки Холцланд на север и вештачкото езеро Хоенварте на југ на 380 метри. Низ него поминува потокот Шретерсбах.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини се Песнек, Вернбург, Шморда, Зајзла и Крелпа.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од местата Ранис, Бранденштајн, Лудвигсхоф и Херолдсхоф.

Поглед на Ранис

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на градот Ранис се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Партија / Листа Удел Места
FWG Слободни гласачи Ранис 60,0 % 7
CDU Демохристијански сојуз на Германија 19,0 % 2
GEV Стопански сојуз 15,3 % 2
Grüne Сојуз 90/Зелени 5,7 % 1
Вкупно 100 % 12
Излезност: 64,3 %

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ранис е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]