Рак на грло

Од Википедија — слободната енциклопедија
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
Рак на грло
Ларингеален карцином-ендоскопски преглед
СпецијалностОнкологија Уреди на Википодатоците

Ларингеален карцином(рак на ларинксот) претставува злоќуден тумор на гркланот. Повеќето од ларингеаленитекарциноми се сквамозени, потекнуваат од сквамозни клетки кои се формираат во ларингеалениот епител. Карциномот може да се развие во било кој дел на грлото, но стапка на лекување е зависна од локацијата на туморот. Во зависност од локацијата на туморот, ларинксот е поделен на три анатомски регии:

  • глотис,
  • супраглотис,
  • субглотис.

Повеќето случаи од овој тип на карцином се локализирани во глотисот, карциномите во супраглотеалниот регион се поретки, а оние во субглотисот се најретки. Овој тип на карцином многу брзо се шири, и тој може да метастазира во регионалните лимфни јазли , но може да отиде и многу подалеку ширејќи се преку крвта. Најзабележани места на расејување (метастазирање) на овој карцином се белите дробови.

Ризични фактори[уреди | уреди извор]

Дефинитивно, пушењето е фактор број еден кој предизвикува рак на грлото. Смртноста од рак на грлото е за 20 пати поголема кај луѓето кои се пушачи за разлика од оние коишто не пушат. Конзумацијата на алкохолни пијалаци е исто така многу значаен ризичен фактор. Нај опасно е кога овие два ризични фактори се употребуваат во комбинација! Овој тип на карцином почесто се забележува кај машката популација, претежно кај лица над 55 години. Луѓето кои претходно имале некаков вид на карцином особено на главата, вратот и белите дробови се особено ризични за појава на карцином на грлото. Овие делови се најпогодени од канцерогените состојки кои се содржат во цигарите и алкохолните пијалаци. Се смета дека ризикот значително се намалува доколку се откаже употребата на алкохол и цигари.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите на ларингеалниот карцином зависат од локацијата и големината на туморот.

  • зарипнатост или промена на гласот,
  • чувство на страно тело во вратот,
  • воспаление на вратот,
  • постојана кашлица,
  • гребење во грлото,
  • стридор,
  • лошо дишење,
  • дисфагија,
  • болка во увото.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Дијагнозата се поставува од страна на лекар, врз основа на анамнеза, физикален преглед, како и посебни испитувања кои можат да вклучат, КТ или МРИ, и ткивна биопсија. Физикалниот преглед се прави за да се проверат некои симптоми кои укажуваат за појава на овој карцином или за развој на метастази, со палпација во пределот на гркланот и со проверка преку усната празнина. Ова се прави со таканаречена ларингоскопија која се изведува со помош на огледало со продолжена рачка, (слично на огледалцето кај стоматологот) и силна светлина. Во современата медицина се користи и специјална фибер-оптичка носна ендоскопија каде што јасно се осветлува и се визуелизира овој дел. При изведба на овој преглед може да се користи локална анестезија во вид на спреј. Ако постои сомневање за карцином, се врши биопсија, обично под општа анестезија. Ова обезбедува хистолошки доказ за постоењето на оваа болест. За време на земањето на биопсијата често се врши целосен ендоскопски преглед на ларинксот.

Третман[уреди | уреди извор]

Специфичниот третман зависи од локацијата, типот и степенот на туморот. Третманот може да вклучи хируршка интервенција, радиотерапија или хемотерапијата, самостојно или во комбинација.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рак на грклан - Македонски портал за ракот Архивирано на 10 април 2017 г.