Разрикани четириесетки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Едренички пат“ - воден пат по кој оделе бродовите од Англија до Австралија/Нов Зеланд

Разриканите четириесетки или Бурни четириесетки (англ. Roaring Forties) е морнарски назив за појасот помеѓу 40° ЈГШ и 50° ЈГШ, наречен по силните западни ветрови што предоминираат во него. Бидејќи во овој појас има значително помалку копени маси, ветриштата се мошне силни на Јужната Полутопка, особено во јужниот дел на Индискиот Океан, т.е. Јужниот Океан. Ветровите се најсилни на 50° ЈГШ.

Разриканите четириесетки играле важна улога во т.н. „едренички пат“. За нивен прв откривач се смета холандскиот морепловец Хендерик Браувер, кој ги користел како брз начин на стигнување до Батавија (Холандска источноиндиска компанија).

Поврзано[уреди]