Разоткривачи на митови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Разоткривачи на митови
Жанр Документарна емисија
Наука
Создадена од Питер Рис (Peter Rees)
Настапуваат Џејми Хајнеман (Jamie Hyneman)
Адам Севиџ (Adam Savage)
Тори Белечи (Tory Belleci)
Кери Бајрон (Kari Byron)
Грант Имахара (Grant Imahara)
Раскажувано од Роберт Ли (Robert Lee)
Робин Бенкс (Robin Banks) (за Европа)
Земја на потекло Австралија
Соединети Американски Држави
Јазик англиски
Број на сезони 9
Број на епизоди 196
Продукција
Локаци(ја/и) Сан Франциско
Времетраење 43 минути
Дистрибутер Дискавери Комјуникејшнс (Discovery Communications)
Бијонд Дистрибушн (Beyond Distribution)[1]
Емитување
Канал на емитување Дискавери Ченл (Discovery Channel)
Формат на слика 480i (SDTV)
1080i (HDTV)
Емитување јануари 23 2003 (2003-01-23) – сè уште се емитува
Официјална Веб-страница

Разоткривачи на митови (англ. MythBusters) е научно-забавна емисија која ја направи австралиската компанија Бијонд Телевижн Продакшнс (Beyond Television Productions),[1] на почетокот наменета за американскиот Discovery Channel. Серијалот го емитуваат бројни меѓународни телевизии: СБС Еден (SBS One), Discovery Channel Australia (Австралија), Discovery Channel Latin America (Латинска Америка), Discovery Channel Canada (Канада), Квест (Quest) и Discovery Channel во Обединетото Кралство. Водители на емисијата се стручњаците за специјални ефекти Адам Севиџ (Adam Savage) и Џејми Хајнеман (Jamie Hyneman). Тие користат научен пристап за да ја проверат вистинитоста на одредени гласини, митови, филмски сцени, поговорки, видео снимки од Интернет и приказни.

Снимањето се одвива во Сан Франциско, Калифорнија, а понекогаш и во Артармон, Австралија. Подготовките и некои експерименти се вршат во работилниците на Хајнеман, експериментите за кои е потребен поголем простор или посебни услови се снимаат на соодветни локации најчесто во околината на заливот Сан Франциско (San Francisco Bay Area) и други места во Северна Калифорнија. Во текот на втората сезона некои од членовите на тимот на Севиџ и Хајнеман направија втор тим т.н. „Градежен тим” ("The Build Team") и сега најчесто тестираат митови одделно од главната двојка.

Историја[уреди]

Првичната идеја беше за емисија на Discovery Channel наречена Бабини деветини или Вистина[2] замислена во 2002 год. од австралискиот писател и продуцент од компанијата Бијонд Продакшнс (Beyond Productions) Питер Рис (Peter Rees). Дискавери (Discovery) првично го одби предлогот затоа што веќе одобрија снимање серијал со иста тематика. Рис направи некои измени со кои емисијата би се насочила кон проверување на клучните елементи во приказните, а не само на нивно прераскажување. Дискавери (Discovery) се согласи да направи и копродуцира три епизоди т.н. пилот-епизоди. Хајнеман беше само еден од неколкуте мајстори за специјални ефекти од кои беше побарано да снимат видео снимка како дел од аудицијата и да ја пратат во телевизијата на разгледување. Рис порано го имаше интервјуирано како дел од популарниот научен серијал Бијонд 2000 (Beyond 2000) (После 2000-та год.) за британската/американската серија за борба со роботи ''Робот Ворс'' (Robot Wars). Хајнеман го побара Севиџ, со кого претходно соработувал при правење реклами, како и во емисијата за борба со роботи БетлБотс (BattleBots), да му помогне во водењето на емисијата, затоа што како што вели Севиџ, Хајнеман се сметал себе си за недоволно интересен па самиот да може да води една ваква емисија. [3][4]

Во јули 2006-тата год. во Обединетото Кралство започна со емитување 30-минутна преработена верзија на Разоткривачи на митови. Во епизодите кои се прикажуваат на европскиот Discovery Channel понекогаш се вклучени дополнителни сцени кои ги нема во американската верзија (некои од овие сцени потоа ги вклучуваат во специјални емисии).

Членови на водителската екипа[уреди]

Севиџ и Хајнеман се оригиналните Разоткривачи на митови и првично ги истражуваа сите митови користејќи го нивното искуство со специјални ефекти. Двајцата работат во работилницата на Хајнеман М5 Индустрис (M5 Industries). Голем дел од работата ја вршат неговите вработени надвор од рамките на екраните, а во рамките на екраните се прикажуваат двајцата водители како работат во работилницата. Текстот го чита Роберт Ли, а во некои региони неговиот глас се синхронизира со глас на локален читач на текст.

Со текот на времето некои членови на екипата им беа претставени на гледачите и почнаа редовно да се појавуваат во епизодите. Тројца од нив, уметничката Кери Бајрон (Kari Byron), градителот Тори Белечи (Tory Belleci) и металската работничка Скоти Чепмен (Scottie Chapman) во втората сезона беа органзирани во втор тим на Разоткривачи на митови т.н. „Градежен тим” ("Build Team"). Откако Чепмен (Chapman) ја напушти емисијата во третата сезона, Грант Имахара (Grant Imahara), колега на Хајнеман, беше вработен за да му придонесе на тимот со своето искуство во областите на елетрониката и роботиката. Во средината на 2009 год. Бајрон зеде породилно боледување, а нејзиното место привремено го зазеде Џеси Комбс (Jessi Combs)[5]. Бајрон се врати во втората епизода од осмата сезона. Градежниот тим сега работи во засебна работилница наречена М7,[6] и истражува различни митови од главната двојка. Вообичаено двата тима се прикажуваат како истражуваат различни митови наизменично, иако повремено работат и заедно.

Во серијалот имаше двајца стажанти: победничката на натпреварување организирано од Discovery Channel Кристин Чембрлен (Christine Chamberlain) и победникот во натпреварот за градење направи Џес Нелсон (Jess Nelson). За време на првата сезона како дел од емисијата се појавуваше фолклористката Хедер Џосеф-Витам (Heather Joseph-Witham) и го објаснуваше потеклото на некои од митовите кои ги проверуваа и кажуваше за луѓето кои нив ги искусиле од прва рака, но тие делови набрзо беа исфрлени од емисијата. Разоткривачите на митови сè уште често се советуваат со стручњаци за митови и области во кои имаат потреба од помош како: огнени оружја, за кои најчесто бараат совети од подофицерот Ал Норманди (Al Normandy) од полициската единица за јужен Сан Франциско, и експлозиви, за кои се консултираат со пензионираниот стручњак за експлозиви на ФБИ Френк Дојл (Frank Doyle) и наредникот Џеј Ди Нелсон (J.D. Nelson) член на Бирото на Шерифот во округот Аламида (Alameda County Sheriff's Office). Исто така, Разоткривачите ги прашуваат и оние кои ги снабдуваат со опрема дали знаат нешто за митот кој го истражуваат.

Епизоди[уреди]

Нема постојан систем за организирање на епизодите на Разоткривачи на митови по сезони. Програмата не оди според вообичаениот календар со периоди кога се и не се емитува емисијата. На официјалната интернет страница/веб-локација епизодите се подредени по година на емитување.[7] Од друга страна, Дискавери (Discovery) продава ДВД колекции по „сезони” кои некогаш се според календарската година, а некогаш и не се. [8] Покрај тоа, Дискавери (Discovery) и продавниците на мало продаваат и „комплети” во кои епизодите се поделени на различен начин со тоа што секој комплет содржи од 10 до 12 епизоди од различни сезони.

Содржина на епизодите[уреди]

Секоја епизода вообичаено разработува две или три урбани легенди, гласини на Интернет или друг вид на митови. Списокот на митови кои ги проверуваат во емисијата се прави од многубројни извори, вклучително со личните искуства на екипата и предлози од љубителите на емисијата, како што се оние објавени на интернет форумите на Дискавери Ченл (Discovery Channel) посветени на Разоткривачите на митови.[9] Од време на време, епизодите се режирани на тој начин што сите митови во дадената епизода се на иста тема, како на пример пирати или ајкули, и ги нарекуваат „Специјални тематски” епизоди. Заклучно со мај 2009 год. за четири митови беа потребни толку обемни подготовки и тестирања што на нив беа посветени цели епизоди.[10][11][12][13] и четири специјални епизоди траеја двојно подолго.[14][15][16][17] Имаше неколку епизоди (вклучително со Специјалната празнична емисија во 2006-тата год.) во кои се градеше Руд Голдберговата машина (машина која има за цел да врши едноставни задачи на што покомплициран начин). Пред водителите да го претстават митот се прави шематски план со цртеж поврзан со митот. Откако ќе го претстават вообичаено следува комичен приказ на митот.

Пристап кон експериментите[уреди]

Разоткривачите на митови проверката на митовите вообичаено ја прават со постапка составена од два чекори. На почетокот тие беа, како што вели Севиџ, создавање на истите околности од митот и добивање на истите резултати/последици како оние од митот.[18] Ова значи дека тимот најпрво се обидува да ги создаде истите услови кои се наведени во митот, да видат дали ќе го добијат истиот резултат или последица, а доколку не им успее, се обидуваат да ги изменат околностите сè додека не го добијат посакуваниот резултат/последица. Повремено, и тоа најчесто Хајнеман и Севиџ, се натпреваруваат меѓу себе кој ќе го пронајде најдоброто решение за реплицирање на резултатите. Ова најчесто е случај со митови во кои треба да се изгради некој предмет или конструкција кој/а треба да постигне одредена цел (на пример брзо ладење на пиво или пронаоѓање на игла во сено).

Нема некој посебен метод кој тимот задолжително го употребува во поглед на физичка постапка, но повеќето митови наложуваат изградба на разни предмети или конструкции кои помагаат при проверувањето на митот. Ги користат нивните работилници да го направат она што им треба, а тука неретко спаѓаат механички направи и сценографија која ќе ги имитира условите од митот. Кога митот вклучува интеракција меѓу луѓе, доста често таа се изведува механички (со вештачки кукли) за поголема безбедност, како и за постигнување на доследност при повторени обиди. Методите за проверување на митовите се планираат и изведуваат на начин на кој се добиваат визуелно повозбудливи резултати,[19] а тоа се постигнува со: експлозии, пукање, и/или судири на возила. Токму поради ова доста чести се митови и тестови кои вклучуваат експлозиви, огнени оружја и судири на возила.

Некои од тестовите се изведуваат само во работилницата, но често има потреба од тестирање надвор. Поголемиот дел од тестирањата во првите сезони кои требаше да се изведуваат надвор се изведуваа на паркиралиштето на М5 (работилницата). Исто така користат контејнер за пренесување на товар кој служи како изолирана соба при опасни митови, а експериментот се активира однадвор. Меѓутоа, зголемувањето на буџетот овозможи патување на други локации во Сан Франциско и околината. Такви се одредени затворени воени објекти и полигонот за вежби на бомбашката единица и единицата за огнено оружје на Шерифот. Од време на време, главно за специјални епизоди, се снима надвор од државата, па дури и надвор од С.А.Д.

Резултатите се мерат на начин кој научно соодветствува на дадениот експеримент. Некои резултати може да се измерат со едноставни стандардни нумерички средства за мерење како мултиметар, разни видови термометри итн. За мерење резултати кои немаат бројни вредности тимовите употребуваат неколку различни видови на опрема која овозможува друг вид на надгледување. Кога тестираат физички последици по човечкото тело кои би биле премногу опасни да се тестираат на жив човек, Разоткривачите на митови користат човечки имитации. Во почетокот воглавно користеа кукли за тестирање на судири (особено една, која ја именуваа Бастер (Buster)) при набљудување на директни последици од некој вид на удар (пример модринки) и балистички желатин за тестирање на влезни рани (пример убод со нож). Со текот на времето започнаа да употребуваат свински трупови во експерименти во кои е потребна подобра имитација на човечко месо, коски и органи. Исто така понекогаш прават калапи од вистински или вештачки коски и балистички гел за да имитираат одредени делови од телото.

Со цел визуелно да можат да ги набљудуваат и определуваат резултатите или последиците од митовите, но и како уникатни визуелни ефекти во емисијата употребуваат камери за мерење големи брзини кои станаа заштитен знак на серијалот.

Поради телевизиските временски ограничувања на епизодите тестирањата се прикажуваат во скратена варијанта. Токму затоа понекогаш изгледа како тимовите да доаѓаат до резултати со помалку повторувања и помалку податоци отколку што тие вистински имаат направено. Во специјалната емисија "Отфрлени делови од Разоткривачи на митови" (Outtakes Special) тие укажуваат на тоа дека навистина многу темелно ги проверуваат митовите и ги повторуваат експериментите повеќе пати во повеќе различни услови, но едноставно е невозможно сите тие да се прикажат во текот на една емисија. Почнувајќи од петтата сезона во епизодите почна да се појавува порака до гледачите да ја посетат почетната страница на интернет страницата/веб-локацијата ако сакаат да ги видат отфрлените делови, дополнителните тестирања и други факти за митовите кои ги проверуваат. Но, самиот Севиџ призна дека не секогаш успеваат да дојдат до резултат кој ќе ги отстрани сите сомнежи.[20] Како одговор на критиките кои ги добија за методите и заклучоците кои ги донесоа во некои претходни епизоди,[20] екипата сними неколку епизоди наречени „Преиспитување на митови” во кои тимовите повторно проверуваат одредени митови за да видат дали гледачите биле во право. Во некои од овие епизоди митовите дадоа поинаков резултат, но во повеќето Разоткривачите беа во право.

Има некои митови кои Разоткривачите одбиваат да ги тестираат. Натприродни работи како вонземјани или духови не може да се тестираат со научни методи, иако имаше еден исклучок, моќта на пирамидите, по кој Адам рече: „Немојте повеќе уги-буги митови ќе ве молам”. Емисијата избегнува експерименти во кои се бара да повредат живи животни, иако во една епизода изложија бубашваби и други лабораториски инсекти на смртоносни количини радијација, по што наведоа дека инсектите биле посебно одгледувани за експерименти и најверојатно би умреле без ралика на експериментот. Сепак, често употребуваат трупови од животни како прасиња и кокошки. Во книгата „Разоткривачи на митови: Експлозивната вистина на 30 од најзбунувачките урбани легенди на сите времиња” исто така има список на дванаесетина митови кои тешко дека некогаш ќе ги проверат (иако со текот на времето проверија четири од нив). Севиџ има изјавено дека е тешко да се проверуваат митови кои бараат од нив да побијат општи тврдења бидејќи тоа подразбира докажување на негација. Поради тоа, кога обработуваат вакви митови тие се обидуваат да побијат одредени методи кои наводно давале резултати.[21] Освен тоа, одделни митови не се проверуваат поради разни приговори на Discovery Channel и оние кои ги рекламираат, најчесто митови кои се однесуваат на RFID (radio-frequency identification) (идентификација по пат на радио фреквенција).[22][23][24][25] Во текот на девет сезони беа направени 2.391 експеримент и беа искористени 12 тони експлозив при тестирањето на 769 митови.[26] Тимот исто така не сакаше да проверува митови поврзани со теории на заговор како оние за убиството на Џон Ф. Кенеди (John F. Kennedy) или, пак, оние за терористичките напади на 11 септември 2001 год. попознати како 9/11, иако имаат проверено некои од теориите за заговор поврзани со првото слетување на месечината.

Заклучоци од експериментите[уреди]

На крајот од секоја епизода митовите се определуваат како „разоткриен” (busted), „остварлив” (plausible) или „потврден” (confirmed).

Разоткриен

Митовите се „Разоткриени” кога не може да се добијат истите резултати/последици, иако се користат зададените или значително подобрени параметри. Многупати, откако митот ќе се Разоткрие, тимот се обидува да пронајде начин да го добие резултатот/последицата на научен начин, занемарувајќи ги основните параметри од митот. Оваа постапка во емисијата ја нарекуваат „Метод на Разоткривачите” (the MythBusters way) и најчесто открива дека околностите потребни за добивање на истите резултати/последици наведени во 'Разоткриениот' мит се физички невозможни или е малку веројатно да се случат доколку се користат наведените научни факти, или, пак, опремата која се употребува во митот за да се добијат резултатите/последиците е недостапна за граѓаните, ниту пак може да ги произведе истите резултати/последици.
Некои од овие митови повторно се проверуваат доколку гледачите се незадоволни со донесените заклучоци и се „Одново Разоткриени” (Re-Busted) ако се добијат истите резултати/последици како и првиот пат кога биле проверувани. Во ретки случаи доаѓа да промена на претходно донесениот заклучок кој преминува од „Разоткриен” во „Остварлив”, па дури и во „Потврден”.

Остварлив

Митот е Остварлив во следниве ситуации:
  • Доколку резултатите/последиците може да се добијат со делумно, но возможно и разумно изменување на некои од параметрите. Причина за ова може да бидат ситни промени во митот кои се случувале како што тој бил прераскажуван од едно на друго лице пред Разоткривачите да го проверат. Исто така, во некои случаи неопходна е замена на некои од материјалите од митот со други, но новите материјали речиси секогаш се многу слични со оние наведени во митот и вообичаено се лесно достапни поради практичност, но и за Разоткривачите да не мораат да трошат големи суми на пари за да ги обезбедат.
  • Доколку митот кој се испитува не е документиран, но Разоткривачите успеат да добијат многу сличен резултат/последица во однос на она како бил опишан (на пример митот кој тврдеше дека пиратите носеле превез на окото за потоа со тоа око да можат полесно да гледаат во темнина, или митот дека секој човек може да слета авион слушајќи инструкции од професионалец).
  • Доколку треба да дојде до малку веројатен сплет на околности, а се докаже како возможен при слични вештачки создадени околности. На пример во митот за тоа дали е можно два испукани куршуми да се спојат при судир, дојдоа до сознание дека е возможно, но фактот дека всушност е потребно двата куршуми да се судрат баш како што треба за да се добие резултатот е тешко веројатно, но, сепак, не и невозможно, затоа што успеаја да дојдат до спојување во лабораториски услови.
  • Доколку резултатите/последиците од митот се остварливи, но на тој начин што постапката е многу опасна или понеефикасна од постоечките методи кои го даваат истиот резултат. На пример во митот „Кола против дожд” Разоткривачите го прогласија митот за „Остварлив (но не се препорачува)” поради опасноста од возење на автомобил со голема брзина на влажна подлога, иако митот беше целосно веродостоен.[27]
  • Понекогаш митот се именува како остварлив доколку онака како што е опишан дава сличен резултат, но со помал интензитет од оној кој се наведува во него.

Потврден

Доколку Разоткривачите успеат да добијат ист или сличен резултат на наводниот резултат опишан во митот во рамки на опишаните околности. Потврдениот мит вообичаено е проследен со документиран доказ од негово случување.
Доколку митот не наложува точно определени ситуации Разоткривачите ги испитуваат сите можни ситуации и доволно е само една од нив да е возможна за да го потврдат митот (на пример кога испитуваа дали е вистина дека убивањето на рибa во буре е многу лесно. Во повеќето тестови не можеа да ја погодат рибата со куршум, но енергијата што се ослободуваше кога куршумот ќе влезеше во водата самиот по себе беше смртоносен за неа). Во првата сезона го користеа поимот „Вистинит”.

Предупредувања и самоцензурирање[уреди]

Разоткривачи на митови придава големо значење на безбедноста на гледачите поради природата на самите митови кои се испитуваат, а кои понекогаш вклучуваат и сценарија кои се одвиваат во куќи. Сите епизоди започнуваат со демант за одрекување од одговорност во однос на експериментите кои може да се видат во емисијата, а во повеќето епизоди има и второ предупредување некаде на половина од епизодите. Овие деманти за одрекување од одговорност не се прикажуваат на Дискавери ОК (Discovery UK), на австралискиот СБС (SBS), во Холандија, Дискавери Микс (Discovery Mix) во Шведска и Прајм и Скај Дискавери каналите (Prime and Sky Discovery Channels) во Нов Зеланд. Често се претставени со доза на хумор, на пример Адам носи заштитна облека, а Џејми го удира по градите со бејзбол палка или Џејми зборува за тоа дека тој и Адам се професионалци и во тој момент Адам одненадеж се појавува на екранот и удира во ограда велејќи: „Не правете го ова дома!”

Емисијата применува разни видови на заштита и цензурирање поради пристојност. Вообичаено се цензурираат непристојни зборови и состојки кои се употребуваат при производство на опасни материи, но не се вообичаеното бипкање, туку со соодветен или хумористичен звучен ефект. За потенцијално навредливи зборови се користат еуфемизми и научна терминологија.[28] Во митот „Уринирање врз Третата шина” емисијата го цензурираше името на цревото за уринирање на куклата. Најчесто не прикажуваат како се прават експлозиви, а често се цензурираат имињата на опасни хемикалии и се заматуваат етикетите на кутиите во кои се наоѓаат. Така на пример во специјалната емисија посветена на Хинденбург, Адам запали термит користејќи хиперголична (се користи при правење на ракети) мешавина од „заматено” (лигава течност) и „заматено” (темна прав). Емисијата јасно дава до знаење дека иако се професионалци, понекогаш мора да бараат посебна дозвола или помош од владата особено за експерименти во кои се употребуваат експлозиви. Во некои случаи, нивната осигурителна компанија целосно забранува одредени активности.

Брендирани имиња и логоа постојано се заматуваат или се покриваат со лента или налепница на која пишува MythBusters. Сепак, одредени брендирани имиња се прикажуваат кога тие се значајни за митот како во експериментот со диетална Кока Кола и Ментос (бонбони). (Овој мит беше исклучок и во поглед на предупредувањата за безбедност затоа што Адам и Џејми во текот на емисијата изјавија дека овој мит е сосема безбеден и гледачите можат да пробаат да го изведат и самите).

Тужба за името[уреди]

Во јануари 2005 г., авторот на книги за деца и авантуристот Ендрју Најт (Andrew Knight) (прекар Боувејн ("Bowvayne")) поднесе тужба во Австралија против Бијонд Продакшнс (Beyond Productions), продуцентот на Разоткривачи на митови за наводно „преземање” (на неговиот заштитен знак) на името "Mythbusters"..[29] Најт тврдеше дека претходно организирал тим на „Разоткривачи на митови” и постојано го користел името уште од 1988 г. во однос на потрага по митови, духови, чудовишта, гоблини и други слични мистерии насекаде низ светот. Најт е автор и на серија самоиздадени книги за деца под наслов "Mythbusters" издадени во 1991 г., 1993 г. и 1996 г.[30][31] Во февруари 2007 г. Федералниот Суд на Австралија ја одби тужбата на Најт (Knight) против Бијонд Продакшнс (Beyond Productions).[32] Подоцна истата година започна паралелна судска постапка во однос на тие три книги и збир на кратки телевизиски појавувања во Врховниот Суд на Англија и Велс. Обвинети повторно беа Бијонд Пропертис Пти Лимитед (Beyond Properties Pty Limited), како и две други компании на Бијонд (Beyond) и Дискавери Комјуникејшнс Инк (Discovery Communications Inc), компанија одговорна за емитувањето на Разоткривачи на митови во Обединетото Кралство. И во овој случај тужбата беше одбиена.[33]

Популарност и влијание[уреди]

Хајнеман и Севиџ се имаат појавено во неколку забавни програми како ''Добро Утро Америка'' (Good Morning America),[34] ''Вечерното шоу со Дејвид Летерман'' (The Late Show with David Letterman),[35] емисијата за вести на НПР (NPR) ''Кога сè ќе се земе во предвид'' (All Things Considered),[36] емисијата на радиото на синдикатите ''Боб и Том Шоу'' (Bob and Tom Show), и во филмот Дарвиновите награди (The Darwin Awards) (како двајца воени продавачи кои му продаваат ракета на главниот лик). Даниел Локстон од списанието Скептик во 2005 г. објави интервју со двајцата во напис со наслов „Кои се Разоткривачите на митови” ("Mythbusters Exposed").[37] Хајнеман и Севиџ во март 2006 г. говореа на собирот на Националното Здружение на наставници по наука кој се одржува секоја година, а во октомври 2006 г. Здружението на наставници по наука од Калифорнија ги именува за доживотни почесни членови.[38] Повремено даваат интервјуа за написи во списанието Познати механичари и се на насловната страница на изданието од септември 2009 г.[39]

Тие често настапуваат во факултетите низ С.А.Д. да зборуваат за тоа како е да си Разоткривач на митови, при што прво ги интервјуираат, а потоа ѝ се дава можност на публиката да поставува прашања. Членовите на Градежниот тим исто така имаат јавни настапи. Држат предавања и на факултети и во претпријатија, но техничките факултети се највоодушевени.[40][41]

Адам Севиџ (Adam Savage) и Џејми Хајнеман (Jamie Hyneman) за време на Натпреварот за млади научници на Discovery Channel во 2004 год. заедно со Џеј Виљемарет (Jay Villemarette) и Џои Вилијамс (Joey Williams) од Скалс Анлимитед Интернешнл (Skulls Unlimited International)

.

Адам Севиџ напиша почетен курс за правење калапи за списанието Мејк (Make) (Создавај), и во 2008, 2009 и 2010 г. беше гостин на нивните саеми во Сан Матео, Калифорнија. Кери Бајрон имаше интервју во Вечерното Шоу на 16 јануари 2006 г.[42]

Некои од луѓето кои на локалните вести кажуваат за несреќи кои ги доживеале споменуваат дека гледањето на Разоткривачи на митови им помогнало да преживеат. 23-годишната Тереза Бут (Theresa Booth) од Св. Мартин, Минесота (St. Martin, Minnesota) заслугата за тоа што таа и нејзиното бебе преживеале ја дава на епизода од Разоткривачи на митови. На 3 април 2007 г. управувајќи го нејзиниот автомобил се излизга од патот и падна во канализациска дупка полна со вода поради поплавата предизвикана од реката Саук (Sauk River). Во изјава на локалните вести таа опишувајќи ја случката кажува дека ја отворила вратата во истиот момент кога автомобилот паднал во водата, а заслугата за тоа дека знаела како да се справи со ситуацијата ја дава на емисијата, поточно епизодата за митот со потонатиот автомобил).[43] На 19 октомври 2007 г. во Сиднеј, Австралија, тинејџерот Џулиан Шо (Julian Shaw) спаси човек кој онесвестен лежеше на шините во близина на железничката станица. Тој го повлече токму пред да помине возот и ја наведе епизодата со митот за силата на повлекување која ја имаат возовите како причина за неговата реакција.[44]

На 18 мај 2009 г. по трет пат се одржа доделувањето на наградите на Независната Истражувачка Групација (Independent Investigative Group) (IIG) и им беше доделена награда на Разоткривачите на митови како признание за нивното промовирање на науката и критичкиот начин на размислување во медиумите.[45]

Во епизодата „Теорија за сè” (The Theory of Everything) од серијата ЦСИ: Истрага на местото на злосторството (CSI: Crime Scene Investigation) емитувана на 1 мај 2008 г. Хајнеман и Севиџ имаа кратко појавување како надгледувачи кои земаат белешки за време на еден тест во кој се истражува дали истрел од пиштол за смирување со елетрошокови при различни услови може некого да запали (што потоа го испитуваа и во емисијата). Во август 2008 г., Хајнеман и Севиџ учествуваа на ЕНВИЖН 08 (NVISION 08), настан спонзориран од Енвидиа (Nvidia), за чија цел Директорот за креативност на Енвидиа Дејвид Рајт (David Wright) им побара да направат визуелно прикажување на моќта на ГОЕ (Графичка обработувачка единица) (GPU) наспроти ЦОЕ (Централна обработувачка единица) (CPU). Тие ова го постигнаа со тоа што направија слика од Мона Лиза со помош на огромен повеќефункционален пеинтбол (paintball) пиштол, истовремено поставувајќи светски рекорд за најголем пеинтбол пиштол.[46][47] Прикажувањето го повторија на ЈуТјуб Лајв (YouTube Live) при кое Хајнеман стоеше на патот на топките со боја облечен во костум за заштита.[48]

На 16 април 2010 г. Хајнеман и Севиџ добија награда за животно дело од областа на културниот хуманизам од универзитетот Харвард.[49]

Разоткривачите на митови во Белата куќа.

На 18 октомври 2010 г. претседателот Барак Обама (Barack Obama) како дел од Саемот за наука во Белата Куќа, објави дека снимил исечок во Разоткривачи на митови за емисијата која ќе се емитувала на 8 декември 2010 г. Исечокот во кој се појави беше поврзан со митот за Архимедовиот соларен зрак.[50][51]

На 30 октомври 2010 г. и двајцата учествуваа на Масовниот собир за враќање на здравиот разум и/или стравот (Rally to Restore Sanity and/or Fear) одржан во главниот град Вашингтон во рамките на кој направија експеримент со публиката со познатото правење на бранови.

Меѓународно емитување[уреди]

Разоткривачи на митови се емитува во многу држави, главно преку верзијата на Discovery Channel која се емитува во дадената држава. Во некои од нив има преводи, во некои е синхронизиран гласот на раскажувачот, а во некои целата емисија се синхронизира. Истовремено американскиот систем на мерење се претвора во метрички систем. Понекогаш, делот кога митот се објаснува со цртежи целосно се прецртува на соодветниот јазик.

Исто така погледни[уреди]

Слични ТВ емисии
General

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Mythbusters“. Beyond Distribution. http://www.beyond.com.au/index.php?option=com_vcatalogue&task=view_details&vid=208&Itemid=21&genre_id=19&keywords=. конс. 18 октомври 2010. 
  2. Knight v Beyond Properties., [2007] EWHC 1251 (England and Wales High Court (Chancery Division) April 25, 2007).
  3. „Transcript of Jamie and Adam's November 10, 2004, Online Chat“. „MythBusters Official Website“. Discovery Communications. 10 ноември 2004. http://dsc.discovery.com/fansites/mythbusters/chat/transcripts/04nov10/04nov10.html. конс. 18 октомври 2010. 
  4. „Adam Savage Interview - Part 1“. The Sneeze. 23 август 2005. http://www.thesneeze.com/mt-archives/000408.php. конс. 1 август 2006. 
  5. „Jessi Combs Biography“. „MythBusters“. Discovery Communications. http://dsc.discovery.com/fansites/mythbusters/meet/jessi-combs.html. конс. 3 август 2009. 
  6. Teridman, Daniel (29 февруари 2008). „A day with the 'MythBusters'“. „CNET - Geek Gestalt“. CBS Interactive. http://www.news.com/8301-13772_3-9882698-52.html. конс. 18 октомври 2010. 
  7. „Mythbusters: Episode Guide“. Discovery Channel. http://dsc.discovery.com/fansites/mythbusters/episode/episode.html. конс. 22 октомври 2009. 
  8. „MythBusters DVDs and Videos“. Discovery Channel. http://store.discovery.com/?pagemax=all&v=discovery_dvds-books_shows_mythbusters. конс. 22 октомври 2009. 
  9. McDuffee, Keith (18 април 2008). „MythBusters fans want to bust the E-reader“. „TV Squad“. AOL Inc.. http://www.tvsquad.com/2008/04/18/mythbusters-fans-want-to-bust-the-e-reader/. конс. 18 април 2008. 
  10. "Border Slingshot". MythBusters. Discovery. July 27, 2005. No. 35.
  11. "Confederate Rocket". MythBusters. Discovery. October 26, 2005. No. 40.
  12. "Archimedes' Death Ray". MythBusters. Discovery. January 25, 2006. No. 46.
  13. "Seesaw Saga". MythBusters. Discovery. May 20, 2009. No. 120.
  14. "JAWS Special". MythBusters. Discovery. July 17, 2005. No. SP8.
  15. "Mega Movie Myths 2 Hour Special". MythBusters. Discovery. September 13, 2006. No. SP9.
  16. "Pirate Special". MythBusters. Discovery. January 17, 2007. No. 71.
  17. "Supersized Myths". MythBusters. Discovery. November 14, 2007. No. 90.
  18. "Explosive Decompression, Frog Giggin', Rear Axle". MythBusters. Discovery. January 11, 2004. No. 9.
  19. This is self-acknowledged in Season 2's Bathtub Electrocution myth: [Announcer:] "...but it wouldn't be MythBusters without pyrotechnics; so Adam's rigged up a flashpot to ignite when [a lethal electrocution occurs]." Tory also dubs this "the Mythbuster way."
  20. 20,0 20,1 Adam Savage at The Last HOPE“. July 2008. Се случува во 4 minutes 37 seconds. http://www.youtube.com/watch?v=7425FD3If8w. конс. 18 октомври 2010. „We will absolutely revisit when we think we screwed up the results. We won't stand by our results—you can't with a data set of one, and two, and five. But we do stand by our methodologies.“ 
  21. Adam Savage at The Last HOPE“. July 2008. http://www.youtube.com/watch?v=7425FD3If8w. „Savage gives the example that when testing whether it is possible to obtain "free energy" (ie. building a system that outputs more energy than it requires in input), the best they could do was to test existing products that claim to produce free energy.“ 
  22. Doctorow, Cory (30 август 2008). „Credit-card companies killed Mythbusters segment on RFID vulnerabilities“ (Note: Adam Savage later retracted his statement on who prevented the myth from being tested. However, his statement that they shall not pursue RFID still stands.). Hope Hackercon: BoingBoing. http://boingboing.net/2008/08/30/creditcard-companies.html. конс. 18 октомври 2010. 
  23. Doctorow, Cory (4 септември 2008). „Mythbusters host: credit-card companies DIDN'T kill segment on RFID vulnerabiliies“. BoingBoing. http://www.boingboing.net/2008/09/04/mythbusters-host-cre.html. конс. 18 октомври 2010. 
  24. Adam Savage at The Last HOPE“. July 2008. http://www.youtube.com/watch?v=BZRmms0sZ8w. „Savage discusses an incident in which Discovery refused to air an episode testing commercial teeth-whitening products after advertisers expressed concerns.“ 
  25. Adam Savage at The Last HOPE“. July 2008. http://www.youtube.com/watch?v=7425FD3If8w. „Savage discusses how Discovery continuously responds to his desires to test audiophile myths, deeming them too boring; especially visually.“ 
  26. „MYTHBUSTERS BY THE NUMBERS“. Discovery Channel. http://dsc.discovery.com/fansites/mythbusters/about/mythbusters-by-the-numbers.html. конс. 28 април 2011. 
  27. "Car vs Rain". MythBusters. Discovery. June 17, 2009.
  28. For example, when testing myths about flatulence the crew called the phenomenon by its scientific designation (e.g. "flatulence" or "flatus") and the word "fart" was bleeped out.
  29. Porter, Jeni. „Wheel falls off serene machine (Here comes the son)“, The Sydney Morning Herald, 17 јуни 2005 (конс. 18 октомври 2010).
  30. Bowvayne, Andrew E. (March 28, 1996). „Mythbusters“. Puffin Books. стр. 144. ISBN 0140375546. 
  31. Bowvayne, Andrew E. (October 8, 1993). „Nut Cases (Mythbusters S)“. Elfshot Productions. стр. 96. ISBN 1898412006. 
  32. Knight v. Beyond Properties Pty Ltd [2007] FCA 70
  33. Knight v. Beyond Properties Pty Ltd & ors [2007] EWHC 1251 (Ch)
  34. Good Morning America. American Broadcasting Company. November 8, 2004.
  35. „MythBusters in Pop Culture“. „MythBusters Official Website“. Discovery Communications. http://dsc.discovery.com/fansites/mythbusters/about/mythbusters-pop-culture.html. конс. 18 октомври 2010. 
  36. „'Mythbusters' Have Fun in the Name of Science“. National Public Radio. 18 мај 2007. http://www.npr.org/templates/story/story.php?storyId=10255528. 
  37. Loxton, Daniel (2005), „Mythbusters Exposed“, „Skeptic Magazine12 (1), http://www.skeptic.com/the_magazine/archives/vol12n01.html 
  38. John Schwartz (21 ноември 2006). „The Best Science Show on Television?“. „The New York Times (requires registration)“. http://www.nytimes.com/2006/11/21/science/21myth.html. 
  39. „MythBuster Secrets“. Popular Mechanics. септември 2009. http://www.popularmechanics.com/marketing/covers/?fullSize=http%3A%2F%2Fmedia.popularmechanics.com%2Fimages%2Fcovers%2F200909.jpg&caption=September%2C%202009. 
  40. MIT Lecture Series Committee November 4, 2006 MythBusters event page. Retrieved January 2, 2007. Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  41. Wolfman Productions MythBusters Program page Retrieved January 2, 2007.
  42. CBS (16 јануари 2006). „Late Show with David Letterman“. архивирано од оригиналот на 10 април 2008. http://web.archive.org/web/20080410195846/http://www.cbs.com/latenight/lateshow/wahoo/index/php/20060116.phtml. конс. 9 декември 2010. 
  43. Survival Story“, KARE, 3 април 2007 (конс. 5 јули 2007).
  44. Ramachandran, Arjun. „Schoolboy Julian's lifesaving MythBuster moment“, The Sydney Morning Herald, 8 ноември 2007 (конс. 9 ноември 2007).
  45. „IIG | The IIG Awards“. Iigwest.com. 21 август 2010. http://www.iigwest.com/iigawards/2009/20090929_pressrelease.html. конс. 1 јули 2011. 
  46. Hall, Kevin (29 август 2008). „Myth Busted: Mona Lisa painted in 275 milliseconds with 1,100 paintballs“. „DVICE“. SyFy. http://dvice.com/archives/2008/08/myth_busted_mon.php. конс. 18 октомври 2010. 
  47. Ayers, Leslie (13 август 2009). „Adam Savage Interview -- Have Mac, Will Bust Myths“. „MacLife“. Future US, Inc.. http://www.maclife.com/adamsavageextra?page=0,1. конс. 18 октомври 2010. 
  48. YouTube Live Mythbusters. Retrieved January 6, 2009.
  49. „MythBusters to Receive Harvard Humanism Award“. Huminist Chaplaincy at Harvard. http://harvardhumanist.org/index.php?option=com_content&view=article&id=102:drawing-inspiration-from-the-arts&catid=6:lastest-news&Itemid=38. конс. 18 октомври 2010. 
    1. пренасочување Шаблон:Наведена изјава за печат
  50. Biddle, Sam (19 октомври 2010). „Obama Commands Mythbusters Crew To Fire Ancient Death Ray“. Gizmodo. http://www.gizmodo.com.au/2010/10/obama-commands-mythbusters-crew-to-fire-ancient-death-ray/. конс. 19 октомври 2010. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: