Разговор со корисник:Модернист

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Почетен курс за Википедија



Модернист, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 143.506 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Модернист) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, MacedonianBoy, 16:40, среда, 24 април 2024

Шаблон[уреди извор]

Здраво и добредојде пак од мене. Сакам да те известам дека шаблонот што го создаде го преименував како Корисник:Модернист/Шаблон бидејќи строго е забрането да се прават шаблони специјално за корисници, мора да има пред нив Корисник:Модернист за да се знае дека е твој, а не од некоја статија. Поздрав и ова е ситница ама морам да те известам.--Никола Стоіаноски 16:47, 2 април 2010 (UTC)

Здраво повторно :) Баш ми е мило што можам да помогнам, за тоа сме ние тука. Инаку, насловите кои ми рече даги избришам можат и да стојат како такви бидејќи сите пренасочуваат кон една статија и читателот ќе сфати дека тоа всушност е само алтернативно име за дотичната статија. Поздрав --Никола Стоіаноски 12:32, 3 април 2010 (UTC)
ОК, нема проблем ќе ги избришам. Тоа е лесно  :) Поз--Никола Стоіаноски 16:31, 3 април 2010 (UTC)

Урбанизам![уреди извор]

Здраво, сум немал шанса да ти посакам добредојде. Супер направи со статијата Урбанизам и фала за добрите зборови. Не ти пишувам таму ,зошто тешко дека ќе ти текне да провериш (вака е попрактично). Вака, не мислев дека ти си напишал нелогични реченици туку дека поради печатните грешки имаше некој нелогичности. Имаш еден дел со нешто како „ѓу“ и ми немаше логика кој збор е и затоа целосно го избришав бидејќи многу малку ми имаше смисла реченицата. Нешто во тој стил беше и понатаму. Што значи одлично изработено само поради мали печатни грешки имаше нелогичности тоа е се... Поздрав! --Макс(разговор) 16:27, 9 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Реплика:Урбанизам[уреди извор]

Нема никаква забуна. Тоа е само моето мислење.

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, Модернист!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:27, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Модернист!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:34, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:42, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:10, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]