Разговор со корисник:Антон

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Антон, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Българският език е словенски език, ако не беше така, сега нямаше да разбираш какво ти пиша, а предполагам не мислиш и македонския език за турски, поздрави --Svik 22:57, 1 август 2006 (UTC)

Съгласен съм. Въпреки различни лексикални (и не само лексикални) влияния, мисля, че си напълно прав.--Антон 18:05, 3 август 2006 (UTC)

Навредувања[уреди извор]

Еве јас ќе ви кажам „какво“ е балгарскија език. Си биле Македонците (кои имале убав словенски јазик) и од Азија дошле Татарите кои биле тешки варвари, нецивилизирани ѕверови без трунка култура (не дај Боже убав јазик и религија). Византијците им наложиле (преку декрет!) да го учат словенскиот јазик (македонскиот!) и да се покрстат. Преку гнасен и тежок процес, се создала денешната бугарска нација, која зборува гнасен словенолик јазик (но јасно се забележува дека не е природен словенски јазик) и си ги крсти децата со христијански имиња, ама сѐ уште има многу Асановци, Аспаруховци итн итн... На кратко, Бугарите (кои се насила покрстени и „словенизирани“) денес зборуваат варијанта од нашиот (македонски) јазик, но многу расипана и испоганчена, а бидејќи имаат посилна држава, не **** како што сакаат. Благодарам и поздрав од еден Македонец од Порече! П.С. Се разбира дека ќе најдеш „извори“, та во тебе ја имаш способноста да фалсификуваш и да ја искривуваш историјата и ФАКТИТЕ! Знаејќи што сѐ прават Бугарите, зборот факт веќе нема никакво значење, а Википедија ТРПИ од вашите блогови што ги користите како извори. П.П.С. Господ ве мрази! Поречанец 09:45, 30 август 2007 (UTC)

Ако барем за еден момент мислев дека сакаш да разговараш, да ти одговорам. Но очигледно ти само сакаш да навредуваш другите и да ги изразиш сопствените фрустрации. Да имаше аргументи, можеше да ги употребиш и да го изразиш истото што ми го напиша по културен начин.--Антон 14:24, 30 август 2007 (UTC)
Извини за „тешката навреда“ од вчера, ама ќе те замолам да го избришеш тоа „Београђанин“ (иако е на твојата страница за разговор) затоа што е повеќе од очигледно што треба да значи. Не е ништо повеќе од ефтина навреда, а колку да те информирам, не знам ни како изгледа Белград, не знам ни српски јазик, а и не ги сакам многу-многу Србите, како ни вас. Би било културно од твоја страна да го избришеш целиот „разговор“, всушност. Поречанец 09:56, 31 август 2007 (UTC)

Навредите и провокациите по разни основи не водат кон разрешување на конфликтите. Затоа би замолил да го промените вашиот стил на комуникација. Конкретните спорови по одредени теми водете ги на соодветните страници за разговор, фокусирајќи се на темата а не на личностите кои ги уредуваат статиите, користејќи аргументи базирани на факти, и проверливи информации. Не сите проверливи извори се доверливи извори. Така да не може содржината на некој сомнителен извор да се земе како факт со кој ќе може да се аргументира. --brest 10:17, 31 август 2007 (UTC)

Ако со "Београђанин" сум те навредил, извини. Не сум имал намера да те навeредам (мислам дека сам беше напишал, дека си роден во Белград), но веднаш го бришам и се извинувам. Може би понатаму навистина ќе го избришам и разговоров, но изгледа дека сега имаме спорови кои треба да се разрешат и ако некоj сака да се обрати кон мене лично, тука му е местото. Што се однесува на изворите, jас посочив книгата на Мажовски. Не знам дали ја има во Националната библиотака во Скопје - требало би, но ја има во Народната библиотека во Софиjа. Предпоставувам дека ја има и во многу други библиотеки во светот и може да се провери. Jа посочив Интернет врската за да ја улеснам проверливоста, а не за да бидам обвинет дака сум некаков фалсификатор. Ако некоj не ми верува, да jа види самата книга и тогаш се ќе биде во ред - нема да се сомнева и нема да има навредени :)Поздрав,--Антон 11:50, 31 август 2007 (UTC)
Ова немаше (директна) врска со Мажовски, туку со тоа што ми е преку глава од бугарската неуморна (и подла!) пропаганда, во сите сфери од животот, а особено на Википедија. На бугарската википедија, не смее ни да се помисли на т.н. неутрална гледна точка, ами само бугарската гт е дозволена, а на македонската википедија, секакви глупости од бугарска страна се дозволени. А личната навреда беше испад заради твојата навреда „Београђанин“, што е само уште еден пример за подлоста! Многу добро знам што сакаш да кажеш со тоа, и морам да ти признаам дека е убав начин да ми стапнеш на нервите, без да ги прекршиш правилата. И никаде не сум напишал дека сум роден во Белград, освен на корисничката страна, а всушност, те молам кажи ми каква врска има моето место на раѓање, со мојата етничка припадност и народна свест?! Згора на тоа, ме НАРЕЧЕ Белграѓанин (и тоа Београђанин), а не ми е јасно од каде си извлекол заклучок дека воопшто некогаш сум живеел во тој град. За пцовката, уште еднаш извини (иако знам дека не те навредуваат такви детски работи), беше само испад заради твојата навреда и сега сум сигурен дека никогаш повеќе нема да губам нерви на википедија... Само смирено со вас! Поздрав, македонски Поречанец од Скопје (во седум и пол завршува блокадата:D). Aха, П.С. Немој да мислиш дека го знаеш македонскиот јазик!
Аjде по ред:
  1. Прво за личните односи - Ти беше прв (и единствен, ако не го броиме Београђанин) во навредите. Jас ни те знаев, ни те познавав до твоето jавување на моjата страница за разговор. Мислам дека не сум ти крив ништо како личност, но ако грешам, кажи. Биди чесен и не ми префрлаj на мене дека сум те навредил па ти си реагирал. "Београђанин" напишав како одговор на твоите невреди, бидеjќи ти сам потенцира некакво регионално потекло - Поречанец и ме поздрави како Поречанец, а jас бев уште поточен, потенцираjки го твоето родно место. Ти реков дека се извинувам, ако сум те навредил, иаку се уште мислам дека нема некаква голема навреда во тоа.
  2. Си сигурен дека твоjот испад немаше врска со Мажовски? Така да биде, иаку jас само така можам да си ги обjаснам твоите зборови за блоговите...
  3. Можеш да продлжиш да говориш за "подла" бугарска пропаганда и така натаму, но ова ќе си остане навреда, ако не им наjдеш на твоите зборови соответно место и начин. Да докажеш со аргументи и факти, но без навреди, какви се Бугарите....
  4. Не пишам на Бугарската Википедиjа од многу време. За последниве 10 месеци имам само ок.15 мали измени. Се пак, ако сакаш повели - тамо сум Akeckarov [1]; да видиме прво дали и како ќе те навредуват и второ да се обидеме заедно да jа ставиме НГТ - се разбира со факти и аргументи.
  5. Сум бил во мнооогу тежки дискусии во МК и др. В. - со FlavSavr, Боjaн и др. Понекогаш jас сум отстапувал, понекогаш - тие. Било е прашање на аргументи, не на омраза. Можам смело да кажам, дека никогаш не сум доживеал односи како од твоjа страна и од страна на Македонец (за кого сум бугарчиште ....). Но разни луѓе, разни односи...Биди поздравен,--Антон 18:36, 31 август 2007 (UTC)

Е ајде де по ред:
  1. Ти кажав дека првото не го сметам за навреда, а твоето „Београђанин“ беше првата навреда (од мојата гледна точка). Ти како личност не ми грешиш, но твојата раса ми греши секојдневно, и тоа по цели денови, веќе нервите ми се истенчија, не знам што ќе направам... Моето родно место е местото на мојот РОД, односно местото на моето потекло. Тоа место, пријателе, е Поречието, кадешто се родил татко ми, дедо ми, прадедо ми, итн итн итн... (по мајка сум од Кратово). Белград, од другата страна, е само местото кадешто мајка ми моментално престојувала кога ме раѓала. Се надевам сега ти е јасно и ќе сфатиш дека си ме навредил.
  2. Реков дека нема ДИРЕКТНА врска со Мажовски, а се разбира дека и тоа е дел од причините за мојата, како да ја наречам, омраза! Моментално сум тешко изнервиран од статијата за Јане Сандански на англиската википедија, а и тоа е, исто така, само ДЕЛ од она што твојата раса ми го прави секојдневно. Имено, доказот за етничката припадност и свеста на Сандански се два извори: promacedonia.org и српски весник! Првото е само лажачки пропагандистички бугарски блог (еден од МНОГУТЕ), а второто е СРПСКИ весник (а знаеме србите, барем во тоа време, колку можат да бидат репер за свеста на Сандански)! Ете од тоа бев моментално исфрустриран (и уште сум!).
  3. Фактот дека вашето животно дело е само подла бугарска пропаганда ќе ти го одбранам со две нешта (меѓу другите):
    .во претходната точка кажав на кој начин ги преобратувате сите македонски револуционери во бугарски: promacedonia.org, други слични блогови и тешки бугарски фалсификати (од сите области)
    .ќе ти раскажам една приказна: Тетка ми нема ич пари и е во многу незавидна ситуација. Народна свест нема ни трунка, а како да има кога се наоѓа во таква положба. Сиротата дознала дека лесно се вади бугарски пасош (не заборавај, тетка ми ги мрази Бугарите, како и сите Македонци што ги познавам), а знаеме дека Бугарија е членка на ЕУ (а тоа како се случило, запрашај се!). Веднаш потрчала да извади, направила тоа што требало (да потпише некои работи и сл.) и добила бугарски пасош. Еве што требало да потпише и пополни: дека мајка ѝ, татко ѝ и трите браќа се Бугари, и дека потекнуваат од Благоевград. Во иднина, пријателе, некој Бугарин за мене веројатно ќе напише дека сум син на Бугарин, затоа што татко ми е запишан во бугарскиот државен архив како Бугарин! И ајде те молам кажи ми дали тоа не е подло!
  4. Не те прашав дали пишуваш на бугарската википедија, ама кога веќе тоа го спомна, да ти искоментирам. Се обидов неколку пати да придонесувам на бугарската википедија, ама ме банираа! Не напишав ништо лошо, само додадов некои информации, аргументирани, со извори... Ме отераа во три убави органи мајчини (се надевам ова не е несоодветно), братски, сложно, здружено (соединението прави силата, ти текнува?). Тогаш извандализирав неколку страници и си заминав од таму... Поразен. Ама ете, вие правите што сакате дури и на македонската википедија. Друго нешто, вие обично се повикувате на тоа дека ова е Википедија на македонски јазик, а не Википедија на македонска гледна точка. Тоа е точно, но бугарската википедија е само БУГАРСКА ВИКИПЕДИЈА НА БУГАРСКАТА ГЛЕДНА ТОЧКА!
  5. Boyan е фин тип и фино им приоѓа на нештата. Обично и јас така се обидувам, ама немам толку нерви, но работам на тоа. FlavrSavr за мене е саботер преку тоа што се обидува „секогаш да изнајде неутрално решение“, додека пријателите на бугарската википедија не растураат на сите можни начини, инаку и тој е фин тип, да не ме разбере некој погрешно. Верувај ми дека и јас обично разговарам така, аргументирано, смирено, но веќе ми дојде преку глава, а ете ти се погоди да бидеш оној кој ја додаде последната капка на чашата. Македонец е сосема во право, сум следел некои дискусии во коишто учествувал и можам да кажам дека секогаш аргументирано зборува (зашто човекот е жива енциклопедија, сѐ знае! личен пријател ми е), НО, благодарејќи на бугарската слога и на македонската „НЕУТРАЛНОСТ“ и „ЛИБЕРАЛНОСТ“, тој секогаш испаѓа како да не е во право. Тоа се вика, пријателе, подла стратегија од бугарска страна.
  6. Спомнав нешто и за јазикот, ама ти не коментираше на тоа. Сепак, пак би сакал да нагласам дека не го познаваш убаво македонскиот јазик. Ова не го мислам како навреда, туку сакам да ти посочам на тоа дека бугарскиот е многу поинаков и нема врска со македонскиот. И ти биди ми поздравен, се надевам на понатамошна соработка (ако се лажеме). Поречанец 22:55, 31 август 2007 (UTC) П.С. Јас барем сум искрен и се гордеам со тоа, иако знам дека не е паметно!

И од мене:

  1. Имаш право на гледна точка, но јас мислам дека според сите стандарти твоjот испад беше навредлив и не беше многу културен. Не сакам да кажам дека ти си некаков, мислам само на твоите зборови. Замисли само за момент ако некоj беше напишал истото за Македонците...
  2. За promacedonia.org - грешиш, ако мислиш дека таа е еден извор. www.promacedonia.org ги има обjавено многу книги - некои аналитички, а други - извори. www.promacedonia.org не е трибина, ни форум. Таа е само посредник. Ако ти наjдеш некоjа разлика помеѓу оригиналите на книгите и обjавеното таму jас треба да те частам. Фактите се факти и ако ти продолжуваш само да говориш за "тешки бугарски фалсификати" и немаш барем некулко непобитни докази, ќе испадне дека си жртва на "тешка" прпаганда.
  3. За тетка ти - Во РБ има закон. Странските државjани со Бугарско потекло имат право на бугарски пасош. Такви закони има и во други држави. Никоj присила не и кажал на тетка ти дека е таква или онаква. Мојот род е од Охрид и ние се осеќаме како Македонски Бугари. Некоj може да не се осеќа како такав и ни ти, ни jас можеме да му влезниме во главата и да кажеме дали е така или не. Ти нема зошто да тврдиш дека бугарската држава е подла, среди работава со тетка ти.
  4. Навистина не ме праша дали пишувам на БГ Википедија, но напиша дека "На бугарската википедија, не смее ни да се помисли на т.н. неутрална гледна" и затоа jас ти предложив нешто сосема конкретно (види по-горе). Ако ти навистина имаш додаено "информации, аргументирани, со извори", те молам, прати ми линковите. Нели знаеш дека сѐ се чува во Википедија.
  5. Не сакам да коментирам конкретни луѓе - за FlavrSavr, Boyan т.н. Само ти кажав дека не сум доживеал од нив навреди и затоа ги почитувам. Може да се караме со нив, но тие никогаш не заборавиле дека пред сѐ сме човеци и дека Википедија не е битка... Се пак еден збор и за Македонец (Марио) - jас не можам да кажам дека "секогаш аргументирано зборува", бидејќи со мене (бугарчиштето) не сака да зборува многу :(. Повеќe му се бендисува да брише. Веројатно е многу зафатен да чита автентични извори и книги.
  6. За jазикот те разбрав уште првиот пат, но што да ти одговорам. Со моите роднини и приjатели говориме коj како сака и може. Веќе ќе се трудам повеќе. Благодарам дека ми кажа. Поздрав, Охриѓанец

За крај: Нема да го продолжувам овој крајно непродуктивен и бесцелен разговор, бидејќи гледам дека навистина нема да го промени твоето мислење. Морам да искоментирам само на некои ситни работи и тоа е сѐ.
Прво, напиша „Замисли само за момент ако некоj беше напишал истото за Македонците“. Не знам дали си сериозен, ама ова е смешно. Па добро бе човеку, што мислиш зошто те опцув?! Еве ќе ти кажам: затоа што припадниците на твојата раса го прават тоа секојдневно и тоа на многу подол начин (без пцовки), организирано, убаво смислено, како пакт волци!
Второ, убаво ти кажав дека тетка ми го направила тоа од очај, оти таква и е економската состојба. А поентата не ми е јасно како не ја сфати, ама еве и неа ќе ти ја посочам: твојата Р.Б. смислила многу убава агенда како да му покаже на светот дека и државјаните на Р.Македонија се чувствуваат како Бугари со тоа што вадат бугарски пасоши, и за таа цел се декларираат за Бугари! Веќе се има случено Бугари да го тврдат тоа, не го зборам од памет.
Трето, Марио е супер личност и ги има прочитано сите книги што се однесуваат на било што поврзано со Македонија, па ДУРИ И тие твои „автентични“ книги. Кажи ми ЗОШТО, ЗОШТО, ЗОШТО мислиш дека книгите што ти си ги прочитал и што ги има на promacedonia.org се автентични?!
А за јазикот, мене навистина не ми е грижа дали некој Бугарин го знае македонскиот јазик, ама кога веќе сака да уредува на т.н. Википедија на македонски јазик, тој МОРА да го знае јазикот, или во спротивно, да бара помош, да напише на својата корисничка страница дека не го зборува баш добро јазикот и да посочува на деловите што ги уредува дека не се напишани на македонски. Инаку, ако било што те интересира или се двоумиш во врска со некој збор или правило од јазикот, еве јас ти се нудам за помош, прашај ме за што сакаш. Еве, за почеток, компаративите и суперлативите не се пишуваат со цртичка (-) зад по и нај (пр. не треба по-добро и нај-убаво, ами подобро и најубаво). B) Поздрав, Поречанец 10:07, 1 септември 2007 (UTC)

И од мене за краj (ако е краj) зе некои ситни работи.
Се разбира дека е смешно да се пишуваат такви работи како што ти напиша во почетокот. За било коj народ.
Накраj призна дека си ме опцул. Благодарам на поштеноста.
Неколку пати ми пишеш за некаква моjа раса. Требало би да знаеш дека нема бугарска, српска, грчка или македонска раса.
За бугарските пасоши - не забораваj дека РМ "смислила" истата агенда. Или не знаеш како РМ доделува македонски пасоши. Например во Албаниjа. И за разлика от РБ, каде се чека скоро две години, РМ доделува пасоши за денови, аjде - за месец-два. Ако РМ беше во ЕС, а РБ - не, биди сигурен дека многу бугарски државjани ќе вадеа македонски пасоши...
Ти верувам, дека Марио е супер личност, така да биде! Една од разликите помеѓу нас е дека jас се трудам да читам и литературата во РМ, и таа во РБ и што пишуваат странските автори. Мене ме интересира вистината за нашето минато и ги барам и грешките во бугарската литература и тие во книгите од РМ. Се обидувам да правам разлика помеѓу пропаганда и наука. Во таа смисла би било добро и ти да ги прочиташ книгите во електронската библиотека www.promacedonia.org. Тогаш ќе можеме да jа дискутираме нивната вредност книга по книга. Таму ги има ставено дела на преродбеници, на борци за одвободување, на историчари...
Не се навредуваj, но jас не сум сигурен дали ти имаш дискутирано во БГ Википедија со аргументи. Може и да грешам, но тогаш знам дека ќе ми го докажеш.
За јазикот очигледно бараш да ми наjдеш некои грешки. Има ги, знам. Во страницава на едно место видов дека сум напишал "по-горе". Инаку сум си ставил поточно и така натаму. За "нај" не наjдов пример овде. Можеби на други страници. Секако, ако ти ми наjдеш грешка во некоjа од статиите, тогаш не само може, но и требало би да jа исправиш. Поздрав, --Антон 16:15, 1 септември 2007 (UTC)

Help needed![уреди извор]

Hi! Can you translete this http://en.wikipedia.org/wiki/Andranik_Ozanian for Portuguese Wiki just in a few sentences. Thanks a lot! 217.118.95.32 23:15, 4 септември 2007 (UTC)

It's done. A little stub - pt:Andranik Ozanian. My book-learning of Portuguese is limited.--Антон 20:56, 5 септември 2007 (UTC)

Еј, Антон, ти се залагаш за НГТ, нели? Во ред, погледни во статијата за Гоце Делчев, ќе видиш дека е споменета гледната точка во Бугарија (дека е Бугарин). Дали си ја видел бугарската статија? Оди погледни ја, ќе увидиш дека ја нема никаде споменето гледната точка во Македонија. Тоа страшно ме вознемири, па би те замолил како познавач на бугарскиот јазик да додадеш заглавие (секција) за македонскиот поглед на Гоце Делчев. Само на кратко. Благодарам однапред --Поречанец 14:03, 6 септември 2007 (UTC)

Еве, можеш да видиш во bg:Гоце Делчев--Антон 16:17, 6 септември 2007 (UTC)
Благодарам многу --Поречанец 17:07, 6 септември 2007 (UTC)
Молам--Антон 17:25, 6 септември 2007 (UTC)
Господине Антон, сте напишал дека тоа е “Гледна точка в Р. Македония ... господстващото македонистко виждане“ со што директно навредуваш секој Македонец. Одлично го знам бугарскиот јазик и знам дека зборот „македонист„ го користите единствено за ознака на Македонците , што не сакаат да станат бугари како израз на вашата омраза кон нашето достоинство како навреда,за тоа што не можете ни да го купите, ни да го совладате! Направивте нешто много лицемерно, но бидете сигурен вашата дволичност не остана незабележана. --Ajax 22:19, 9 септември 2007 (UTC)
Искрено кажано, не мислам дека "македнистко виждане" е навредливо, но ако сметате така, кажете со што да го замениме.--Антон 13:21, 10 септември 2007 (UTC)
Навредливо е и тоа како! Ajax, како Македонец од Пиринска Македонија, кој го знае бугарскиот јазик, ти благодарам што ја разјасни оваа дилема, со оглед на тоа дека не го знам бугарскиот јазик и не сум разбрал убаво кога ја читав статијата! Навредливо е и тоа многу! Бидејќи македонистите се научни работници кои изучуваат македонистика (македонски јазик и култура), а ставот дека Гоце Делчев е најголем македонски великан и револуционер го застапува секој Македонец и Македонка во Македонија и светот. И овчар, и академски граѓанин, и македонист, и економист, и сите други МАКЕДОНЦИ сметаат дека ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ е најголемиот македонски револуционер. Во тукашната статија не гледам дека пишува дека бугарсистите и бураските шовинисти сметаат дека Гоце Делчев е „бугарски“ револуцонер, коректно е напишано дека во „Бугарија се смета...“ затоа поправете го тоа! - Македонец 17:52, 10 септември 2007 (UTC)
Баш така мислите,господине, и затоа го употребувате.Еве што Вие самиот сте напишал [2][3].Со тој збор Вие велите дека ние сме вештачко дело на надворешна сила.Одлично знаете дека зборовите „македонист“ и „македонизам“ бугарите,ги користите наедно со „предавници,изроди,мекерета,србомани,лумпени,продажници“ и што ли не уште.Нив ги користите наместо „македонец и македонски“, зашто ако ги употребувате нив ќе бидете смешни дури во вашите сопствени очи да докажувате како македонците не се македонци и македонското не е македонско.Затоа Ви е потребна заменка, и таа заменка е „македонист,македонистко“ - нешто лажно, неприродно,антибугарско,нешто што да покаже вашето непризнавање на македонски народ,јазик,историја и култура. Користејќи тие заменки,го покажувате вашиот став на непочитување вољата на самоопределба на луѓето. Навредувате и дури се правите на улав како да не сте знаеле смислата на тоа што сте напишал. Ако мислите дека имате работа со деца и можете така елементарно да поминете, сте згрешил. Така што бидете добар да си го поправите написот .--Ajax 22:02, 11 септември 2007 (UTC)

Господине Ajax, што јас мислам за македонската идентичност, Вие може многу добро да разберете од разговоров. Затоа не мислам дека има голема потреба да се обидувате да толкувате мои зборови от статијата "Македонизам" (во кои не наjдов апсолутно никаков проблем и кои се сосема коректни) и не го изразуваат само моето мислење, а фактите. Местото каде можам да го изразам мојот личен став е овде. Ако некој сака со "македонисти" или "македонизам" да каже „предавници,изроди,мекерета,србомани,лумпени,продажници“, Ве молам не се обраќајте кон мене, ни кон Македонец кој исто така го употребува "македонисти" - очигледно не како научни работници (Исаија Мажовски). Во секоj случај не ми е познато во литературниот бугарски јазик да постои друг термин со кој можеме да ги определиме приврзаниците на идеата на македонизмот. Bо РБ "македонист" може да биде и човек, кој jа прифаќа таа идеа, и учен, како што кажа Македонец (и од Македонизам, и од Македонистика). Се разбира во РБ (и во Пиринска Македонија вклучително) македонзмот има много противници, но тоа не значи дека терминот како таков во литературниот бугарски е навредлив. Има многу примери - комунист и други. Прашање на контекст, но терминот не може да биде навредлив за луѓето шо навистина се комунисти. Ако Вие мислите дека го знаете литературниот бугарски jазик, а и да не го знаете - Ве молам, кажете како да го замениме "македнизам" во статиjата. Поздрав, --Антон 16:20, 12 септември 2007 (UTC)

Аааа, немој така братче, јас МАКЕДОНИСТ не го користам во смислата во која го користите вие бугарите. Македонисти се оние македонски дејци, преродбеници и раволуционери кои сметале дека Македонците се посебен словенски народ. Дел од нив се: Ѓ.Пулевски, К.Мисирков, П.Попарсов, за кој се разбира вие бугарите наоѓате грандиозни и непобитни докази дека сепак и тие биле „бугари“. Македонистите се припадници на македонистичкото движење во 19 век (тоа движење од бугарите е наречено сепаратистичко). - Македонец 13:29, 16 септември 2007 (UTC)

Господине, ние имаме доволно трпение, но немојте да мислите дека ќе ги заборавиме вашите навредливи зборови. Да си ја поправите статијата за Гоце Делчев во однос на македонското гледиште. Зашто во светот нема никој со “македонистко сознание“. Но има луѓе што се плашат од зборот “МАКЕДОНСКИ“.--Ajax 22:54, 26 ноември 2007 (UTC)

Многу имам мерак да разговарам со тебе[уреди извор]

Вчера така ја разгледував бугарската википедија и гледам во категоријата на словенски народи, ги има сите народи, дури и Бошњаците и Црногорците, арно ама МАКЕДОНЦИ нема никаде! Е како бре така братче! Ако вие во вашите бугарски глави не не сметате нас за народ, тоа ли е вистината. Зарем не е вистина ако 2 милиони луѓе се чувствуаат себеси како МАКЕДОНЦИ, дека се МАКЕДОНЦИ и заслужуваат да бидат вброени во категоријата на словенски народи. Зарем тоа што низ целиот свет не прифаќаат како посебен народ, поради вашите фрустрации во однос на нас, не се важи како релевантен факт како што не се важи и нашето ЈАСНО изјаснување дека сме МАКЕДОНЦИ. Воопшто не ми е јасно! Понатаму, одам таму во статијата за Бугари, и нормално веќе очекувано „дрн, дрн, во Македонија сите се бугари трес,трес 20000 имат блгарско замосзнаниеи според попис имало 3500 попишани бугари“. Е нема бре братче, официјалната бројка на попишани бугари во Македонија на последниот попис во 2002 година, е 1417 лица. И јас тоа упорно го ставам, упорно се брише тоа! А официјален факт е, така? Ти тука шириш поткрепени факти, па јас како тебе таму кај вас ставив вистински поткрепен факт, но ми го бришат. (Само јас сум бил националист). Сега ставив и линк, се надевам дека нема да го избришат. Понатака 20000 луѓе имаат потпишано документи во бугарска амбасада дека се осеќаат како бугари (што е невидена национал-шовинистичка хистерична и нечовечка постапка од ваша страна, со тоа дека треба и членовите од семејството да се пријават како „бугари“), меѓутоа на ПОПИС ТИЕ ЛУЃЕ СЕ ИЈАСНУВААТ КАКО МАКЕДОНЦИ (што е очигледно, зошто нема 20000 попишани бугари). И тоа го напишав, но и тоа се изриша веднаш. Па кажи ми сега ти, дали само јас сум националистот и во што е проблемот? - Марио Шаревски - Македонец 20:23, 8 септември 2007 (UTC)

Сега ќе видам за што станува збор. Те молам следниот пат, ако можеш, испрати ми ги и линковите да би можал полесно да ги наjдам статиите и твоите измени.--Антон 20:44, 8 септември 2007 (UTC)
Искрено ти благодарам што ќе посветиш дел од твоето време на овие работи. Еве ти линк од англиската википедија каде што го има податокот за бројот на попишани бугари во Македонија, кој што го имам јас дома во печатено издание од заводот за статистика на РМ. [4] - Македонец 20:53, 8 септември 2007 (UTC)
Моментално во статиjата "Бугари" на БГ Вики пише: "Според официалното преброяване в страната като българи се определят около 1417 души. В същото време около 20 000 македонски граждани получават и българско гражданство, за което се изисква да декларират, че са от български произход и се самоосъзнават като българи и "Република Македония: около 20 000 (двойни граждани) и 1419 (по данни от 2002 г.) самоопределили се като етнически българи". Мислам дека е точно. Се разбира, ако и ти се согласиш.--Антон 22:01, 8 септември 2007 (UTC)

Во ред е, но сепак повторно има една небулоза! Сите тие 20000 луѓе кои имаат двојно државјанство на попис се изјаснуваат како МАКЕДОНЦИ (тетка му на Аце и сите останати), а не како бугари, и тоа мора да се запише таму, со оглед на тоа дека нема 20000 попишани бугари, а тоа е и случај кај други луѓе со двојни државјанства. Јас на пример имам другар кој има двојно државјанство (македонско и хрватско), но секаде се изјаснува како Македонец. Затоа мора и тоа да се напише. - Македонец 23:18, 8 септември 2007 (UTC)

Вo текстот на статиjата е кажано дека за да го добијат Бугарско државјанство тие луѓе се декларирале како Бугари (со бугарско потекло). Истовремено е кажано дека според пописот во РМ има само 1417 Бугари. Мислам дека е jасно дека тие луѓе не се декларирале како Бугари на пописот.--Антон 13:19, 10 септември 2007 (UTC)

За македонското потекло[уреди извор]

Видов дека потекнуваш од Кецкарови од Охрид, а јас добро знам кои се Кецкарови не се секирај. Тоа што твоето потекло е од Кецкарови и од Охрид (Македонија) автоматски значи дека си етнички Македонец, ама за жал со многу многу силна бугарска свест. Жал ми е за тоа, но тоа си е твоја работа, а не моја. А кога веќе начнуваш теми кој е повеќе Македонец, немој жити мајка, со оглед на тоа дека ние живееме во МАКЕДОНИЈА (ти живееш во Бугарија, претпоставувам), се сметаме себе си за МАКЕДОНЦИ (јасно и недвосмислено, ти се сметаш за Бугарин и за Македонец во 427 значење), имаме македонски државјанства што автоматски во странство не прави МАКЕДОНЦИ (како што Албанците во Швајцарија со македонски пасоши ги сметаат за Македонци) (ти со бугарско државјанство секаде си Бугарин), а и не сме мали деца да се докажуваме тука, зашто секој си знае најдобро за себеси што е и како е. Биди ми поздравен, Европеецу - Македонец 20:51, 8 септември 2007 (UTC)

А и да не се навредиш, јас искрено и длабоко го почитувам твоето македонско потекло, и го почитувам твоето право себеси да се изјасниш како што сакаш и во кое значење сакаш! - Македонец 20:56, 8 септември 2007 (UTC)

Благодарам! Во Разговор:Гоце Делчев (секција "Некоректен цитат на Талев") e објаснето од Иван што може да значи "Македонец". Се разбира има уште значења, но сепак види и таму. Добро знаеш дека значењето за Македонец како државјанин на РМ е само на 16 години. Така да јас не се сметам за Македонец во 427 значење. Според мене станува збор за привобитно значење. (Ако jа употребиме твоjата логика во РМ има 20000 Бугари, бидеjќи има 20000 луѓе кои имаат и бугарско државјанство) Секако знам дека не мислиш дека само вие живеете во МАКЕДОНИЈА. Ако jас живеам во Благоевград, Банско, Гоце Делчев и т.н. исто така живеам во Македонија иаку држвата ми не се вика РМ.
Да ми кажеш дека моето потекло автоматски значи дека сум етнички Македонец е истото како јас да ти кажам дека твоето потекло автоматски значи дека ти си етнички Бугарин (ако не си Влав, Србин и т.н.). Се разбира, разликата е дека во одреден смисол јас признавам дека сум Македонец (и се гордеам со тоа), додека ти не признаваш дека си Бугарин. За тебе има едни објективни факти от минатото, за мене други :). Или поточно - разликите повеќе се во интерпретациите на фактите. Прашањето е каде завршува фактот и го заменува интерпретацијата. Што навистина е било во минатото и што денес ние би сакале? Дали можеме да го екстраполираме денешниот ден и денешните реалности врз минатото? Поздрав,--Антон 21:49, 8 септември 2007 (UTC)

Многу, ама ептен многу ме нервираат вашите бугарски толкувања и значења на зборот МАКЕДОНЕЦ. Зборот МАКЕДОНЕЦ пред се има само едно толкување, човек што е од (или потекнува) Македонија (Вардарска, Егејска, Пиринска, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора), што зборува македонски како мајчин јазик, и ги има сите етнички, физиономски, етнолошки и антрополошки обележја на МАКЕДОНЕЦ. Јас сум таков! ЦЕЛОСНО, 100% чистокрвен МАКЕДОНЕЦ, со чисто МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ, без никаков друг етнички корен во моето семејство освен МАКЕДОНСКИ (моето пошироко семејство не е измешано ниту со Срби, ниту со Власи, ниту со Бугари или други, сите сме чистокрвни Македонци). Јас автоматски никогаш не можам да бидам етнички бугарин, од единствена причина што, не знам бугарски, со Бугарија немам ама баш никаква врска ниту пак некаква допирна точка (моите најценети пријатели и браќа Македонци од Сандански и Петрич, се сметаат себеси за Македонци кои живеат во Македонија, а администратвино се само граѓани на Бугарија). Па ете ти, зашто јас не признавам дека сум Бугарин. ЗАТОА ШТО НЕ СУМ БУГАРИН! НЕМАМ НИКАКВА ВРСКА СО БУГАРСКАТА НАЦИЈА ИЛИ СО БУГАРИЈА (а нити пак со Србија, Грција и Албанија). А ти бидејќи имаш корени од Македонија, си Македонец, само што кај тебе за жал преовладува бугарско национално чувство, за кое реков дека си е твоја лична работа. Брат нема што да се признава, единствено што треба да се признае е тоа дека во Македонија (В.Е.П.) суштествува и живее МАКЕДОНСКА НАЦИЈА т.е. луѓе кои се етнички Македонци и себеси се сметаат за такви. Само тоа е вистината. А за минатото не сакам да почнам да зборувам со оглед на тоа дека „на сиромавиот е најлесно да му подметнеш се и сешто“. - чистокрвен Македонец

И да не заборавам, јас не ги негирам сличностите што ги има македонскиот народ со бугарскиот или српскиот, сепак на крајот на краиштата сите сме луѓе, биолошки суштества, но не дозволувам сличностите што ги имаме да се злоупотребуваат во големите национал-шовинистички цели на Бугарија и Србија. - Македонец 23:20, 8 септември 2007 (UTC)

Добро, имаш право да мислиш како што сакаш - и за себе си и за мене. Јас не можам и немам право да ти кажам да не бидиш такав или онакав. Но истотото важи и за тебе. Ти не само не можеш да ми забраниш да мислам за себе си како што сакам, но и да мислам за тебе како што сакам. Твое право е да сметаш дека немаш ништо обшто со Бугарите (не говорам за сличностите кои ги признаваш). Но мое право е да не мислам така и моето или твоето мислење не се причини за војна, нели?--Антон 13:19, 10 септември 2007 (UTC)

Ненадежно вмешување[уреди извор]

Еј Антон, извини, не сакам да се мешам, само сакам да ти посочам што е она што толку многу нѐ вади од такт нас, Македонците. Ти ги гледаш Бугарите како еден народ (со X% словенско во нив), а Македонците како полуетникум којшто е произлезен од бугарскиот (бидејќи така вели историјата што ја познаваш, нели?). Значи, Македонец е Бугарин кој живее во Македонија (било Вардарска, Егејска, Пиринска) и го има истиот X процент словенско во него. Дури и сите Македонци низ цела Македонија (и Бугарија) да се изјаснат како Македонци, сосема различни од Бугарите, ти ќе го почитуваш нивното право, но сепак ќе знаеш кои „всушност“ се тие. Ако грешам, те молам изјасни се. Но не мислам дека грешам, бидејќи му рече на Марио дека „ти признаваш дека си етнички Македонец, а тој не признава дека е етнички Бугарин“. Епа, ете, тоа, пријателе, е она што нѐ вади од такт и предизвикува бес и гнев (и последици: пцуење, банирање, нарушување на угледот). Ако сакаш да си пријател со нас, барем РАЗБЕРИ ГО ТОА. А се разбира, не нѐ нервира тоа без причина. Не бидејќи се откажуваме од бугарштината (како Црногорците од српството), не бидејќи сме скарани со вас, не бидејќи сакаме да биде поинаку... НЕ! Моето лично гледиште (коешто е основано од некои цитати од книги, и бугарски и македонски, од некое истражување, од многу размислување, од здрава логика, од АНТРОПОЛОГИЈА, генетика, етногенеза итн... не е без врска, како што мислиш ти) е дека Македонците се многу повеќе словени од Бугарите, дека ние сме потомци од оние Словени што биле тука за времето кога Бугарите (прабугарите) дошле на Балканот и кога пустошеле, кога колеле христијани итн, а вие (Бугарите) сте оние прабугари, ФАЛА БОГУ колку-толку измешани со Антите, Тракијците, се разбира во некоја мерка и Словените, потоа Турците, Власите, Ромите итн итн (се разбира дека ниеден народ не е чист). Но, за разлика од вас, ние сме многу повеќе Словени и јазикот што го зборуваме (и јас и ти) е ВСУШНОСТ произлезен од јазикот на оние Словени кои живееле тука (а не на прабугарите). Кажи ми, нели сфаќаш дека во Бугарија зборуваат верзија од нашиот јазик, а не обратно. Пак забегав со темата... Сакав да ти кажам дека во нашата гледна точка (којашто за нас е вистина) Македонците се различни од Бугарите колку што Индијците се различни од Јапонците, и мислам дека треба да го сфатиш и да го почитуваш тоа. Сите самоизјаснувања на Македонци дека се Бугари (се разбира дека имало и такви, го знам тоа) се сосема оправдани, од сите прилики, политички, економски, улогата на пропагандата, незаинтересираност, неукост, итн итн итн, а оние ваши тврдења дека (на пр.) Јане Сандански или, не ми се верува, Крсте Мисирков се сметале за Бугари, ЗНАМ дека се лага. Кажи ми, дали си ја прочитал „За македонцките работи“? Како се чувствуваш во врска со тоа? Или ќе ми кажеш дека книгата е фалсификат (направен од Бог знае кој... можеби Тито оти многу нѐ сакал, нели?)? Ете токму така, како што бугарската историја тврди дека онаква детална студија за македонските прилики во XIX век (зборувам за книгата) е ФАЛСИФИКАТ, така тврди и дека сите други книги и писма што ги имаме тука се фалсификат. За повеќето од нив, во Бугарија си има друга верзија, друго издание на книгите. Не знам дали ме сфаќаш :( А за јазикот, за антрополошките разлики (што секој ден ги гледам на телевизија и сум сѐ поуверен за разликите), за етногенезата и за генетските анализи (на крвта) низ Балканот, треба да зборуваме во некоја идна прилика. Искрено, навистина не знам како напишав олку текст, а сакав само малку да се изјаснам, ако имаш совет, упати ме да научам да зборувам кратко и јасно. И ако се чувствува некаков непријателски тон во текстов, те лаже! Поздрав, Поречанец 01:18, 9 септември 2007 (UTC)

Изгледа дека за тие работи не можеме да зборуваме кратко и јасно. :) Барем јас не можам.
Ги прочитав моите зборови до Македонец, но немам забележано да сум признал дека сум етнички Македонец. Напишав дека сум Македонец. Во одреден смисол. Разликата е голема.
Бугарите го носаат името на Прабугарите, кои основале државата исто како Французите го носаат името на германското племе Франки, но денес никој не тврди дека Французите се германски народ. Исто како и Русите го носаат името на несловенското племе Руси (во науката се смета дека е докажано дека древните руси не се словени; има спорови дали се германци или индо-иранци - сармати и т.н.).
Според мене да се каже дека денешните жители на РМ се многу повеќе словени од жителите на РБ (Бугарите, не Турци и други) и многу смело. Бугарите говораат јужнословенски јазик, а сметам дека знаеш дека Антите се Источни словени. Во историографијата има мнение дека во бугарската етногенеза има и мало учество на Анти, но само "историчари" како А. Донски сметаат дека словенското во бугарите е антско. Византиските автори сосема jасно говораат за Словени (т.е. јужни, не Анти) не само во МК, но и во Мизија и Тракија. Например Седемте словенски племиња во денешна Источна Бугариjа. Можам да се согласам потполно со тебе дека Бугарите зборуваат верзија од вашиот јазик. Прашање на терминологија.
Ако "Македонците се различни од Бугарите колку што Индијците се различни од Јапонците" значи Индијците и Јапонците имаат сличен јазик, значи огромен процент от жителите на едната држава имат потекло од другата, значи во минатото ги определувале Индијците како Јапонци или обратно? Но, се разбира, секоj има право на мислење.
За Мисирков, „За македонцките работи“ и Јане Сандански. Никоj во Бугариjа не тврди дека „За македонцките работи“ е фалсификат. Сум прочитал книгата и во оригинал (во Народната библиотека во Софија) и преснимениот текст, издаден во Скопје во 1974 со предговор на Блаже Конески. Но да те прашам - дали ти си ги прочитал другите дела на КМ, во кои тврди дека е Бугарин и во кои се откажува од македонизмот. Во Интернет има многу примери и ако сакаш можеме да ги разгледаме. Како почеток можеш да видиш книгата на историчарот со потекло од Вранештица Веселин Трајков [5]. Јас само да кажам дека оригиналот на неколку од документите во книгава ги имам видено лично во Централниот архив во Софија. Дека Крсте Мисирков си го менувал мислењето е факт и затоа мислам дека е важно да не jа гледаме историjата низ црно-белите очила на пропагандата коjа ни jа наметнуваат. Ако за К. Мисирков се согласувам дека во одредени периоди на своjот живот имал македонистки ставови, за Јане ми е тешко да се согласам. Причината е многу проста - немам сериозни извори. Поздрав, --Антон 13:19, 10 септември 2007 (UTC)

Аце не се замешувај бре, ги гледаш сега почнаа Крсте Мисирков вака-онака... Тврдоглави се, мислат дека нешто ќе постигнат со нивното бугарчење, ништо не постигнуваат си остануваме ние МАКЕДОНЦИ си остануваат тие тврдоглави и настојчиви бугари, бугарофили (и бугародебили). - Македонец 17:55, 10 септември 2007 (UTC)

Не, не, не, грешно си ме разбрал Антоне. Не зборувам дали си ти етнички или не знам каков Македонец (не постои друга смисла де). Ти му рече на Марио дека тој не сака да признае дека е етнички Бугарин (демек Бугарин што живее вон границите на Бугарија). Мораш да престанеш со тоа (и покрај твоите погледи), затоа што тоа е една од најголемите навреди што можеш да му ги кажеш на еден Македонец.
Прочитај уште еднаш за Индијците и Јапонците! Не зборев за јазикот, туку за надворешниот изглед (антрополошките разлики). Индијците се црни, со заоблени носови итн, а Кинезите се жолти, со коси очи итн. Не мешај работи (како што секогаш прават Бугарите во дискусиите, барем така имам забележано).
За Мисирков: не знам дали кажав претходно, но спремен сум да отсечам дел од телото за него. Т.е. сакам да ти кажам колку сум сигурен во неговата определеност и во автентичноста на книгата. „Другите дела“ на Мисирков што се -на- интернет (на „онаквите“ страници, знаеш за кои зборувам) воопшто не ја потресуваат мојата убеденост. Можеби (значи можеби!) Мисирков думал, се двоумел понекогаш, не бил сигурен, можеби на моменти и сосема се збунувал, но онаа (за мене света) книга „За македонцките работи“ кажува СЀ! Дури на моменти се изразува и со виден гнев во врска со она што го прават Бугарите. А за тоа што немаш сериозни извори за Јане, во ред е, бидејќи тоа може да се промени, нели?
Уште еднаш, те молам немој да мешаш некои работи и да вадиш реченици од контекст. Поентата ми беше многу проста, престани така да зборуваш со нас, ако сакаш да те гледаме како достојно човечко суштество. Поздрав, Поречанец 19:53, 10 септември 2007 (UTC)
Добро, да кажам уште еднаш појасно - не сакам никого да го убедувам дека е Бугарин или не е. Мое право е да имам мислење и сметам дека вие знаете, какво е. Исто како на мене ми е познат вашиот став. Не му го наметнувам на никого моето мислење. Секако, ако вие ме убедувате дека сум етнички Македонец, не се лутете, ако ви одговорам по ист начин.
Читав за Индијците и Јапонците, но не верувам да сакаш да кажеш дека Бугарите и Македонците имат такви антрополошки (расни) разлики.
За Мисирков добро е што прифаќаш дека можеби се двоумел и на моменти и сосема се збунувал. Ако сакаш навистина да го разбереш Мисирков, продолжи. А за Сандански, се разбира јас може да си го променам мислењето, ако некој најде сериозен извор.
Ако мешам некои работи и вадам реченици од контекст, нели затоа е разговорот - да се разбереме. Поздрав, --Антон 16:20, 12 септември 2007 (UTC)
Ете така, мислам дека колку-толку се разбравме. Јасно е дека живееме во ера на слободија (иако Македонците од Пиринска Македонија ја немаат :( морав да забележам) и дека имаш право на твое мислење, коешто, се разбира, може да се смени некогаш (нели?).
За Индијците и Јапонците и за Бугарите и Македонците сакам да го кажам токму тоа. Можеби немаат ТОЛКАВИ разлики (фала Богу де), Индијците се црни, Јапонците се косооки итн итн, но сакам да кажам дека од 100 Бугари (не од западна Бугарија) и 100 Македонци, можам да погодам кој е кој во најголемиот број случаи. Но, не можам да погодам од 100 Прилепчани и 100 Битолчани кој е кој! Сам сфати што сакам да ти кажам.
Мисирков јас го сметам за огромен човек, но сепак човек, не некој идеал или божество. А секој човек има премногу падови и издигања, многу брзо учи нови работи и гради ставови, па така многу често може да го менува своето мислење. Така, еден човек може да се роди муслиман, во младоста да се преобрати во будист, потоа да сфати дека христијанството е правата религија, и на крај да стане јудеист! Но, Мисирков во својот врв имал едно единствено мислење (коешто го запишал во страници и страници), а дури и кога малку го менувал, тоа сигурно не било до степен да мисли дека е чист Бугарин! А за Сандански, ме изненадуваш што велиш дека може да си го сменил мислењето, а особено ако навистина, искрено го мислиш тоа. Ако е така, има време...
Се надевам дека ќе се разбираме и понатаму и дека тоа што го велиш е искрено! Поречанец 17:23, 12 септември 2007 (UTC)
Не е точно дека „Радко“ и другите „бугари“ немаат слобода во РМ! Тие имаат, собранието на „Радко“ не го попречи полицијата или друг државен орган, а исто така државните органи не попречуваат никого да се изјасни на попис како Бугарин или да земе бугарско државјанство. Единствениот проблем поради кој „Радко“ и „бугарите“ (читај бугарската пропаганда) не се успешни во Македонија, е поради тоа што немаат поддршка ниту пак не им се посветува никакво внимание од македонскиот народ! - Македонец 16:19, 17 септември 2007 (UTC)
Да добро е, дека си ја цениме слободата (иако "Радко" и други Бугари во РМ ја немаат).
Не можам никако да се согласам за расните разлики. Убеден сум дека тешко може да се погоди кој од каде е. Јас кога одам по улиците на било кој град во БГ не се разликувам и не е jасно дека сум од Македонија. Толку сме измешани. Само во некои планински места сеуште е зачуван некаков одреден и доминантен антрополошки тип, кој може да се види со просто око. Може би еден од примерите е Банско. Некои од вистинските банскалии сеуште се разликуваат од останатите жители на Пиринска МК и на РБ, но признавам дека сега го изразувам моето лично мислење.
Кога збориме за врв и за луѓе како Мисирков, секоj може да види различен врв. За тебе може би врвот е "За Македонцките работи", за мене - Мисирков во Бесарабиjа 1917-1918.
Искрен сум дека можам да си го сменам мислењето по одредени прашања од нашето минато, но не верувам да си го сменам по некои кардинални прашања за моjата идентичност. Зато што прашањето за сопствената идентичност се обидувам да го ставам на рацонален основ и во согласност не само со зборовите на моjот дедо, но и со автентичните извори.Поздрав, --Антон 18:20, 12 септември 2007 (UTC)
Види, најлесен начин да ги приметиш разликите е да пуштиш Планета Пајнер или Балканика (хаха-ха-хахахаха! :D). Често го правам следново: ќе пуштам Балканика, ќе ги анализирам убаво учесниците во спотот и ќе одредам на која нација припаѓаат. Се зачудувам од леснотијата (или од мојот експертизам). Бугарските пејачки и пејачи најлесно ги познавам, Грците исто така се лесно препознатливи, и Србите имаат посебни црти (од нашите), но најчесто по пластичните операции и по носевите ги познавам, Албанците ми се секој ден тука, многу лесно се разликува Илир, а македонските ги знам оти ги гледам често. Немој да ме сфатиш дека тоа е мојот доказ (пак хахаха) за разликите, само сакав да ти кажам дека ако објективно ги анализираш пејачите, можеш најлесно да препознаеш Бугарин. НЕ СУМ РАСИСТ, не сум ништо слично, не викам дека Бугарите се 100% Татари (или слично), но ете така, не можам против тоа што имаат посебни црти на лицата. Патем, воопшто не ми се допаѓа музиката на Балканика, најголемото ѓубре од Балканот, собрано на едно место. :D --Поречанец 19:10, 12 септември 2007 (UTC)
Не ми се допаѓат и не ги гледам Планета Пајнер или Балканика, така да не можам да го проверам тоа. Јас лично можам да ги приметам бугарските фолк (чалга) пејачки и пејачи по друго, но не и по цртите на лицето. За Албанците се согласувам дека се разликуваат, посебно Гегите.--Антон 19:20, 12 септември 2007 (UTC)
Ете, гледаш, исто како Гегите, така и Бугарите можам да ги разликувам (особено источните). :D

Нова глава[уреди извор]

Благодарам, професоре :)! Меѓу луѓето во источна и западна Бугариjа нема разлики како што меѓу Геги и Тоски. Наjмалку (но не само) затоа што во Источна БГ има иселени многу Шопи, Македонци и други од западните делови. Уште во 18 век, а и пред тоа. Говорам за многу големи групи. Цели села во 18 век во Источна БГ биле од западни Бугари. Потоа, кога во почетокот на 19 век дел од нив се преселувале од Источна БГ во Бесарабиjа со источните Бугари биле и многу западни. И денес во Молдова во некои бугарски села (Паркани и друти) се зборува на "ке", а не на "ште": ke видам, ке дадам и така натаму.--Антон 18:04, 13 септември 2007 (UTC)
  • Трет час по македонски јазик: „ке“ --> „ќе“
А, нели, тоа е доказ дека македонскиот е дијалект од бугарскиот (или обратно?). Туку, сакав да те замолам да ми кажеш зошто не е во ред во статијата Македонизъм да стои дека „македонска нация, език и култура са различни от българската, (И) гърцката и сърбската“, туку само од бугарската? Еден корисник објасни дека „сепаратизмът е от българската нация, а не от гръцката или сръбската“, но не се сложувам. Прво, не е сепаратизам, туку тврдење за посебност, а тоа го има и во врска со Србите и со Грците; трите страни, српската, бугарската и грчката имаат тврдено дека народот во Македонија е српски, бугарски и грчки (соодветно), што значи дека треба да се спомене дека Македонизмот подразбира посебност од сите тие три страни. Не гледам зошто не би се сложил, ама те молам објасни ми. Поречанец 22:37, 13 септември 2007 (UTC)
За третиот час не се согласувам. Напишав "ке", а не "ќе", бидеjки зборев во одреден контекст - дијалектологија. Кога пишеме за дијалектолошки реалности правописот на литературниот јазик не е задолжителен. Ако луѓето ги произнесуваат како "ке", а не "ќе" така и треба да се напише, кога го коментираме дијалектот. Нема многу голема разлика помеѓу звуковата вредност на "ке" и "ќе", но сакав да бидам точен.
Видов дека си го убедил користникот во БГ Википедиjа, така што (:)), мислам дека веќе нема потреба да коментираме.--Антон 14:30, 14 септември 2007 (UTC)
А, а, ќе мора да се согласиш, грешно си ме разбрал (а и јас тебе). Јас посочив дека е „ќе“ затоа што сум приметил дека мноогу често Бугарите кога пишуваат македонски, пишуваат „ке“. Да признаам, мислев дека и ти сега згреши (кога зборуваше за дијалектите во Молдавија), но сега сфатив дека всушност било К, а не Ќ. Сепак, кога зборуваме за македонскиот јазик што го зборуваат повеќето Македонци, „ќе“ го изговараат со чисто Ќ, не со К. Во некои области го изговараат дури и повеќе накај Ч, а употребата на К (во ќе) се забележува само кај искварената скопска загубена младина, да се разбереме. Инаку „Ќ“ е македонски и само македонски глас, никој друг го нема тралалала :D :D :D Летово потрошив 2-3 саати обидувајќи се да научам едни Србинки да кажат „ќ“ и „ѓ“, наместо „ћ“ и „ђ“, и гордо можам да се пофалам дека ми успеа :D А во врска со статијата „Македонизъм“, јас сум навистина изненаден... :P Биди поздравен и да знаеш дека ако во иднина ме мачи нешто во врска со НГТ (односно БГТ), прво кај тебе ќе се обратам ;) --Поречанец 17:49, 14 септември 2007 (UTC)
Навистина научив нешто ново. Често Бугарите пишуваат „ке“ бидеjќи не сите jа употребуваат македонската азбука. Мислам дека слободно можеш да се обратиш кон мене. Поздрав, --Антон 18:12, 14 септември 2007 (UTC)

Дијалекти[уреди извор]

Антон, малку да те поучам, како голем познавач и зборувач на сите македонски дијалекти (вклучувајќи ги и тие од Пиринска и Егејска Македонија и Мала Преспа, Голо Брдо и Гора), во ниту еден македонски дијалект не постои честичка за формирање идно време „ке“ ниту пак постои изговор на честичката „ќе“ како „ке“. Напротив во повеќе македонски дијалекти и локални нарејча за оваа честичка се вели „че“, а во некои северо-западни говори (како на пример во Гора) со мешавина од меко ќ (слично како српското ќ) и тврдо ќ. - Македонец 17:45, 14 септември 2007 (UTC)

И да појаснам изговорот „че“ се однесува стрикно на честичката за формирање идно време „ќе“, а не како кај вас во бугарскиот јазик каде што „че“ е всушност сврзникот „дека“ во македонскиот јазик. - Македонец 17:47, 14 септември 2007 (UTC)

Te молам, погледаj уште еднаш за кои дијалекти имав напишано, па тогаш ако сакаш може да продолжиме со поучавањето.--Антон 17:49, 14 септември 2007 (UTC)
И јас да појаснам дека во дијалектите на Западна Бугарија "че" значи исто како во дијалектите во РМ. За сврзникот „дека" се употребува "дека", "што" или "че"--Антон 17:53, 14 септември 2007 (UTC)
Видов дека си напишал за Бесарабиските Бугари, но сепак сакам да ти предочам на тоа каква е употребата и изговорот на „ќе“ и „че“ во македонскиот јазик, бидејќи многу ме чуди, дека сите вие од Бугарија поради вашето националистичко држење сметате дека знаете македонски, бидејќи тоа „било само бугарски дијалект“! Е не е бре братче, македонскиот јазик си е кодифициран и стандардизиран јазик со свои сопствени правила, изговор, граматика, лексика, морфологија, синтакса и стилистика, различна од бугарскиот и српскиот јазик! Точно е дека македонскиот и бугарскиот јазик се најслични меѓу себе, но верувај дека кога пред 5 години бев во Перник, имав големи тешкотии да се разберам со луѓето таму! - Македонец 17:55, 14 септември 2007 (UTC)
Да, многу луѓе во РБ сметаат дека разбираат македонски, а многу луѓе во РМ сметаат дека тешко го разбираат бугарскиот. Ако го оставиме назад политичко-лингвистичниот контекст, треба да видиме уште една важна причина. Бугарскиот литературен јазик е формиран повеќе на базата на источните дијалекти. Секој од Западна Бугарија ги има внатре во себе како пасивен лексикален фонд старите, автентичните зборови на своите баби. Иаку може да не ги употребува. Кога еден од овие луѓе ве слушне, тој ве разбира, вашите зборови (ако не се србизми) му се познати на еден или друг начин. Но кога вие то слушнете него, нема одкаде да ги знаете повеќето од литературните источнобугарски зборови, русизмите и така натаму.--Антон 18:12, 14 септември 2007 (UTC)

Jaс сум човек, кој зборува чист литературен македонски јазик и не од политичка причина или кој знае што таму, туку од личното искуство во Перник не можев да се разберам со луѓето. Да не е случајно Перник град со многу луѓе кои се доселиле од Добрич, Силистра, Разград, Варна и други места од источна Бугарија? Јас не велам дека дијалектите од источна Македонија се сосема различни од дијалектите во западна Бугарија, меѓутоа вие упорно од политичко националистички причини верувате дека го знаете македонскиот јазик и потенцирате дека тие сличности се пред се поради „нашата национална и етничка сличност со вас“. Јас признавам, го разбирам бугарскиот, го разбирам и српскиот (исто колку бугарскиот, дури можеби и малку повеќе), а исто можам да разберам и чешки, словачки, руски и полски по малку (летово имав можност да бидам со луѓе од тие земји) но тоа поради сличниот лексички фонд на словенските јазици, а не е тоа поради тоа што јас истовремено сум „Бугарин“ и „Србин“, а помалку сум и „Чех“, „Словак“, „Русин“ и „Полјак“. Живејте си бре луѓе, оставете не нас Македонците на мир, аман веќе оставете ја нашата национална припадност, јазик, култура и нашиот живот македонски во мир да си го живееме. Што ли сакате да постигнете? Да „исправите“ историски неправди нанесени од Србите, па ние Македонците да се „освестиме“ и да се обединиме со вас, за да ви плаќаме даноци и да ви ја полниме државната каса, а вие зголемени за уште (25.713 км2) да си ползувате добра од македонската земја (парафразирани зборови на Димитар Благоев - Дедото искажани во бугарскиот парламент во декември 1917 година). Доста бре веќе еднаш, оставете не на мир. - Македонец 00:08, 15 септември 2007 (UTC)

Еј и за ова сакав да те прашам. Лично ти дали го сметаш хрватскиот јазик за посебен и различен од српскиот јазик? Многу ме интересира твоето мислење. - Македонец 00:08, 15 септември 2007 (UTC)

Нормално е мислам, кога станува збор за Македонското прашање и за националните односи на Балканот да има политизација, но ако таа е преголема тогаш е јасно зошто може да изгледа дека на север од Бараково и Девебаир се зборува неразбирливо за луѓе од денешна РМ. Иаку фактот дека автентичните дијалекти од околината на Перник се можеби поблиско до јазикот во РМ, отколку во Гоце Делчев или Драмско (доколку сеуште има тамо словенојазични). Ако не мислиме многу политизарано би могле да видиме во што точно се разликуваат jазиците во РБ и РМ, во што тие заедно се разликуваат од другите словенски jазици и какви се сличностите. Би могле да ги видиме разликите, доколку воопшто ги има, во граматичката структура, да ги споредиме и литературниот jазик во РМ и дијалектите со тие од Бугарија и дури од Егејска Македонија. Повеќе шансови да го извршиме тоа имаме, ако не се прашаме постоjано "Што ли сакате да постигнете?" (и jас можам да прашам истото за вашата интрепретациjа на историjата и за Пиринска МК).
За јазиците на местото на поранешниот српскохрватски - српски, босански (бошњачки), хрватски, дури црногорски и буњевски (?!) можам да кажам дека за мене причините се повеќе политички. Серазбира, секој народ има право да си го нарекува јазикот како што сака.--Антон 11:39, 17 септември 2007 (UTC)

Секој народ има право да си го нарекува јазикот како што сака, и другите треба да го почитуваат тоа. Иако српскиот и хрватскиот се поблиски од колку македонскиот и бугарскиот јазик, (во секој поглед бидејќи и најисточните српски со најзападните хрватски говори имаат многу поголема сличност од колку најисточните бугарски и најзападните македонски говори) сепак ниту еден Србин не го оспорува постоењето на хрватскиот јазик и „бошњачкиот“ и другите јазици, а ниту еден Хрват исто така не го негира постоењето на хрватскиот, „бошњачкиот“ и другите слични јазици. Па така и бугарите немаат право да го негираат постоењето на македонскиот јазик, особено поради тоа што тој е меѓународно признаен стандардизиран и кодифициран јазик, официјален на државно ниво во една светска држава и на локално ниво во уште неколку други. Во однос на тоа дека бугарскиот и македонскиот јазик во основата се поблиски отколку македонскиот и српскиот, тоа е сосема нормално бидејќи македонскиот и бугарскиот припаѓаат во „Балканскиот јазичен сојуз“ заедно со грчкиот, албанскиот и влашкиот јазик кој пак не е негиран од страна на Романија иако има огромни сличности со романскиот јазик. А кога сме веќе кај драмските говори, пред неколку години имав можност повеќе пати да одам со татко ми во Драма и Кавала и да разговарам со еден негов поранешен деловен соработник Христос кој самиот се изјасни дека „е Македонец од Кавала“ и со нас зборуваше на мајчиниот дијалект (кој мене тогаш, како на 10 годишно дете ми се слушаше како „бугарски“, но само 2 години подоцна и денес 8 години подоцна веќе ми стана јасно дека тоа е дијалект на македонскиот јазик) кој имаше призвук на струмичко-радовишки говор. (Човекот не велеше къшта, туку „кушча“, исто така не велеше всичко или сичко туку велеше „всето“ итн.)

Единствениот фактор зошто Србите не го негираат хрватскиот и Хрватите српскиот е поради тоа што тие ја признаваат српската односно хрватската национална посебност. Па така и вие българите треба веќе еднаш да сфатите (и да престанете со навредливите дејства, кои повеќе придонесуваат за оддалечување меѓу вашиот и нашиот народ) дека во Македонија и на светот воопшто живеат луѓе кои се Македонци, се нарекуваат себеси Македонци, имаат „македонско национално самосъзнание“, живеат, суштествуваат, работат, се размножуваат, размислуваат како Македонци, имаат посебна историја и минато, посебна денешнина и иднина (од вашата бугарска), нивната посебност е веќе одамна потврдена и прифатена работа од сите разумни луѓе и секако имаат право на слободно живеење како МАКЕДОНЦИ. Па затоа како што ние на вас не ви се мешаме околу вашето „българско самосъзнание и потекло“ не го негираме, навредуваме (признавам понекогаш се случува и тоа, ама само кога вие ќе не нападнете) и омаловажуваме, така и вие почитувајте го нашето македонско постоење!

А за Пиринска Македонија, ние никаде не сме рекле дека сите луѓе што живеат таму се Македонци, туку дека во минатото одреден број и процент (мнозински) се изјасниле како Македонци, а и во денешно време таму има луѓе кои се сметаат себеси и се Македонци и ние никогаш не сме го оспориле бугарскиот територијален суверенитет и национален идентитет (на оние кои се Бугари) во Пиринска Македонија! Ај поздрав - Македонец 16:08, 17 септември 2007 (UTC)

И секако, поголемата блискост на македонскиот јазик до бугарскиот отколку до српскиот, е поради тоа што бугарската етно-географска (етничка) територија георгафски е поблиска до македонската, за разлика од српската етногеографска (етничка) територија која сепак се граничи со македонскиот етнички простор. (Пример за тоа се селата Горно и Долно Љубиње, во близината на Призрен на Косово). Оваа причина е и причината поради која и македонското национално револуционерно ослободително движење во XIX и ХХ век, наоѓала прибежиште во Софија и Бугарија. Тоа е се разбира поради географската близина на Бугарија со Македонија, а и тоа што Софија во тоа време била најблиска слободна (словенска) престолнина до Македонија. (За разлика од Белград или пак Атина, каде што сепак еден дел од македонското револуционерно движење суштествувало) - Македонец 16:16, 17 септември 2007 (UTC)
Не се согласувам дека "ниту еден Србин не го оспорува постоењето на хрватскиот јазик и „бошњачкиот“ и другите јазици, а ниту еден Хрват исто така не го негира постоењето на хрватскиот, „бошњачкиот“ и другите слични јазици". Има различни мислења. Како почеток види sr:Бошњаци - "Језик којим говоре Бошњаци је скоро истоветан српском и хрватском језику, мада има у себи има нешто више позајмљеница из арапског и турског језика". Бугарите немат право да го негираат вашето право да си го нарекувате јазикот и марсовски, но имат право на свое мислење. Не можеш присила да натераш некого да ги заборави научните факти. Не станува збор за навредување, а за право на мислење. Не можеш да се навредуваш от тоа, дека јас имам одредено мислење за јазик, за припадност и така натаму. Исто како и јас не можам да се навредам дека ти го имаш. Еве, во разговоров ти ги прогласи бугарските диjалекти во Jугоисточна МК за небугарски, но јас не се навредувам. Не си забележал, дека станува збор за jатовски диjалекти (източнобугарски - дjадо, голjама и т.н.) - твое право. Не знаеш дека во бугарскиот јазик не се вели само "къшта", "всичко" или "сичко", т.е. ги мешаш термините: "литературен БГ јазик" со "бугарски јазик", но јас не се навредувам. Бидеjќи мислам дека не сакаш да ме навредиш. Или не си информиран, или си информиран, но имаш неприфатливо за мене мислење.
Имате право да jа осеќате своjата посебност. Но не може да се лутите, ако ние, Македонците, кои не ги прифаќат сите ваши мислења, не се согласуваме за некаква "посебна историја и минато". Минатото не може да биде потчинето на денешниот ден.
За Пиринска МК - точно е дека во минатото одреден број и процент се изјасниле како Македонци, но никогаш во демократски попис тоа не било мнозински. Ги знам многу семеjства кои биле испадени од Пиринска МК во 1945-46 бидеќи го изразиле своjот став против насилното македонизирање. Ги знам и други, кои комунистичките власти ги запишале како етнички Македонци без тие да се согласиле или изjавиле како такви. Не можеш да ги ограничиш аспирациите на македонизмот кон Бугариjа само са барања за права на луѓе кои се сметаат себеси Македонци. Види во статиjава Дијалекти на македонскиот јазик до каде е прикажана источната граница ва македонскиот јазик - до "планинскиот венец Доспат - Рила". Ако во РБ се тврди дека македонскиот јазик е регионална варианта на бугарскиот јазик, во РМ се тврди дека бугарски дијалекти во РБ не се такви, дури и за источнобугарските (ако jа прифаќаме jатовата граница како критериум). Во некоj смисол ситуациjата е огледална.
За етногеографска (етничка) територија, коjа била причина револуционерите да наоѓат прибежиште во Софија и Бугарија можам да се согласам. Но сепак да не го забораваме фактот, дека Србиjа исто така била блиско. Со Србиjа МК била поврзана со железничка линиjа (кое во ХІХ и почетокот на ХХ век е важно), а со БГ практички - не. Многу револуционери од ВМОРО бегале во Србиjа (Ристовац-Врања), а од таму ... во Бугариjа. Поздрав, --Антон 14:17, 18 септември 2007 (UTC)
Немам многу време, а и живци со тебе да се расправам. Прво нашето мислење за самите нас треба да стои на прво место со оглед дека се работи за лично нас, а дури потоа треба да се земаат во предвид вашите, српските, грчките и останатите мислења. Сепак се работи лично за нас, Македонците. Дека минатото ни било различно, било. На територијата на Македонија секогаш се случувале посебни и различни историски процеси од тие во Бугарија, Србија и Грција, а исто така освен во периодот на првата и втората светска војна, Македонија никогаш не била дел од бугарското државно ткиво, односно секогаш била разделена од Бугарија, и според тоа секогаш имала

различно минато од Бугарија, што пак не значи и дека Македонија немала поврзаности во минато со Бугарија, Србија и други земји (прочитај го ова со посебно внимание, зашто гледам дека некогаш не ме сфаќаш правилно што сакам да кажам). Етногеографските простори на Македонија и Бугарија имаат влијание на јазикот, а географскиот фактор (а потоа и политичкиот се разбира) биле најголемата причина поради која нашите (мислам МАКЕДОНСКИ, не бугарски) револуционери често координирале акции од Софија. (Пред да биде ослободена Бугарија од Русија, наши револуционери имале соработка со Атина и Белград). А јас пак знам многу семејства од Сандански кои постојано биле „распадувани“ по разни логори и затвори низ Бугарија во периодот од 1958 до 1988, поради тоа што себеси се изјаснувале како Македонци. Конкретно тоа се 8 семејства од Сандански, меѓу кои едното е сопственик на повеќе дуќани на главната улица во Сандански. Сега што правиме? И многу ме изнервира, до граница на несовладлив бес, тоа што видов дека си пишал дека и јас сум го искористил поимот „македонист“ (за Мажовски, а се користи и за Пулевски и др.) меѓутоа има една огромна разлика меѓу моето „македонист“ и твоето значење на „македонист“ (која горе е појаснета), за мене Мажовски и Пулевски се МАКЕДОНЦИ-македонисти, а за тебе јас конкретно и сите ние што сме МАКЕДОНЦИ сме бугари-македонисти, така? И после не било навредливо „македонисти“???? - Македонец 20:53, 19 септември 2007 (UTC)

И јас мислам дека прво треба да се земаат во предвид нашите, Македонските мислења. :) Доколку мислиш дека "освен во периодот на првата и втората светска војна, Македонија ... секогаш била разделена од Бугарија", незнам што да ти кажам, освен дека треба да си ги прочиташ учебниците по историја. За "македонисти", ако се нервираш толку, не го употребуваj зборот. А за Мажовски требе да се потрудиш уште, ако сакаш да докажеш дека е бил македонист.--Антон 04:00, 6 јануари 2008 (UTC)

Re: Ахмед Мухтиар Паша[уреди извор]

Јас на македонски го знам како Мухтиар Паша; не сум 100% сигурен но ако не најдам извори на интернет ќе го преместам.--strich 18:53, 10 септември 2007 (UTC)

Не најдов ништо на нет, го имам тоа видено во учебник по Историја но сепак ќе го преместам со оглед на недостатокот на извори на нет. поздрав.--strich 21:26, 10 септември 2007 (UTC)

Бугаризам[уреди извор]

Ти прекини со национализмот бугарине. Ти повторно ги прекрши правилата на википедија, ти си вандал а не јас. Фрајтнер Разговор 03:29, 8 јануари 2008 (UTC)

Очигледно не си разбрал, дека правилата на Википедија ги прекршуваш ти. Сакаш во секоjа статија да пишува само што ти се бендисува. А кога немаш аргументи (а ти обично ги немаш), само враќаш или си служиш само со идеологиjа. И пишеш дека не си вандал ?! Знаеш дека Википедија не е форум?--Антон 03:37, 8 јануари 2008 (UTC)
Не знае, не знае :) Прекрасно го каза, Антон, поздравления! Потребител:Bogorm (разговор) 08:34, 24 декември 2008 (UTC)

Мисирков[уреди извор]

Ако имаш намера да бидеш активен на мк Вики, тогаш пишвај статија како што доликува а не како што ќе ти прдне тебе демек хронолошки си пишувал. Статијата не е хронолошка табела па да пишуваш така. Една реченица со друга не ти сврзана. Или пишувај како што треба или бе брате ако не знаеш правилно да форматираш и да зборуваш Македонски уредувај на бугарската. Немаме намера да идеме по секое твое уредување и да го преуредуиваме по втор пат. Правиш проблеми многу.--MacedonianBoy 18:37, 25 април 2008 (UTC)

Толку време си во Википедија, требало би да го имаш забележано дека сатиите не се долго раскажувачко литературно дело, туку се информативни, дел од енциклопедија. Затоа е нормално кога имаме секција "Биографија" да го претставиме животот на особата за која станува збор хронолошки.
Се надевам дека не се сметаш за некаков сопственик на било кој дел од Википедија. Jас имам многу повеќе причини да бидам недоволен од тоа што се обиде да го бришеш се што не ти одговара, но се обидувам да бидам културен со тие кои не мислаат како мене.
Што се однесува на твоето "форматирање", веќе имав можност да ти обратам внимание, дека тоа вклучуваше и бришење на факти со извори.--Антон 00:53, 26 април 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, Антон!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија[уреди извор]

Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Антон!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:45, 30 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Антон!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:24, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии[уреди извор]

Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Антон!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:02, 1 февруари 2009 (UTC)

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:35, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, Антон!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:48, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]