Разговор за Портал:Индијанци

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

интервики врската е кон порталот на англиската википедија само за индијанските народи на северна америка. или треба и ние да прецизираме дека се работи за портал за оваа група на народи или треба да го прошириме со индијански народи на средна и северна америка. терминот индијанци е навредлив за оваа група на народи и би требало насловот на порталот да биде преименуван во посодветен додека во описот (воведот) да се даде објаснување и за терминот индијанци.--brest 15:35, 8 јуни 2008 (UTC)

Мислам дека во нашиот јазик, „Индијанци“ се однесува само на домородните народи од Северна Америка (без некои) и не се смета за навредлив израз. Тие од Средна Америка си се посебни. Истото важи за многу други јазици, особено словенските (тоа може и да се провери). „Навредлив“ е изразот Indians само во англискиот, па затоа мораат да користат Native Americans, инаку и таму го има истото значење. А за објаснување, мислам дека мора да се даде, и тоа подетално. Сепак, имаме многу поразлична терминологија од Американците. --iNkubusse A? 17:22, 8 јуни 2008 (UTC)
индијанци како што е општопознато е погрешен термин поради заблудата на европјаните дека ја откриле индија. индијанци секако дека е навредлив израз и во нашиот јазик ако тргнеме од етногенезата на овој збор која се заснива на претходно спомнатата заблуда. сега ако влечеме некои паралели, во некои пријателски земји на македонија се употребува терминот славомакедонци за македонци без да се има чувство дека тоа е навредливо за народот на македонија, поради заблудите кои ги пласира еден наш сосед.--brest 19:49, 8 јуни 2008 (UTC)
Во право си за интервикито. Поентата ни бише ова да биде портал за сите индијанци од двете америки. И индијанци не се само северните, туку и тие во бразил и мексико ги нарекуваат така.--Raso mk 17:24, 8 јуни 2008 (UTC)
Мислев дека тие Ацтеки, Маи не ги викаат така... Ама пак ништо, на англиската има портал само Indigenous peoples of North America. Мислам дека нема потреба да се менува интервикито, туку да се прецизира дека порталот е за северноамериканските Индијанци. А нема да биде штета и ако биде порталот за цела Америка, а интервикито така како што е. --iNkubusse A? 19:38, 8 јуни 2008 (UTC)
Порталот што го правиме е за сите домородни племиња на двата американски континенти а името индијанци го избравме бидејќи во Македонија тоа население е познато така и под тоа име. Друго име ако ставиме нашиве ќе се чудат, и без разлика дали терминот индијански е навредлив или нецелосно соодветен, мислам е супер. Индијанец од САД и индијанец од Чиле се исти и по физиономија и по се, црвени по кожата. Мислам насловот не прави голем проблем а што се однесува за интервикито, може да се стави- секако освен ние никој од англиската не знае мк јазик :) Поздрав. --MacedonianBoy 20:20, 8 јуни 2008 (UTC)
Брест е во право. Почнете со предложување на имиња. --Raso mk 20:25, 8 јуни 2008 (UTC)
Индијанци? :D --iNkubusse A? 14:02, 9 јуни 2008 (UTC)
Јас наместо индијанци ги викам Домородно население на Америка. Мислам е добро именце! Ама индијанци и не е така лошо баш симпатично е. --MacedonianBoy 15:14, 9 јуни 2008 (UTC)
Видете, само сакам да кажам дека ние не сме Американци. Зошто од сите неамериканци, баш ние да се правиме Американци со сила. „Индијанци“ е цврсто навлезен израз во македонскиот јазик за тие народи. Апсолутно нема потреба од компликации. --iNkubusse A? 17:56, 9 јуни 2008 (UTC)
Се согласувам--Raso mk 17:58, 9 јуни 2008 (UTC)
Видите ваќе....Индијанци не се однесува за народ како етникум, туку само се користи за одделување од останатите европски варвари што дошле таму. Името мислам е ок не треба да се менува и се согласувам и јас. поздрав--MacedonianBoy 18:00, 9 јуни 2008 (UTC)