Разговор:Final Fantasy

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Превод на РПГ[уреди извор]

Би замолил некого да даде соодветен превод на РПГ (Role-playing Game), бидејќи јас не можам да се сетам на таков, а „игра со менување улоги“ мислам дека не е соодветен, бидејќи суштината на РПГ е играње со еден лик, една улога, т.е. играчот е во улога на ЕДЕН лик од играта, за разлика од на пр. Симс, кадешто можете цело семејство да управувате. Најмногу што можев да смислам е „игра со една улога“ но тоа е далеку од соодветниот превод (всушност, ужасно е). Мислам дека е неопходно да се преведе РПГ, како што е неопходна и една статија за типот РПГ. Доволно е за некоја игра да се напише „таа е РПГ игра“, но кога корисникот ќе кликне на РПГ, треба да може да прочита што е тоа РПГ (истото важи и за ММОРПГ - Massive Multiplayer Online Role-Playing Game).
Понатаму, не бев сигурен за играта Dragon Quest, бидејќи не сум ни чул за неа, па не знам дали во играта се бркаат змејови (нешто како „потрага по змејови“) или играчот е во улога на змеј (задачата на змејот) или пак е нешто сосема друго...

НАПОМЕНА![уреди извор]

Би сакал да напоменам (т.е. може да речам да наредам) да не се користи зборот карактер за лик ! Карактер е нешто сосема друго во македонскиот јазик, за разлика од англискиот збор character што може да означува измислен лик, знак (било каков, од азбуката, интерпукциски, хиероглифи, броеви...) или нечиј карактер (како во нашиот јазик) (ова важи за СИТЕ говорници на македонскиот јазик кои пишуваат или зборуваат за игри, стрипови, филмови...). Во истиов контекст, би сакал да напоменам дека „така да“ е непостоечка фраза во македонскиот јазик, дека не значи ништо и дека ако се употреби во реченица, целосно ја менува граматиката. Соодветен израз во македонскиот јазик од српското тако да би била само фразата така што, а така да може да се искористи само во посебни случаи, кадешто не е сврзник (на пр. „не сакав така да ме разберете“ е во ред) (ова важи за СИТЕ луѓе што зборуваат македонски!). Знам дека оваа страница за разговор не е местото за ова, но веќе почнав за карактер, па се надоврзав... :D

Околу преводите[уреди извор]

Исто така, уште еден проблем за којшто не гледам дека има изгледи да се реши е проблемот со преведувањето/транскрипцијата на копјутерските игри, односно дали треба да се преведуваат игрите, дали треба само да се транскрибираат или може да се пишуваат на латиница, на изворниот јазик (со соодветен превод во загради). Овде замолувам некој администратор да преземе нешто! :D --Поречанец 20:20, 15 јули 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 00:42, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:18, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • видеоигри наместо видео игри, одделни зборови.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 01:02, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]