Разговор:Список на македонски зборови со германско потекло

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Мислам дека статијата треба да се префрли во Список на македонски зборови со германско потекло, зошто така почнавме сите други статии да ги правиме. Инаку одлична статија. --FlavrSavr (разговор) 15:09, 18 февруари 2009 (UTC)

Така е и правилно, веќе ја преместувам листава. --Brainmachinewtf? 17:34, 18 февруари 2009 (UTC)

Шофершајбна[уреди извор]

Мислам дека македоснкиот поим е ветробран, но сепак и шофершајбна е распространет збор (како и шајбни, штрафови ама тоа е друго). Е сега шофер е од француско потекло, но затоа ме интересира, јас колку што знам ова е некако германско. Мислам треба да оди во листата. -- -{админинстратор}- гитардемон 01:01, 19 февруари 2009 (UTC)

...може и чадор во тој случај да биде именуван како ВЕТРОБРАН. Но, мислам оти технички зборови како шофершајбна не заслужуваат симплифицирање какво што порачувате. Се согласувам оти Шофершајбна е креолски збор (мешавина на фра. и гер.) и едноставно нема да го вклучам во статијата. --Johan1298 (разговор) 01:12, 19 февруари 2009 (UTC)

При вас не се ли користува словото анцуг от герм. Anzug за одежда со спортно предназначенье? Во моjот германски речник (на корисничката ми страница, тоj не е моj, али го користувам често, като сакам да наjдем правописот на некое слово) го нема ово слово, зошто тако..? Аj додаjте jа, ако е тако, не треба да jа нема. Потребител:Bogorm (разговор) 18:01, 18 март 2009 (UTC)

Благодарам за вашиот труд. Зборот не постои. За разлика од Anzug во македонскиот лексикон во доменот на облека постојат Sakko, Mantel и Kostum кои исто така се користат во германскиот иако не директно потекнуваат од него. Бе поддржувам и аплаудирам да продолжете со вашите македонски придонеси на оваа статија. --Johan1298 (разговор) 20:25, 18 март 2009 (UTC)

Мешање[уреди извор]

Само ќе го замолам корисникот да го оквалификува нејзиното бришење на зборот Mischen. Можеби е коинциденција со овие, но сепак, се бара изјаснение молам.--Johan1298 (разговор) 20:41, 18 март 2009 (UTC)

Глаголот меша, мешање е стар наш збор кој е во употреба, и не спаѓа во позајмени зборови од други јазици. Веројатно случајно се совпаѓа. Поздрав --Виолетова (разговор) 22:14, 18 март 2009 (UTC)

лауфер ?[уреди извор]

А што е тоа лауфер - человек, коjи трчи? Потребител:Bogorm (разговор) 21:47, 18 март 2009 (UTC)

лауфер (или почесто се користи ламфер) е германска позајмица за шаховската фигура ловец. --Виолетова (разговор) 22:16, 18 март 2009 (UTC)

Неколку работи[уреди извор]

А, ќе може ли да ми објасните веќе кога оваа листа постои, затоа што во неa:

  1. се наведени зборови кои не спаѓаат во македонскиот литературен јазик, не се наведени во речникот на странски зборови (извинете ми ако грешам, сите наведени не се проверени, но многу од наведените примери ги нема во речникот), се употребуваат во разговорниот јазик, но често звучат навредливо, а постојат и многу посоодветни синоними (на пр. цвикери, ролшули, рикверц, флаша, ташна, трегери, фуш, луфта, музикант, виклер, штос);
  2. се наведени зборови кои потекнуваат од друг јазик (најчесто латински), а се наведува дека се германски (на пр.кауција (дури и на Википедија на германски јазик на соодветната статија пишува дека зборот потекнува од латинскиот јазик), глечер, мајстор, марш);
  3. се наведуваат имиња на познати личности како германски зборови или со германско потекло (на пр. Рентген (и покрај тоа што во македонскиот јазик Рентен со големо „Р“ е презиме, а со мало „р“ име на апарат не претставува збор кој потекнува од германскиот јазик, туку од презиме на германски научник, што не е значи дека е германски збор), Шмајзер).

Како што знам, во било кој јазик за да се смета за еден збор преземен од странски јазик, не е доволно тој да се употребува во секојдневниот разговор, туку и во литературниот јазик. Википедија е енциклопедија, а енциклопедиите се пишуваат на литературен јаик, а не на разговорни јазици, со употреба на дијалекти, а уште полошо жаргонизми. Според стилистиката, енциклопедијата се пишува на научен стил од пониска категорија за да може да биде разбирлив за читателите.

Кога ја прочитав содржината на оваа статија (наведените зборови), си помислив дека ова е некоја секција од блоговите или страниците за занимливости.

Не сакам статијата да ја предложам за брзо бришење, па затоа ќе ве замолам да ја средиме. Дотогаш нека стои шаблонот внимание.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:28, 18 март 2009 (UTC)

    • Втората точка ја средив. Се разбира грешка е ако зборовите не се исклучиво со германска лоза што се однесува до оваа статија. Затоа горе наведените зборови се перманентно избришени. Не забележив оти биле од друго потекло за време на нивното подигнување, се надевам ќе ми опростете за овие 4 од вкупно 125. Што се однесува до вашите останати две точки ќе оставам да се одлучи од страна на другите корисници но навистина ќе биде губиток ако се избриши статијава. --Johan1298 (разговор) 06:00, 20 март 2009 (UTC) П.С: Во Јапонија се користи зборот рентген и колу што знам нема друг заменувачки збор. Не е ли исто и кај нас? Признавам оти претерав со шмајзер...>:)
Јас да спомнам само за зборовите кои не се дел од македонскиот литературен јазик, а се позајмици од германскиот, би требало ако веќе стои зборот овде, да се додаде дека е колоквијален (разговорен), а не е литературен. Поздрав --Виолетова (разговор) 08:10, 20 март 2009 (UTC)

Табела[уреди извор]

Прекрасно е што е во табела, навистина многу поубаво изгледа. Сепак нели е попаметно врските да водат кон германскиот викиречник, а не германската википедија? Мислам правилно би било да водат кон македонскиот речник, но таму се сомневам дека ги нема ни македонските, а не камоли германските поими, но кажете да не го преправам, да бидат врските кон германската википедија, или кон германскиот викиречник? (сепак речникот е покомпетентен кога станува збор за лингвистика). -{админинстратор}- гитардемон 16:07, 12 април 2009 (UTC)

P.S. Ќе ставам ѕвезда до секој поим кој е колоквијален, а не литературен, па ако пропуштам некој, додадете вие, ок? Тоа правете го додавајќи го тагот <ref name="slang" /> до секој поим на македонски јазик (во најлевата колона). Инаку малку со описите треба да се поработи, на пример блиц не е светилка, туку блиц е тоа што се користи кај фотоапаратите. Јас напишав неколку описи, но мислам дека се лоши :) Па некој нека ги најде во речник, нека ги додаде. -{админинстратор}- гитардемон 16:16, 12 април 2009 (UTC)

Пак и пак благодарам за вашите придонеси Гитардемон. Во врска со врската кон германские зборови: мислам е подетално и поинтересно за читателите ако е поврзано со германската википедија. Има некои поими кои ретко се наоѓаат во германскиот речник бидејќи се ептен колоквијални (на пр. ЦВИКЕР), но, постојат во германската википедија која е многу поопширна па дури и да ги опфати нашите зборови кои не им се во секојдневна употреба на германците. Има и простор за изучување и споредување со другите балкански држави ако остане врската како што е.--Johan1298 (разговор) 23:14, 12 април 2009 (UTC)

А бисте ли могли да пишувате, када словото иде и е прифакено од српскохрватски? Например во литературен бугарски флаша не се користи, а во српскохрватски се користи. Значи иде одатле. Ово сигурно е тако и за сите слова, коjи не се наогат во литературен бугарски. Молим да турите ова лепа и важна информациjа таму, где треба. Потребител:Bogorm (разговор) 08:23, 13 април 2009 (UTC)

Не...и следното прашање ви беше?...--Johan1298 (разговор) 13:20, 13 април 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:08, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]