Разговор:Пере Тошев

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!

Сугестии за стилот[уреди извор]

Најпрвин, честитки за авторот на оваа статија. Имам две сугестии во врска со стилот: прво,не може во ист текст да се мешаат различни глаголски времиња, т.е. најпрвин да пишувате во минато неопредленео време (се школувал, учителствувал итн.), а неколку реда подолу веќе да преминете на сегашно време (по Илинденското востание, тој е...). Значи, при пишувањето треба да се биде конзистентен - или цело време да пишувате бил, отишол, се вратил итн. или пак да пишувате тој оди во, се враќа во, тој е итн.

второ, на почетокот од статијата за Пере Тошев се вели апостол, душата на организацијата итн. Проблемот со ова изразување е во тоа што се работи за вредносни судови, а Википедија е енциклопедија, а основна карактеристика на енциклопедијата е објективноста и непристрасноста. Имено, во енциклопедијата треба да се изнесуваат факти, поткрепени со наводи, но не и лични квалификации. На пример, може да напишете дека Меси одиграл толку и толку натпревари, дека тогаш и тогаш дал три гола, дека бил избран за најдобар фудбалер итн., но не можете да пишувате дека одиграл брилјантно, дека бил недофатлив за преотивничките играчи, дека бил мотор на тимот итн., зашто ова е енциклопедија, а не состав или расказ. Значи, само голи факти и ништо повеќе, без епитети, метафори и други украси. Поздрав. ГП (разговор) 23:47, 30 септември 2014 (CEST)[одговори]