Разговор:Области во Монголија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Монголија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Монголија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Ова дефинитивно мислам дека треба да е Области (или региони) во Монголија. Дистрикти е чисто очигледен англиски збор. Boyan (разговор) 15:07, 1 ноември 2008 (UTC)


Ова е сосема доволно за да се има претстава на какви административни единици е поделена Монголија. Трупањето „статии“ за секоја од нив одделно не е наменета за корисниците туку за вештачко пумпање на македонската Википедија, односно фрлање песок во очи. Никој нема потреба од тоа. --MarSFreak (разговор) 13:48, 25 мај 2009 (UTC)

Можеби донекаде сте во право, но сепак добро е на Википедија да има статии за областите и градовите во Монголија. Всушност, на една енциклопедија и требаат вакви статии, бидејќи сепак тие спаѓаат во енциклопедиска содржина. Е, сега ефектите од ваквото брзо уредување на статии се многубројни, но сепак кога и да е, ваквите статии ќе мора да се уредат. Мисалм дека не штети неколку овие денови, па неколку по подолго време итн., отколку илјадници за сите земји во светот одеднаш.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:53, 25 мај 2009 (UTC)
Да не требало ни англиската Википедија нема да ги има.--MacedonianBoy 13:54, 25 мај 2009 (UTC)

Треба ли тоа да значи дека можеме да очекуваме на истиот начин да ги генерираш *сите* статии од анлиската Википедија? --MarSFreak (разговор) 14:01, 25 мај 2009 (UTC)

А на што ти личам јас тука? Уредувам тоа што ми е ќеф. Ако сакаш да правиш статии повели имаш многу теми поврзани со философија и новинарство и направи големи квалитетни статии. Доволно, ако не и премногу сум направил за Википедија, така да сега си работам полесни статии како овие. И плус, пишувам се за Монголија не само ова. Тоа ме интересира.--MacedonianBoy 14:04, 25 мај 2009 (UTC)
Проблемот е што тоа се лажни статии без содржина. Тоа ли ти е ќефот? --MarSFreak (разговор) 14:12, 25 мај 2009 (UTC)
Дека се лажни не си во право, бидејќи статиите се однесуваат за две работи. Покрај тоа што се области во Монголија тие се статии и за градови во Монголија. Јас сум ги отворил статиите и ако изразуваш желба за големи статии повели пополни ги.--MacedonianBoy 14:23, 25 мај 2009 (UTC)
ПС:И што се помалку важни овие статии за Монголија? Овие статии се еднакви важни како на пример статии за некои градови во Франција или Македонија. Ова е енциклопедија и соте статии се подеднакво важни.
Знам дека е лесно да се критикува, но забелешката не беше лична туку само во интерес на македонската Википедија. Инаку, верувам дека намерите ти се најдобри, но сепак ќе се согласиш дека празните статии некако грдо изгледаат. Поздрав! --MarSFreak (разговор) 14:58, 25 мај 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:48, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.