Разговор:Мравка

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

46.217.71.191 (разговор) 16:05, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Црвена Шумска Мравка

Овој колективен инсект живее големи организирани заедници кои можат да содржат и до 250,000 мравки.Во случај на опасност,тие агресивно ја бранат својата територија.Во секоја колонија освен кралицата живеат работници и војници,а тоа се поволно не развиени женки.Мравјалниците ги градат во гнили стебла,во земја или прават купчиња од разни собрани парченца.Живеат во листопадни и зимзелени шуми.Се хранат претежно со безрбетници,но и со растителна храна,а зиме се вовлекуваат во подлабоките делови на мравјалникот и мируваат.Во пролет кралицата снесува бројни јајца,а работниците ги негуваат ларвите.Најпрво од јајцата се развиваат мажјаци.Работниците некои јајца хранат и негуваат подобро,па од нив излегуваат кралици,додека од останатите излегуваат работници.Крилатите мажјаци и женки се појавуваат лете и формираат свадбени роеви,а и се парат во лето.Потоа мажјаците умираат,а оплодените женки основуваат нови мравјалници. РАСПРОСТРАНЕТОСТ:Европа,источна Азија и северна Африка