Разговор:Логика на непрецизноста

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Нема ли да биде подобро, доколку и првиот збор од насловот на статијата се преведе, така што насловот на статијата би бил „нејасна логика“?--Kiril Simeonovski (разговор) 00:16, 31 август 2009 (UTC)

Да, знаеш дека јас самиот секогаш инсистирам на македонска терминологија и на избегнување на секакви заемки секаде кадешто можат да се изостават. Имав доста дилеми за ова, ама проблемот е тоа што за разлика од многу други земји, кај нас навистина се нарекува „фази“ се употребува и на факултетите кога се учи тоа, и по многу обемни пребарувања не најдов ниту еден друг алтернативен назив споменат никаде, ни на факултеитте, ни во институти, ниту било каде. Сепак сè уште сум на ум да употребам друг посоодветен збор. Ако употребам друг поим, можеби тоа ќе изврши некакво влијание врз терминологијата, кој знае...И онака не сме пребогати. Ајде, ќе определам најсоодветен поим и ќе ставам „фази“ во заграда на почетокот на статијата. --Б. Јанкулоски (разговор) 07:29, 31 август 2009 (UTC)
  • Барам, барам и сè се сведува на „нејасна“ логика (или евентуално „матна“), но сè ми се чини погрешно да се употребува таков збор. По обени иистражувања, споредби со други јазици и многу комбинаторики, најдоброто решение според мене е „неопределена логика“ Мислења? --Б. Јанкулоски (разговор) 08:26, 31 август 2009 (UTC)
Се согласувам дека кај нас професорите на факултетите се служат со странски изразси, само за да покажат некој повисок стил на изразување. Тоа го имам лично забележано и воопшто не ми се допаѓа. Сепак, работата е што во уредувањето, веќе имам направено некои промени (на пр. кај нас професорите го употребуваат поимот стандардна девијација, а јас гво заменив со стандардно отстапување, бидејќи тоа е правилно; апсолутно стандардно отстапување е сосема друг поим; исто и со иметно на автономната област во Молдавија Придњестровие; ова е поим кој го употребив како заменља за Транснистрија, што почесто се употребува од страна на професорите). Сепак, мислам дека и не треба да се водиме според обичаите на професорите. Тоа си е стил на иразување на секој професор, а енциклопедија како Википедја е потребно да постави еден вид на стандарди. Во разговор со корисникот Boyan дознав дека неговите наслови на некои растителни видови се всушност неологизми, кои досега ги нема сретнато. Затоа, мислам дека воопшто не треба да зависиме од мислењето на акдемските граѓани, туку сами треба да воведеме стандарди по кои ќе се водиме. Во различни учебници од иста област се наоѓа различно (на пр. поимот хипотеза преовладува, но се средтнува и претпоставка). Википедија нека биде пример, во кој стандард ќе биде употребата на македнски зборови. Инаку, поимот „нејасна“ беше само предлог. Може да биде и „неопределена“, а според суштината на поимот, соодветно би било и „несигурна“ или „сомнителна“.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:15, 31 август 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Предвид наместо во предвид, синтаксна грешка.
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
  • цитирано списание наместо cite journal, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 19:36, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Од неопределена кон логика на непрецизноста.[уреди извор]

Ана Димишковска, универзитетски професор по логика на Институтот за Филозофија при УКИМ, штотуку издаде дело насловено „Основи на некласичните логики“, во кое меѓу другото пишува и за оваа логика. По низа образложенија определена е за ова име. Доколку е потребно да изложам некои објаснувања овде, само кажете, доколку не, нека остане вака, или пак консултирајте се со делото.

Од моето долго-годишно работење на Википедија знам дека е во пракса да се именува статијата со името кое е најдобро познато во соодветната говорна заедница, наместо да се „кова“ инакво име. Бидејќи во случајов станува збор за тематика од несекојдневен карактер, се позајмува соодветниот назив карактеристичен за соодветната академска заедница. --Макс(разговор) 22:17, 16 декември 2013 (CET)[одговори]

Јасно ни е дека станува збор за несекојдневен поим и поим кој означува непрецизност, но истото важи и за сите останати јазици, кадешто, може да се види, никој го нема така преведено (погл. страницава, долниот дел). Приодот ми се чини како многу буквалистички, што е впрочем и својствено за нашите денешни преводи. Именувањето на овој вид логика е чисто јазична проблематика и нема врска со стручност повеќе од тоа да ја изрази коренитата недоодреденост на нејзините вредности со кои работи. Затоа, преводот на Димишковска е исто толку слободен колку и мојот. И јас достатно добро знам што претставува ваквата логика, со таа разлика што јас внимавам и на јазикот, како што се внимавало кога се прилагодувале (по мене, генијално) многу логички и математички поими во минатото. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:40, 9 декември 2014 (CET)[одговори]