Разговор:Личен сметач

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Промена на назив[уреди извор]

Променив во стандарден македонски израз. Српската статија дава исто „Лични рачунар“. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:00, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]


„Сметач“?! Тој израз не може да биде македонски стандарден, бидејќи е крајно неприроден, вештачки изведен неологизам со буквален превод од српскиот јазик. Можеби евентуално пресметувач или нешто слично, но не ми е јасно зошто мора по секоја цена да биде направен по углед на еден соседен јазик, кој, впрочем, и нема премногу богата техничко-технолошка лексика. MarSFreak (разговор) 20:24, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Тоа не е никаков превод од српски, туку српскиот поим го дадов накнадно, чисто за споредба. „Сметач“ е многу одамна утврден збор во македонската терминологија и е сосем правилен. „Пресметувач“ е нешто што врши поедноставни пресметки и ги свршува, додека пак „сметачот“ постојано смета (computes) многу посложени алгоритми и сл. (т.е. computer). Како што реков, тоа е најсоодветен збор, а и збор кој постои од памтивек (вид. речник) --Б. Јанкулоски (разговор) 03:29, 30 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Сите јазици што ги познавам имаат свој збор за computer, кој е директен превод на computer, односно направа која смета - сметач. Нормално, сите тие изрази настанале како крајно неприродни, вештачки изведени неологизми со буквален превод од англискиот јазик. И конечно, на крај, англискиот израз бил крајно неприроден, вештачки изведен неологизам со буквално објаснение за машината што сметала - computer. Сметачот е НОВ изум, нормално дека немаме стар збор за него што го користеле нашите претци. А тоа со српскиот јазик, не знам од каде го извади... —iNkubusse A? 03:40, 30 јуни 2010 (CEST)[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • SI систем на мерни единици. кг/kg

Промена на зборови од типот се додека во сè додека , е со надреден знак.

  • податотеки наместо фајлови, англизам.

опслужувач наместо сервер, англизам. опслужувачи наместо сервери, англизам. посредник наместо интерфејс, англизам. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 16:17, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • видеоигри наместо видео игри, одделни зборови.
  • посредници наместо интерфејси, англицизам.
  • Линк наместо Врска, англицизам..

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:26, 9 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]