Разговор:Бугарски милет

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Разговор:Бугар милет)

Бугарска пропагандна манипулација[уреди извор]

Не може поимот „национално“ да се толкува како „етничко“. Oтоманскиот систем во тоа време сè уште официјално не признава етнички заедници, туку религиозни, т.е. ги класифицира отоманските поданици според припадноста кон одредена вера и црква „Мillet“ вo турскиот јазик значи народ или нација, но всушност тоа претставувало - официјално признаена верска заедница. (William Anger Wigram, An introduction to the history of the Armenian Church, Gorgias Press, 2004, pg. 227. ; Abdulaziz Abdulhussein Sachedina, The Islamic Roots of Democratic Pluralism, Oxford University Press, 2001, pg. 97.)

Не сборуваме не за Отоманскиот Устав, тој е суспендиран и не дејствува тогава. Што тврдиш? Дека е признаена посебна бугарска нација, ама нема признаен етнос?Jingiby (разговор) 16:23, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
Посочи кога е суспендиран отоманскиот устав. Јас само велам дека не може поимот „национално“ да се толкува како „етничко“.
Прва уставна ера (Отоманското Царство) Jingiby (разговор) 16:41, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
Oва не го побива фактот дека Бугар-милетот официјално не претставува призната етничка заедница, туку верска.
Ако не знаеш што да пишуваш, не треси зелени, а чети релевантни извори. Jingiby (разговор) 16:55, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
Посочи, кaко наводно „суспендираниот“ отомански устав има врска со евентуалното признавање на бугарското „етничко“ малцинство во Отоманскиот султанат.
Уставот били реабилитиран од Младотурците во 1908-1912 година. Дури имало избори. Види кои наводни етнички заедници имали свои претставници во Отоманскиот парламент тука: The Dark Side of Democracy: Explaining Ethnic Cleansing, Michael Mann, Cambridge University Press, 2005, ISBN 0521538548, стр. 126. Jingiby (разговор) 17:16, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
ОК, без забегување од темата. Не ја посочуваш ни точната страница.
Конкретно прашање. Кажи ми, зошто во пописот од 1911 во Косовскиот вилает нема етнички Албанци и Срби, туку само „Грци“ и „Бугари“?
Конкретно - немало никаков цензус во 1911 година. Jingiby (разговор) 18:50, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
В ред, пописот е од 1906 г., а податоците се објавени подоцна.
Конкретно прашање. Кажи ми, зошто во пописот од 1906, чиишто податоци се објавени во 1911 г., во Косовскиот вилает нема етнички Албанци и Срби, туку само Муслимани, „Грци“ и „Бугари“?
Конкретен одговор - Албанците не биле признаени за посебна заедница во 1906 година од Султанот, а Македонските словени никогаш. Jingiby (разговор) 19:13, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
„Грците“ во Косовскиот вилает етнички Грци ли се?
Грците се Турци, а Турците се Грци. Друго? Jingiby (разговор) 20:31, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]
Jingiby, и овој твој нов извор потврдува дека тогаш етничката определба се одредувала според црковната припадност, A HE OБPATHO.

Несоодветна литература и извори=[уреди извор]

Уредувачот Jingiby упорно се обидува да постави линк до текст за Блискиот Исток, за Азиска Турција, нешто коешто нема допирни точки со статијата.

From millet to nations: Christian independence movement. Пишува за Балканот, Анатолија и Кавказ - за сите Христијански милети во Османлиското Царство. А ти почна само спам и лаги. Jingiby (разговор) 20:01, 20 октомври 2014 (CEST)[одговори]

Далчо, спри да пишеш врели-некипели. Првично революционната организация била само за Българи. Jingiby (разговор) 10:31, 24 март 2013 (CET)[одговори]

Далчо, сите оригинални документи покажуваат, дека ВМОРО била про-бугарска организация, а не анти-бугарска. Не е нужно да ги бришеш и да ги подменяш с неверни твърдения. Jingiby (разговор) 06:53, 26 март 2013 (CET)[одговори]

Далчо, грубата цензура не беше ли фашистички и комунистички метод на действие? Jingiby (разговор) 08:36, 3 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, тия документи требува сичките да ги турнеш на статията за МРО, а не да ги бришеш от таа статия. Тая статия е за бугарскиот народ, чии припадници явно се биле повечето револуционери од ВМОРО. Ако тебе те е срам од това, них не ги е било срам да се наричат българи. Jingiby (разговор) 08:23, 5 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, моля да не бришеш Егзархистки документи. Jingiby (разговор) 14:29, 5 април 2013 (CEST)[одговори]

Тази статия е за българския народ, а не за сърбомани, гръкомани и слични. Jingiby (разговор) 15:01, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Оваа статија не е за бугарскиот народ туку за бугар милетот, односно за графа во милетскиот сиситем. Бугар милет не етничка туку религизона зедница. Статијата ја дополнив врз снова на извори и историска литература, а не врз основа на национално чуство или незнам што... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 16:34, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Не туку редите слики без врска по статиите. Сликите од документите не се соодветни за оваа статија, туку за: Пере Тошев, Гоце Делчев, Бугарска пропаганда во Македонија и Бугарска егзархија. Затоа постои шаблон {{Main|ИМЕ НА СТАТИЈА}}.--Никола Стоіаноски 15:43, 5 април 2013 (CEST)[одговори]

Бугар милет не етничка туку религизона заедница, Македонците од бугарскиот милет започнале да се одвојувата уште во 80-тите и 90-тите години на 19 век, не како резултат на српска или грчка асимилаторска политика, Jingiby стави бугарска пропаганда карта, целта на другите карти е да покаже дека имало и други видувања... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 15:06, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, Булгар милетот прочети статиява е етничка и религиовна заедница. Освен църква имало училища, читалища, вестници и др. кои не били само религиозни туку етнички ориентирани. Не случайно булгар миллет означува на турски Бугарски народ, а не църква. Провери тука. Jingiby (разговор) 20:22, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, Кембридж Университи Прес признава Булгар милетот за Бугарска нация, а не църква. Милет на турски е нация, народ. Айде престани со измишльотините. Jingiby (разговор) 14:12, 9 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, според любимата ти книга за цитиране History of the Balkans, Barbara Jelavich, Cambridge University Press, 1983, ISBN 0521274583 - Султанът признава българска нация за първи път през 1849 година. Jingiby (разговор) 14:24, 9 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, ако сакаш давай да дискутираме со кое не си согласен иначе тая редакторска война е глупава. Ако имаш извори кои што се пояки од тие од Кембриджкиот Универзитет, дай да ги видиме. Jingiby (разговор) 15:00, 9 април 2013 (CEST)[одговори]

Далчо, не може да се негира тотално фактот дека поголемиот дел од словенското население во Македония биле припадници на булгар милетот. Jingiby (разговор)

Текст надвор од темата[уреди извор]

Текстов нема врска со темата. Бугар милет се однесува на графа во милетскиот сиистем... Во статијата нема место за бугарска нација, Македонските Словени како дел од Булгар милетот и Оделување на Македонците од Бугар милетот --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 18:35, 9 април 2013 (CEST)[одговори]

Бугарска нација[уреди извор]

По Априлското востание во Бугарија, и подоцнежната српско-турската војна, притисокот за реформи во империјата се засилил. Во 1876 година била свикана Цариградската конференција која го принудила Абдул Хамид II да преземе итни мерки, и на официјалното отворање на конференцијата им го претставил усвојувањето на првиот отомански устав. Под влијание на Младотурците, членот 8 од Уставот ги назначил сите поданици за "Османци", независно од нивната милетска припадност. Биле изработени проекти за создавање на бугарски автономни провинции. Единиот проект, предвидувал единствена бугарска автономна област, вклучувајќи ги Дунавскиот вилает, Софискиот санџак, Пловдивскиот и Сливенскиот санџак, дел од Одринскиот вилает и големи делови на Македонија. Сепак во конечниот план на конференцијата се наметнал британскиот предлог и Бугарија била разделена вертикално на два ентитета, т.н. Источен вилает и Западен вилает. Со тајната подршка на Велика Британија, Султанот ги отфрлил сите предлози на Конференцијата. Во 1878 година за време на Руско-турската војна, султанот го поништил значењето на уставот, и оваа ситуација се задржала до 1908 година. Овој процес на распаѓањето на милетскиот систем кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се совпаѓнал со создавањето, зајакнувањето и проширувањето на Кнежевство Бугарија, кое зафаќало дел од териториите населени од булгар-милетот. Така, тоа го формирало јадрото на младата бугарската нација во новата држава, а во 1885 година кон Кнежевството се припоила и Источна Румелија, и во 1908 година прогласиле независност.

Македонските Словени како дел од Булгар милетот[уреди извор]

Меморандум на бугарските црковно-училишни општини во Македонија од 20 мај 1878 година. Тоа било протестно обраќање кон големите сили со барање за зачувување на Санстефанскиот договор. Мемоарот бил потпишан от општините во Сер, Велес, Скопје, Струмица, Солун, Неготино, Гевгелија, Драма, Демир Хисар, Радовиш, Кукуш, Воден, Штип, Ваташа, Тетово, Куманово, Петрич, Неврокоп, Прилеп, Битола и Охрид.

Пробивот на бугарската пропаганда во Македонија бил на сметка на Цариградската патријаршија, која го носела погрчувањето. Бегајќи од тоа, Македонците наишле на егзархиска стапица, која била поставена на врз словенска основа, но со тенденција да ги бугаризира Македонците [1]. Отука, како дел од Булгар милетот, во минатото голем дел од Макeдонците биле именувани и сами се именувале како Бугари. По заедничка децениска борба на бугарските и македонските елити била создадена бугарската црква. Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите.

Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :

... македонскиот народ создал збрка околу судбината на Македонија, бидејќи црковното прашање на некој начин се идентификувало со националното прашање. Сите градски слоеви, вклучувајќи го и селанството, не можеле да останат рамнодушни кон таквото решавање на црковното прашање, бидејќи и при евентуално останување под патријаршиската јуриздикција или, пак, присоединување кон Бугарската црква, тоа би значело пропаѓање на борбата на македонскиот народ што со децении ја води за еманципација на црковен план [2].

Првично во териториите под јурисдикција на Бугарската Егзархиja бил вклучен Велес. Процесот на гласање за припојување кон Егзархиjата во македонските епархии во Охрид и Битола во 1874 завршил со резултат повеќе од две третини за Егзархиjата. Во Охрид од општо 9,387 христијански фамилии само 139 луѓе гласале за останување во Патриаршијата, а во Скопје од 8,698 христијански фамилии 8,131 се присоединиле кон Егзархиjата.[3][4][5][6]

Оние кои заедно со бугарите ја воделе порбата против Патријаршијата како и преставниците на македонскиот индивидуалитет разбрале дека : ... преставуваат само објект во решавањето на црковното прашање, без право на какво и да било учество во преговорите за субината на македонските епархии, односно на Македонија [2]. Македонците кои ја воделе борбата против Патријаршијата зедно со Бугарите, испраќале петиции во кој било побарано македонските епархии да влезат под јуриздикција на идната бугарска црква, меѓутоа имало и конкретни предлози за обнова на Охридската архиепископија, а во нејзини рамки да влезат и македонските и бугарските епархии. Овие Македонци се залагале за заедништво со Бугарите но предност се давало на Охридската архиепископија, односно на македонскиот народ [2].

Охридските првенци со голема упорност и раздразнетост барале од Егзархискиот црковно - народен собор во Цариград да се обнови Охридската архиепископија наместо Бугарската егзархија. Притоа отворено искажувале револт против извршената измама од страна на Бугарите [7] [8]

На црковно - народниот собир во Цариград бил избран Привремен мешан совет и Синодот. Советот бил избран од 30 до 40 преставници на цариградските Бугари, во овој Совет влегле преставниците на бугарската интелигенција, буржуазијата и сите владици, негов претседател бил Илирион Ловечки, а од Македонија имало само еден представник, дедо Вељо Ресенлијата [9]. Македонското граѓанство со овие случувања во Цариград било малку запознаено, тие и понатаму испраќале петиции за обнова на Охридската архиепископија иако веќе било јасно дека ќе се формира една бугарска црква. Бугарската интелигенција :

... навидум ја прифаќала идејата за обнова на старата Охридска архиепископија, постигнувајќи притоа двојна цел: македонското граѓанство го залажувала дека нема против неговото барање за обнова на Охридската архиепископија, а турската власт ја уверувала дека црковното прашање не може да се реши без македонските епархии, односно старата Охридска архиепископија, која е стара бугарска црква [2][10]

Бугарските првенци барале од Високата Порта македонските епархии да бидат вклучени во новата бугарска црква, а истовремено се започнало со притисок врз македонските црковно - училишни општини, исфрлање на сите учебници од наставата кој не се на бугарски јазик, да се постават што поголем број на бугарски учители кои ќе ја воделе наставата на бугарски јазик.

Македонското граѓанство на ваквото настапување се спротиставило. Отпорот започнал со одбивање на бугарските учители и учебници, а ваквите истапи на граѓанството постепено се претвориле во отпор против навлегувањето на бугарското влијание воопшто, односно дошло до едно силно Антиегзархиско движење.

Уште во 70 - те години на 19 век реакцијата против навлегувањето на бугаризмот во македонскиот организам добил пошироки размери. Особено кога станало јасно дека црковното прашање се решава само во полза на Бугарите, дека не станува збор за создавање на заедничка црква, во која и македонската граќанска класа во управувањето со црквата ќе има рамноправно учество, таа започнала да протестира пред преставниците на Бугарската егзархија. Дури и оние приврзаници на заедничкиот живот со Бугарите под бугарско име започнале да прават разлика меѓу Бугарите и Македонците. Но отпорот веќе не бил ефикасен. Наоѓајќи се пред крстосан оган меѓу грцизмот и бугаризмот, тие морале да се определат за последниот, со надеж дека низ внатрешна борба во рамките на новата бугарска црква ќе најдат сили да се изборат за свои права и да го зачуваат својот индивидуалитет [2]

Организираниот пробив на бугарската пропаганда во Македонија започнува со формирањето на Бугарската егзархија. Егазрхијата била формирана на 28.02.1870 година со посебен султанов ферман и прва епархија во Македонија која била под јуриздикција на Егзархијата е Велешката епархија. За прв преставник на Егзархијата во Македонија бил поставен архимандритот Дамаскин кој стапил на должност во 1872 година [11]. Meѓутоа во текот на Руско - Турската војна егзархиските преставници биле остранети од Македонија. Егзархијата своите позиции ќе ги зацврсти дури во 1890 година кога од Високата порта ќе добие 2 владички берати за Скопската и Охридската епархија и доплнително уште два владички берати за Велешката и Неврокопската епархија во 1894 година. На егзархијата во 1897 година и се доделени уште три владички берати за Битолската, Струмичката и Дебарската егзархија.

Основите на бугарската државна пропаганда во Македонија ги поставил бугарскиот политичар Константин Стоилов. Тој подготвил специјален проект за идно дејствување во Македонија и таквиот програмски документ во јануари 1883 година го преставил пред бугарскиот кнез Александар I Батенберг. Во овој документ биле утврдени односите помеѓу Егзархијата и владата, како и модалитетите за идната црковно-просветна дејност на Егзархијата, а притоа било истакнато дека самата Егзархијата својата дејност мора да ја врши под контрола на бугарската влада. Столилов во својот документ на Егзархијата и препорачал:

1) при неа да се создаде една просветна комисија (попечителство) под претседателство на егзархот, во која задолжително би влегувал еден дипломатски преставник на бугарската влада во Цариград, потоа еден од синодалните архиереи и уште два члена што би ги избрал самот егзарх 2) да се спроведе еднообразност во организирањето на црковно-училишните општини во Македонија и преку нив да ја изведува својата активност на теренот 3) егзархот да и поднесува на бугарската влада сметка за сите материјални издатоци за изградба и поправка на секакви видови училишта, за издржување на учителите ии професорите, претседателите на црковно-училишните општини и други лица 4) на секој шест месеци егзархот да поднесува опширен извештај за работата во текот на целата година и за потребите во идната учебна година

Меѓу другото било истакнато и дека:

секој Македонец треба да е вдахновен со мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина [12]

Кај населението во Македонија треба да се разбуди и развие бугарското национално чуство, да се работи на просветен план и затоа бугарската влада и Егзархија треба да работат рака под рака. Да се внимава кој се испраќа за учител во Македонија, воспитаниците да ги воспитуваат учениците во бугарски патриотски дух и кај воспитаниците и останатото македонско население да се всади идејата дека бугарскиот кнез е господар на целиот бугарски народ и дека тој ќе го изврши обединувањето на целиот бугарски народ. Со таквата цел, во 1883/1884 година, при Егзархијата во Цариград бил формиран Училишен оддел кој требало да раководи со просветната дејност во Македонија и да го надгледува трошењето на финансиските средства испратени од Бугарија, а наменети за веќе зацртаниот план[13]. И затоа Петар Поп Арсов ќе истакне дека:

(Егзархијата се претворила во б.н) чисто бирократско оделение на софиското надворешно министерство [14]

Припадниците на Бугарската Егзархиjа во Македониjа во 1900 година биле 817,000 од општо 1,370,949 христиjани (од кои словеноjазичните христиjани биле 1,032,533) во областа и при вкупно население од сите религии 2,258,224, кое изнесува 59,6% од сите христиjани (79,1% од словеноjазичните христиjани) и 36,2% од вкупното население.

Оделување на Македонците од Бугар милетот[уреди извор]

Во 1881 година во Солун со дозвола на валијата Галиб паша била отворена Солунската машка гимназија Св. Кирил и Методиј. Низ клупите на оваа гимназија поминале голем број на македонски револуционери и дејци, меѓу нив биле: Пере Тошев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други. Учебна 1882/1883 година директорот Божил Рајанов и професорот Трајко Китанчев побарале поголема автономија за гимназијата и негодувале поради методите на наставата и карактерот на образованбието.

Од своја пак страна Трајко Китанчев за време на празничните денови во цркавата св. Кирил и Методиј во Солун одржувал проповеди кој секогаш ги завршувал со зборовите: Браќа има крај на теглото, на неволјите. Амин! На тој начин Китанчев го револуционизирал македонското солунско граѓанство. Под влијание на Рајанов и Китанчев бил и Ѓорче Петров кој тогаш бил ученик во четврти клас и тој започнал да објавува анонимни писма во весникот Балкан, во овие писма Петров ја напаѓал црковно-просветната дејност на Бугарската егзархија.

Во учебната 1883/1884 година Трајко Китанчев и Рајанов останале без служба, а за нов директор бил поставен Георги Кандиларов и тоа било повод за започнување на еден училишен бунт. Ѓорче Петров напишал една брошура во која ја нападнал гимназијата и директорот, потоа дошло до еден бунт и поради тоа биле исклучени 14 ученици, а меѓу нив биле Пере Тошев и Ѓорче Петров.

Во учебната 1887/1888 година повторно дошло до бунт во солунската гимназија. Поводот за бунтот биле политичките борби кој се воделе меѓу русофобите и русофилите во Бугарија, првите биле Стефан Стамболов, а вторите со Бугарската егзархија. Овие борби се пренеле во солунската црковно-училишна општина и во Солунската машка гимназија. Учениците овие борби ги искористиле да го постват прашањето за воведување на македонскиот јазик во наставата [15]. Тие истакнале:

дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект [15]


Поради овој бунт од гиманзијата биле исклучени 38 ученика, од ко 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле Даме Груев и Петар Поп Арсов. Митрополитот Теодосиј Гологанов ги согледал штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонскиот национален индивидуалитет. Во своето писмо од 22.06.1891 година до проигуменот Дионисиј пишува:

Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат... Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед[16]


Митрополитот Гологанов против бугарската пропаганда презел и конкретни мерки. Имено, најпрво го отстранил директорот на скопското училиште Антон Наследников бидејќи бил Бугарин [17]. Потоа презел акција за остранување на сите проегзархиски чиновници од црковно - училишната општина преку организирање на нови избори. При изработката на списокот на учители за учебната 1891 - 92 година ги остранил имињата на сите учители кои биле родум од Бугарија и ги заменил со Македонци. Сакал да се отвори словенско оделение при вилаетската печатница во Скопје каде требало да се печатат книги на македонски јазик.

На крај ги изгорел сите дукументи од Митрополијата и ги заменил со нови во кои намерно бил изоставен зборот Бугарска егзархија. Овие документи биле печатени на македонски јазик, штипско - велешко наречје. Во почетокот на октомври 1891 г. за прв пат почнал јавно да ја критикува Егзархијата заради посегањето по самостојноста на македонските црковни општини и нејзината великобугарска политика, предлагајќи отфрлање на туѓите цркви – цариградската и егзархиската.

Во вторта половина на 1891 година во Софија била формирана Младата македонска книжевна дружина (ММКД) која во јануари 1892 година го издала првиот број на списанието „Лоза“. ММКД во Предговорот на списанието укажува на опасноста од странските пропаганди во Македонија и повикува на организирано спротивставување од страна на Македонците. Во прилозите објавени во „Лоза“ на еден вешт начин се прави обид за прикажување на посебниот историски, културен и етнографски карактер на Македонија, при што се води сметка да се подзадоволи и вкусот на бугарското општество. Освен тоа Лозарите практикувале еден специфичен јазик и правопис, различен од бугарскиот, со тенденција истиот да послужи како основа за идниот литературен јазик на Македонија. Поради овие тенденции Младата македонска книжевна дружина и списанието „Лоза“ се нашле на отстрел пред бугарското општество и влада. Притоа предводничката улога ја имал провладиниот официоз весникот „Свобода“. По појавата на првиот број на „Лоза“, в. „Свобда“ пишува:

„Усилбите на целата интелигенција, на целиот бугарски народ, засега се насочени кон глува, бесшумна борба, за бугарско национално единство; се арчат и пари и сили, и народна енергија во таа борба со Србите и Грците; не се штеди ништо за да победи идејата дека Бугаринот од Македонија, Тракија и Мизија, е син на една и иста мајка Бугарија... и при сето тоа на самото предвечеје на таа засега нерамноправна борба во отворена војна, во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуват луѓе што се осмелуваат да ги расипат плодовите од толкугодишните усилби, да докажат дека Македонците се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи! Какви подобри докази можаат да бараат Србите дека Македонија не е Бугарска?“... „Да не го навредуваат бугарското народно чувство со подигравка на светиот бугарски идеал! Ако сакаат да му пакостат на светото бугарско дело, да не го праваат тоа барем во бугарската престолнина. Ете им го Белград: Нека повелат таму и од таму нека фрлаат камења врз зградата што се грижел да ја изгради целиот бугарски народ - од Црно Море до Дрим“. [18]


По излегувањето на вториот број на „Лоза“, „Свобода“ одново се нафрлила врз Лозарите овој пат преку перото на Левов. Тој меѓу другото пишува:

„Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и

пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели, колку куриозни, жални, толку збунивачки, срамни и опасни... Дружината полека лека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза во својство на Филип или Александар!?! Итро и умешно замислено и тоа знаете каде? Во Софија, во тоа срце, центарот на Бугарија и бугаризмот!!!“. [19]


Левов откако ги анализира првите два броја на списанието Лоза констатира дека тоа е сепаратистичко движење и затоа ја алармира бугарската јавност:

„Како што гледате

Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека последната е населена со одделно словенско племе наречено Македонци; дека таму се собрале севозможни надворешни елелменти т.е. Бугари, Грци, Срби... дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се запазат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служела на истата цел“.[20]


Странските пропаганди во Македонија допринеле да дојде до две спротивни состојби. Од една странапод влијание на пропагнадите населението во Македонија почнало да се дели на Срби, Бугари и Грци, а сето тоа дејствувало ретроградно врз македонското ослободување.

Наспроти таквата состојба, самите пропаганди допринеле да дојде до збивање на редовите на младата македонска интелигенција која излезот од таквата ситуација, односно ослободувањето на Македонија од Отоманската Империја и зачувувањето на македонскиот индивидуалитет, го гледале во создавање на една револуционерна организација.

Со текот на времето пропагандите станале: кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција [21]. Во голема мера странските пропаганди допринеде да дојде до формирање на Македонската револуционерна организација. Каков бил ставот на Македонската револуционерна организација кон Странските пропаганди се гледа од брошурата Стамболовштината во Македонија напишана од Петар Поп Арсов по барање на Централниот комитет на Организацијата. Меѓу другото во оваа брошура се истакнува:

граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме [22]


сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин - се гледа во нашата народност[22]. (се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин... да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез... да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш [22]


напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините... (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ... единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период [22]


Од оваа брошура се гледа дека Македонската револуционерна организација започнала борба со Бугарската егзархија и Егзархиската групација во Македонија кој биле спроводници на Бугарската пропаганда во Македонија.

МНЛД официјално е конституирано на 28 октомври 1902 година со 19 потписници, а меѓу нив биле (Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Г. К. Константинович и др.).

Една од главните цели МНЛД е афирнација на македонскиот јазик во литературата и тоа го направиле преку издавање на разни брошури и списанија. Треба да се истакне дека Крсте Петков Мисирков со подршка на Другарството ги ја објавил за За македонцките работи во 1903 година. Со оваа дело јасно бил истакнат македонскиот индивидуалитет и македонски јазик.

Ние можеме да го велиме како што сакаме, но во дејствителност тоа беше само частично. Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат Бугари, па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една Бугарска Македонија. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска? Ќе се постарам да покажам појасно како реформите можат да ја побугарат Македонија. Се прашува: кој јазик ќе биде официјален? Одговараат: јазикот на мнозинството. - На кое мнозинство? - Тогаш ќе се види [23]


И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам. Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија. А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија [23]


Пропагандите станале: кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција [24]. Во почетокот на 90-години на 19 век во Македонија се појавило едно силно антиегзрхиско движење, и во контекст на ова движење Ѓорче Петров истакнува дека се јавило едно настроение на:

младите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваа моќен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младите. . . Ова движење се паѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски сепаратизам, изразен преку списанието Лоза, во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. . . Во Солун се пројави меѓу учителите во гиманазијата исто ова сепаратистичко движење. Реченото раздвижување . . . го сметам како прв чекор на самодејност во земјата. . . Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење [25].

Македонската интелигенција запазувањето на македонскиот национален индивидуалитет го видела во создавање на една револуционерна организација. Антипропагандните определби на организацијат се гледаат во нејзините уставо - статутарни акти [26]: Организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепат и ослабуваат македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател [27].

Крсте Петков Мисирков во својата книга За македонцките работи истакнува:

Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 год. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега. Тие беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави - ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со сви сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија. По нивна иницијатива во почетокот на деведесетите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци. Орган на тоа сепаратистичко движење на Македонците во Бугарија беше списанието „Лоза”.Но тоа духовно движење на Македонците не и’ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза” и фати да ги гони Македонците сепаратисти. Од тоа уште време побегна Дамјан Груев, којшто беше во бројот на Македонците ученици што паминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите. Немајќи во Бугарија почва за национален сепаратизам, Македонците што пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образување на револуционерни организации во Бугарија и во Македонија.Видните Македонци револуционери сепаратисти, како Делчев, беа само ученици на првото поколение Македонци ученици српски и бугарски. Исто така и Сарафови другите подоцнешни револуционери се јавија само како нивни продолжувачи и следбеници, но не иницијатори на револуционерната организација. Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија.


Бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов и солунскиот валија Хасан Фехми паша во почетокот на 1904 година имале разговор, при што валијата постојано се оплакувал од Македонците и го прашал Шопов: „Дали Македонците уште бујствуваат во Бугарија?“ На тоа Шопов одговорил:

„Како да не бујствуваат паша ефенди кога денес поголем дел од македонското население е во Бугарија, поголемиот дел од жителите на Софија се Македонци; голем дел од офицерите во армијата се Македонци; голем дел од видните чиновници се Македонци; целата македонска интелигенција од Македонија е во Бугарија. Македонска е и толпата по улиците“. [28]


По оваа валијата констатирал дека Македонците играат важна улога во Бугарија. На што Шопов додал „многу важна паша ефенди, поважна од секогаш. Улогата на Македонците во судбината и животот на Бугарите во општо секогаш била важна“. За поткрепување на изнесеното, Шопов го потенцирал придонесот што го дале Македонците на културен план за Бугарите. Во тој контекст ги наведува: отец Паисиј како автор на првата бугарска историја; Кирил Пејчиновиќ и неговото дело кое наводно е на бугарски јазик; Теодосиј Синаитски кој ја отворил првата бугарска печатница во Солун и го испечатил првиот бугарски буквар; потоа Неофит кој го отворил првото бугарско училиште во Габрово поради што се сметал за патријарх на бугарското училиште.

Посебен впечаток остава фактот дека за ниту еден од нив не се вели дека е Бугарин, туку се потенцира дека тие се Македонци по род. Истовремено А. Шопов, потенцирал дека Македонците дале значаен придонес и за бугарското црковно прашање. На повторната констатација од страна на валијата дека Македонците принеле значајни заслуги за бугарскиот народ, следи образложение: „не само за бугарскиот, туку и за грчкиот... во време на грчкото вос та ние...“ На крај од разговорот Шопов истакнал:

Така што гледате паша ефенди какава улога играле секогаш Македонците во животот на бугарскиот народ. Уште поважна играат сега. Ако работата е за оплакување, ние од Бугарија имаме повеќе право од Вас (Турците б.н) да се оплакуваме од Македонците, зошто тие ни ја превзедоа нашата сила, тие ни ги зедоа најдобрите места и служби, тие ни ги превзедоа финансиите и градовите, тие ни ја презедоа војската и нашите министерства, тие ни ја презедоа трговијата, тие презедоа речи си с¢ во Бугарија... Избавете нe од нив заради Бога.


Дека еден дел од дејците на Македонскиот комитет се залагале за самостојна македонска држава се гледа од извештајот на Кузман Дамјанович од 4.03.1899 година во кој тој ја забележал дискусијата на македонските дејци, а меѓу нив се нашле Коста Шахов, Андреј Љапчев и други. Меѓу нив се разврзала дискусија во која било истакнато:

Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава [29]


На 6 април 1896 г. се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ. Притоа, Фердинанд ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се расправале за раженот, зајакот се уште бил во шума. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:

Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде (Цариград б.н) кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција [30]


Францускиот публицист, книжевник и новинар Гастон Рутие, есента 1903 година, веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија. Своите впечатоци од Македонија ги објавил во 1904 година во книгата:“La qusetion masédoine – on doit au peuple vérité“.Освен Македонија, Гастон Рутие ја посетил и Бугарија, каде собирал информации за македонското прашање. Меѓу другите, таму се сретнал со Иван Шишманов - бугарски министер за образование, кој според него бил доста забележителен и образован.Притоа во разговорот со него во врска со македонското прашање И. Шишманов истакнал:

„По дест години, ако Македонија стане

автономна, таму нема да постојата ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги созадаат со својта неуморна работа, ако сакаат да бидаат независни од државите што се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното. Како земјоделци, не ќе им биде воопшто од интерес да се спојат со земјодеските земји кави што се Србија и Бугарија; како индустријалци, ќе сакаат да ја штитаат својата индустрија која ќе биде против нашата; најпо сле, тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нив ната администарација и на офицери во нивната војска. Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии“. [31]


За координација на бугарската политика во однос на македонското прашање во 1904 година при Министерството за надворешни работи на Бугарија било формирано Второто политичко одделение со задача „исклучиво да се занимава со македонските работи“. Оваа институција врз основа на сознанијата добиени преку официјалните бугарски институции, по разузнавачки канали, и други извори, изготвувала извештаи, анализи и предлози за потребите на бугарската политика во однос на македонското прашање. За таа цел на 25. III. 1906 година е подготвен опширен извештај на 34 страници машинопис. Во него е направена анализа на состојбите во Македонија и македонското револуционерно ослободително движење предводено од ВМОРО како и на успесите и недостатоците на бугарската политика. Во документот истовремено се препорачуват сретства и методи за перспективната бугарска политика во однос на Македонија и македонското ослободително движење.

Според извештајот главна задача на бугарската политика во однос на македонското прашање треба да биде: „од една турска Македонија, ние треба да создадем една цела, неделива и бугарска Македонија“ [32]. Додека во однос на идејата за автономија на Македонија која била програмска определба на ВМОРО во извештајот се вели: „Автономијата, ако таа се оствари, нам не н£ е потребна како одвлечен принцип на слободата. Таа треба да биде или бугарска автономија или никаква“.

Во извештајот се констатира дека „триумфот за бугарскта идеја“, во Македонија, „ќе биде голем“, доколку „се подржува интернационалноста во Организацијата“. Меѓутоа во контекст на тоа се вели:

„Интернационалноста на Организацијата не ќе рече прекинување на сите врски и одрекување од нашата (бугарска б.н) народност, како што проповедаат некои диви социјалисти од типот на Сандански и Черњопеев“.


Последново е експлицитна потврда од официјално бугарско ниво дека Сандански и неговите приврзаници не само што не се чувствувале за Бугари, туку и така проповедале. По адреса на истата групација се изречени следниве констатации: „Луѓето, кои навистина ја оцрнуваат автономната идеја и предизвикуваат сомневање во нивните чувства кон народното (бугарско б.н) единство, за жал постојат во Организацијата“.

Во продолжение за нив се вели: „Тие, кои мислаат, дека може лесно да се отцепат живеат со илузии за некакво помирување меѓу народите. Тие гледаат пречки во одделните аспирации на секој народ за територијално проширување... Тие се одрекуваат од политичката целина со Бугарија и претпочитат да образуваат од Македонија одделна политичка единица, која ќе послужела, барем како јатка на идната Балканска федерација“. Понатаму за истата група се вели: „Луѓето од таа група се вдахновуваат од мислата дека живеат за Македонија и само за Македонија. Ете зошто тие се хранаат со илузии да не му допуштат на бугарскиот кнез да стави кралска круна на својата глава за сметка на Македонија, а исто да ја бранат целоста и независноста на земјата од пљачката на кнезот“.

Во споменатиов извештај Македонците, вообичаено се третираат како Бугари. Меѓутоа, притоа се потенцира дека „за разбудување на бугарските национални чувства... заслуги имаат црквите и училиштата“. Последново е самопризнание дека присуството на „бугарска национална свест“ во Македонија всушност не е последица на некакво внатрешно чувство и самоопределување, туку наметната свест преку официјалните бугарски институции во услови на отсуство на било каква македонска институција. Интересно во извештајот кога станува збор за Македонците под српско влијние за нив се користат термините: Македонци, србомани, посрбени Македонци, и србизирани Македонци. Кон крај од документот се предлагат мерки за нивно оттргнување од српското влијание, на начин што за таа цел треба да се искористат услугите на неколку „вистински Македонци“.

Бришење на извори[уреди извор]

Бришењето на извори е неприемливо. Ништо друго не беше додаено. Беа избришани само македонските униати. Ваква заедница никогаш не била признаена во Османлиската империjа. Jingiby (разговор) 15:00, 19 октомври 2014 (CEST)[одговори]

Бришењето на извори продолжува, а тоа е вандализам. Мегутоа Македонци-униати не биле признаени од никого. Ако имате податоци за ова да го видиме султанскиот ферман или друг документ, ако не стига глупотевини. По таа логика се били признаени и Македонци-егзархисти и т.н. Jingiby (разговор) 07:25, 24 октомври 2014 (CEST)[одговори]

Това статия за българския народ в Османската империя ли е или статия за лъжливите сръбски пропаганди? Аз не мога да разбера, ако имало някакъв народ, какъвто сърбоманите казват, защо той се бута в Българската Солунска Мъжка гимназия? Всеки народ в Османската империя е имал право на свои училища и църкви. По тая логика, ако е имало сърбомани в Солун, те щяха да си направят своя сърбоманска гимназия и църква. А не да дойдат в Българската Мъжка гимназия и да кажат "сега тука ще сменяме езика, вече няма в Българската гимназия да се преподава на български език, а вече ще се пише на сръбска вукова караджица (?!)...". В Солун е имало български, гръцки, турски, еврейски и т.н. гимназии, всеки народ си е имал гимназия. Все едно да дойдат евреите или гърците в Българската гимназия "Св. св. Кирил и Методий" в Солун и да кажат: "От днес тука няма да се пише на български език, вече ще се пише на гръцки народен диалект или на еврейски народен говор?!?" Що за лъжливи пропаганди и глупости?! Първо седнете сърбоманите и моля ви измислете си някаква по-логична лъжлива пропаганда, защото с тия измислени теории само ставате за смях. :)

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт ...
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  3. "История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 176.(бугарски)
  4. Евтим Спространов, "По възражданьето в град Охрид", глава IV, стр. 675, "Сборник за народни умотворения, наука и книжнина", книга XIII, София, 1896. (бугарски)
  5. Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 86. (бугарски)
  6. Ив. Лазаров, Пл. Павлов, Ив. Тютюнджиев, М. Палангурски, "Кратка история на българския народ", София, 1993, стр. 141. (бугарски)
  7. Протоколи на егзархиските писма, 1, Но 176
  8. Протокол на Привремения съвет
  9. Право, V/16. III. 1870, бр. 3.
  10. Сб. НУНК, т. XXI, Но 46. Писмо од Чомаков до Јован Груев, од 10 јан. 1869, с.38
  11. Александар Трајановски, Бугарска Егзархија и македонското националноослободително движење (1893 - 1908), Скопје, 1982, 35.
  12. М. Миновски, Македонија во билатералните и мултилатералните договори..., 228.
  13. Бугарската егзархија и македонското национално-ослободително движење (1893-1908), Александар Трајановски, Скопје, 1982
  14. П.п.Арсов, Потеклото на револуционерното движење во Македонија... No. 8, Софија, 19.07.1919,3
  15. 15,0 15,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  16. Љ. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 292 - 293.
  17. С. Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј, живот и дејност ( 1846 - 1926), Скопје, 1965.
  18. †Лоза#, месечно списание, издава Младата македонска книжевна дружина, Свобода, VI/774, Софија, 18. 02 1892, 3.
  19. Д. Т. Левов. Лоза, Свобода, ВИ/786, Софиja, 13. 04 1892, 3.
  20. Д. Т. Левов. Лоза, Свобода, ВИ/786, Софиja, 13. 04 1892, 3.
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име DIMEDIM.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
  23. 23,0 23,1 К.П.Мисирков, „За Македонцките работи“, јубилејно издание, Табернакул, Скопје, 2003. ISBN 9989-937-42-7
  24. Д. Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903
  25. Ѓ. Петров, Спомени, 48
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име vgj.
  27. Член 2 од Уставот на ТМОРО
  28. ДАРМ, Бугарски генерален конзулат (БГК) - Солун 1896-1915, мф. Бр. 4278, Но. 181, 20 февруари 1904.
  29. А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.
  30. Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896.
  31. Македонија во делата на странските патописци, 1903..., 169-170.
  32. Vanco Goriev, Bugarski dokument od 1906 godina za sostojbite vo Makedonija i VMORO i bugarskata politika kon niv, Istorija, XXXIII/1-2, Skopje 1997; Vanco Goriev, Politikata na Bugarija kon Makedonija i VMORO 1904-1906 godina, Istorija, XXXIV/1-4, Skopje 1998/9, 28-29.