Разговор:Битка на свиокот на Црна

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Завој и свиок не се ли исти по значење? Се наложил "свиок" за битката во МК историографијата? Подпоручикъ (разговор) 22:11, 10 март 2009 (UTC)

Завој е материјал со кој се заврзуваат рани или слични повреди.--M B 22:16, 10 март 2009 (UTC)
"Завој" е влијание од српскиот јазик, правилниот збор кој што треба да го употребувате за тој поим е "преврска". "Село Завој-Охридско е моето последно воодушевување. До него ве води кривулест асфалтиран пат со кој се качувате на илјада и педесет метри надморска височина. Селото ве пречекува со камени куќи, со дрвени чардаци, сливи и розови трендафили во дворовите.." [1]. Подпоручикъ (разговор) 22:26, 10 март 2009 (UTC)
Превој или свиок се зборовите со исто значење. Другото ти е анализа на топоними, твоја гледна точка.--MacedonianBoy (разговор) 22:27, 10 март 2009 (UTC)
Па зошто тогаш на возачките испити во Република Македонија се зборува за "остар завој на патот"? Подпоручикъ (разговор) 22:38, 10 март 2009 (UTC)
E па што не конкурираш за академик во МАНУ или во иснтитуто Крсте Петко Мисирков. Сепак е свиок. А тоа за преврзување се вика преврска.--Р ашо 22:40, 10 март 2009 (UTC)
"Бидејќи немате одговор за "остар завој на патот", тогаш може ли да ми кажете што претставува за вас "планински превој"? "Планински превој" за вас е еднакво на "планински свиок"?" Подпоручикъ (разговор) 22:47, 10 март 2009 (UTC)
Тоа е за пат, ова е за река. Разбери се веќе.--MacedonianBoy (разговор) 22:48, 10 март 2009 (UTC)
Еве ти еден пример. Тука се зборува за свиоци на патишта и сл. Превој е меѓу планини. И не може ти повеќе да знаеш од мене. Сепак на краиштата ти си странец. --Р ашо 22:50, 10 март 2009 (UTC)
ПС: Македонскиот јазик има побогат зборовен фонд од српскиот и бугарскиот.--MacedonianBoy (разговор) 22:52, 10 март 2009 (UTC)
Се разбира, тоа не е чист вид шовинизам, тоа е доказано на светот!!! Подпоручикъ (разговор) 07:41, 11 март 2009 (UTC)

Беше пронајден извор во врска со воената историја на територијата на Македонија. Станува збор за книгата „Македонски фронт (1916 - 1919)“ со поднаслов Италијанската експедиција - Битола - завојот на Црна Река - кота 1050, од италијанскиот дипломат и публицист Силвано Галон [2]. Во согласност со правилата на Википедија, правилно е да се употреби општо прифатената историско-географска терминологија за некој настан. Само на тој начин недвосмислено ќе се потенцира историската еднозначност на тој настан. А како што може да се забележи од насловот на книгата на Силвано Галон, оваа терминологија е прифатена во воено-историските книги кај нас во Република Македонија. Вие ќе го вратите името на статијата или јас? Relativefrequency (разговор) 15:47, 11 март 2009 (UTC)

Дечки, ќе ве молам не ја бришете цела статија поради некои зборови. Благодарам.--MacedonianBoy (разговор) 23:25, 10 март 2009 (UTC)

Ке де замолам, да не викаш дечки на луге кои се барем малку поголеми од тебе. Доста со негирање на корисниците на македонската википедиjа. --Стан (разговор) 00:16, 11 март 2009 (UTC)
Колку што знам јас Радослав не е ништо постар од него. За мене сеедно. Тоа не се однесува за тебе, така што навредени нема. Сепак терминот дечки (guys) воопшто не е навредлив. Или?--Р ашо 00:28, 11 март 2009 (UTC)
Дали не става збор не толкова за годините, колко за.. Подпоручикъ (разговор) 07:41, 11 март 2009 (UTC)

“Дечки“ е навредлив збор за секој Македонец зашто тој збор е србизам. Во македонскиот јазик нема збор „дечко“ и „дечки“, туку има збор „момче“ и „момци“. Guys се преведува како „момци“. Во овој случај навредлива е секоја употреба на збор како guys затоа што сепак википедија не е детски форум и треба да се почитуваат сите членови коишто не вандализираат, туку на културен начин, со факти, придонесуваат за енциклопедијата. Чудно е како некои „Македонци“ не ги препознаваат србизмите во својот јазик, а уште почудно е што МК Википедија е преполна со србизми.

Пич на бугарски е навредливо? Не. Така и тука и доста со форумизирање.--MacedonianBoy (разговор) 16:24, 11 март 2009 (UTC)
Хах.. бе ти откога го зборваш бугарскиот, па се правиш на света вода ненапита.. :))) Подпоручикъ (разговор) 16:27, 11 март 2009 (UTC)
Од мака научив со вас. Од бугарската Википедија сум го видел, вода не пијам кока кола само.--MacedonianBoy (разговор) 16:28, 11 март 2009 (UTC)
Дрн, дрн, дрн... Бла, Бла, Бла... Тоа ли е темата?????--Астрион (разговор) 16:32, 11 март 2009 (UTC)

Завој се употребува повеќе во медицина. Дечки (од српски јазик) се употребува во сленг, исто како и чао (од италијански). Досега не сум запознал луѓе кои што се навредиле при употребата на било кој од овие зборови. Отприлика тоа е сè што сакав да кажам. --FlavrSavr (разговор) 19:42, 11 март 2009 (UTC)

Да но во историските трудово се ползува предимно завој за истата битка, не свиок. Подпоручикъ (разговор) 20:37, 11 март 2009 (UTC)
И???--Р ашо 20:38, 11 март 2009 (UTC)
Веке се наложило во литературата како битка на завојот на река Црна, ако некој е прочитал книга за битката, требе и исто да јa намери. Не ви го разбирам инатот освен чисто лингвистичниот проблем, кој што все пак би требвало да отстапи на историографскиот термин. Ти пратих линкове кои исто покажуват дека е завој! Подпоручикъ (разговор) 21:06, 12 март 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 12:57, 25 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.