Разговор:Ацтечки јазик

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!
Оваа статија е дел од ВикиПроект Јазици, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за јазици. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.


„Наватлски“[уреди извор]

Името на самиот јазик не може да биде наватлски (наспроти придавка од него, како „наватлски глагол“). Ова мора да се отстрани. Не може да стои ни како варијанта, бидејќи е сосем погрешно.

Извадоков е од мојата страница за разговор:

Коментар  Воопшто не е темата дали нешто е фонетски изводливо. Придавката „санскритски“ е придавка за него, а не и именка. Јазикот е санскрит, а придавката санскритски (исто како што „скопски“ е само придавка, а не именка). Кмерски јазик е во ред бидејќи народот се нарекува „Кмери“. Во овој случај, ако имаме народ Нава, тогаш не може да биде наватлски, бидејќи тоа се две придавни наставки едно по друго (едната нивна, втората наша). Тоа би било исто како да речеш „инглишки“ или „еспањолски“. Затоа, името на јазикот мора да биде или „наватл“ или „ацтечки“, а потоа во текстот може да се зборува придавно од типот „наватлските зборови се акцентираат...“. Се извинувам за Мезоамерика, јас се испомешав со преводите на геогрфското и културното подрачје.