Радмила Шекеринска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Радмила Шеќеринска
Премиер на Македонија
На должноста
18 ноември 2004 – 17 декември 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Хари Костов
Наследник Владо Бучковски
На должноста
12 мај 2004 – 2 јуни 2004
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Бранко Црвенковски
Наследник Хари Костов
Лични податоци
Роден(а) 10 јуни 1972(1972-06-10)(51 г.)
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)
Партија СДСМ

Радмила Шеќеринска Јанковска[1] позната само како Радмила Шеќеринска или Радмила Шеќеринска (родена во Скопје, на 10 јуни 1972) е македонски политичар и претседател на СДСМ.

Биографија

Радмила Шеќеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право Флечер во САД The Fletcher School of Law & Diplomacy, Tufts University во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет.

Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Лидери на Утрешнината“ што ја доделува Светскиот економски форум.

Политички функции

Од 1993 година Шеќеринска е избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати. Од 1995 е член на претседателството на ЦО на СДСМ, а во 1999 година е избрана за потпретседател на ЦО на СДСМ и за меѓународен секретар на партијата. Во периодот 1995 - 1999 година, ја врши функцијата претседател на СДММ, а во 1997 - 1998 година е и портпарол на СДСМ. Подоцна е избрана за потпретседател на Партијата, а на 5 ноември 2006 година е избрана и за претседател на Партијата.

Од 1996 до 1998 година Шеќеринска е член на Советот на Град Скопје. Во 1998 е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во овој период ги врши функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.

Наводи

Надворешни врски