Радиодифузија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Радиодифузија е пренесување на аудио и видео содржини до јавноста преку радиото, телевизијата, или други, често дигитални медиуми. Примачите на информациите се најчесто општата јавност или поголемиот дел од неа.

Терминот радиодифузија во своето оригинално значење се однесува на процес на сеење на семе на фармите со нивно растурање преку целото поле. За да означи аналогно пренесување -растурање на радио сигнали терминот првпат беше усвоен од радиоинженерите од САД, Радиодифузијата формира голем сегмент на масовни медиуми. Емитувањето на радио и тв-сигнали за потесен круг на јавноста се нарекува пренос на потесен круг на јавноста.

Форми на електронска радиодифузија[уреди | уреди извор]


Гледано од историски аспект постојат повеќе видови на електронски радиодифузни медиуми:

Телефонски пренос (1881-1932): е најраната форма на електронско пренесување (ако не се смета на сервисите на телеграфските компании кои нудеа услуги во вид на податоци од 1867 година). Телефонското пренесување почнува со пронајдокот на театарскиот телефонски систем ("Theatre Phone"),кој се состои од дистрибутивни системи кои се засноваат на користење телефони, кои пак овозможуваа на претплатниците да слушаат во живо изведба на опера или театарска претстава преку телефонски линии, а кој беше создаден од францускиот пронаоѓач Клемент Адер во 1881 година. Телефонското пренесување се прошири со вклучување на сервисот за телефонски весник за информации, вести и за забавни програми кои беа воведени во 1890 година, првично сместени во големите европски градови. Овие сервиси на претплатници кои се засновани на користење на телефон беа првите примери за електронско пренесување и нудеа различни програми.

Радио пренесување (експериментално почнува од 1906,а комерцијално од 1920): радио пренесување е аудио (звучен) преносен систем кој се емитува низ воздух во вид на радио бранови од предавател до антена и потоа до приемник. Станиците можат да бидат поврзани во радио мрежи за да емитуваат програми заеднички или поединечно или пак и двете заедно.

Телевизиско пренесување (теле-пренос), експериментално од 1925,а комерцијално од 1930-тите: овој медиум за видео програмирање беше долго очекуван од јавноста и забрзано ја засили конкуренцијата со својот постар радио брат.

• Кабелско радио (наречено уште и ФМ радио,постои од 1928) и кабелска телевизија (од 1932 година) ,кој главно служи како пренесувачки медиум за програми кои се произведуваат или во радио или телевизиски станици и со ограничено производство на програмите наменети за кабловски пренос.

• Сателитска телевизија (отприлика од 1928 година) и сателитско радио (отприлика од 1990): наменети за директни пренесувања на програми до дома (како спротивност на мрежи на линкови од земските станици до сателит uplinks и обратно downlinks што е линк од сателитот до една или повеќе земни станици или рисивери ) обезбедува мешавина на традиционални радио или тв програми или двете заедно со програми наменети за сателитски пренос.

• семрежен пренос (Webcasting )на видео / телевизиски (од 1993) и аудио / радио (од 1994) пренос: нуди мешавина од традиционални радио и телевизиски станици кои емитуваат програми со програми наменети за пренос преку семрежјето.

Економски модели[уреди | уреди извор]


Од економски аспект гледано има неколку начини на кои станиците се во можност во континуитет да емитуваат програми. Секој се разликува според начинот на кој станиците се формирани:

• Донација во вид на доброволна работа- донација на време и работни способности на волонтери (заедно со медиумите на заедниците- community media )

• директни финансиски средства од владата или работа на јавните радиодифузери

• индиректни финансиски средства на владата, преку како што се радио и телевизиските лиценци

• грандови од фондации или деловни заедници

• со продажба на реклами или спонзорство

• со претплата или членство

Радио дифузерите можат да сметаат на комбинација од овие бизнис модели. На пример, Национално радио, некомерцијална мрежа во САД, преку членување добива грандови од Корпорацијата за јавно емитување (која пак за возврат добива средства од владата на САД), со членство или при продажба на “продолжени кредити“ на корпорации.

Снимени преноси или емитувања во живо[уреди | уреди извор]


Прва редовно емитувана телевизиска програма започна во 1937 година. Емитувањата се можат да се класифицираат како “снимени“ или пак “во живо“. Првото- снимањето овозможува исправка на грешки и тргање на одвишни , непотребни, несоодветни материјали и нивно преуредување, применувајќи успорени снимки, повторувања и други техники за збогатување на програмата. Како и да е , некои настани во живо како што се спортските преноси можат да вклучат некои аспекти како успорени клипови од важни голови /погодоци кои се емитуваат напоредо со преносот во живо.

Американската мрежа на радио дифузери забрани снимање емисии во 1930 и 1940 и бараа радио програми за источна и централна часовен појас да бидат повторувани за зоната на Тихиот Океан три часа подоцна. Овие рестрикции се однесуваа на специјални настани. Во текот на Втората светска војна материјали снимени од воените дописници беа дозволени за емитување на американското радио. Но затоа пак, и американската радио програма беше снимана и пуштана на армиските радио станиците ширум светот.

Недостиг на емитувањето на снимените материјали е тоа што јавноста може да дознае и други посвежи информации за некој настан од сосема друг извор, што во голема мерка ќе биде отежнувачки момент. Дополнително, преснимувањето спречува најавите во живо да отстапуваат од официјално одобрениот текст, како што се случуваше со пропагандните преноси од Германија во 1940 година и со Радио Москва во 1980.

Освен тоа, многу настани се најавуваат како преноси во живо, иако се многу често „снимени како да се во живо“ Ова особено се однесува на настапи на музички уметници кога тие присуствуваат на разговор во радиото или пак во телевизија како што е случај со голем број на забавни програми во присуство на публика- тоа се снима , а се пушта кога за тоа ќе биде соодветен термин и каде за тоа има потреба.

Снимениот материјал може да биде физички дистрибуиран со повеќе средства. Ако доаѓа директно од студио на поединечно радио или телевизиска станица , тоа едноставно се праќа по воздушен пат до предавателот, а потоа преку антената натаму кон светот. Програмирањето може да се одвива и преку сателит било да е во живо или снимено па подоцна пренесувано. Станиците кои се во мрежата можат симултано да ги пренесува програмите во исто време , преку микробранов линк или обично преку сателит.

Дистрибуција на содржините до станиците или до мрежи на станици може да се одвива преку различни средства , било аналогно или дигитално , со видео касети, со компакт дискови, со ДВД или со други форми. Последниот дел на радио дифузната дистрибуција е сигналот кој стасува до слушателите или гледачите. Тој може до пристигне низ воздух преку радио станица или телевизиска станица до антената и до рисиверот. Или пак преку кабелската телевизија или кабелско радио (или безжичен wireless- преку станицата или директно од мрежа). И Интернетот може да го пренесува радиото или телевизијата до примачот, посебно со пренос- еден кон многу (P2P) peer to peer овозможувајќи му на сигналот и на честотите да бидат поделени.

Терминот „радио- дифузна мрежа“ често се користи за да ги разликува мрежите кои пренесуваат тв сигнал низ воздух кој може да биде примен со користење на тв антена од таканаречени мрежи кои се пренесуваат само преку кабел или сателитска тв. Терминот „радиодифузна тв“ може да се однесува на програмирање на овие мрежи.

Велика Британија[уреди | уреди извор]


Според Законот за авторски права, дизајн и пронајдоци од 1988 година на Велика Британија радио-дифузијата се дефинира како „безжично пренесување на слика, тон или друга информација кои се во можност да бидат законски примени од јавноста или пак содржина која е подготвена за презентација на јавноста . Ова се однесува еднакво и на радиото, телевизијата, телетекстот и на телефонот.

Општествено влијание[уреди | уреди извор]


Редослед на содржините кои се емитуваат се нарекува план или програма. Со технолошките придобивки , бројот на техничките термини и сленгови се развива. Листа на овие термини може да се најде на Листа на радио дифузни термини (List of broadcasting terms). Телевизиски и радио програми се пренесуваат преку радиодифузија или преку кабел, и често симултано и двете. Со кодирани сигнали и со имање на опрема за декодирање дома , овозможено е следење на каналите според принципот на претплата и на сервиси според принципот, плати па гледај.

Во својот есеј Џон Дурхам Петерс напиша дека комуникацијата е алатка која се користи за ширење на информацијата. Дурхам тврдеше дека дисеминацијата е објектив, леќа –со која понекогаш корисно се искривуваат нештата- што ни помага да ги зафатиме базичните прашања како што се интеракцијата, присуството, времето и просторот.... на днвен ред на било кја комуникациска теорија во иднина. Дисеминацијата се фокусира на пораката кој се пренесува од едн главен извор на широка публика без меѓусебен дијалог. Постои шанса пораката да биде повлечена или изменета откако главниот извор ќе ја пушти . Нема место за носење на доминантни одлуки како широката публика ќе ја прими пораката. Јавноста моше да одбере да ја слуша, анализира или едноставно да ја игнорира. Дисеминцијата во комуникацијта е широко користена во светот на радиодифузијата.

Радиодифузијата се фокусира на пренесување на порака и зависи од општата јавност за да направат што тие сакаат со тоа. Во однос на медија преносот , радио шоу може да прибере огромен број на слушатели кои се вклучуваат секој ден за посебно да слушаат одреден радио водич или диск џокеј. Водителот следи одреден синопсис за водење на радио емисијата и едноставно зборува во микрофон. Водителот не очекува моментална повратна реакција од слушателите, особено затоа што најголемиот број на емисии се однапред снимени.